Хутби 2021 

Опсада на Медина и последните денови на хазрети Осман р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а. и побуната која тогаш настанала. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кој детално ја опишал оваа тема. Бунтовниците побарале хазрети Осман р.а. да се одрекне од Халифатот, на што тој одговорил дека тоа не е можно. И наредните дваесет дена бунтовниците продолжувале со тој обид но хазрети Осман р.а. кажал дека не може да ја симне наметката…

Read More