Вести 

maleshnet.mk: Муслиманите денес го слават Курбан Бајрам

Mуслиманите денес го слават Курбан Бајрам, еден од двата најголеми празници во исламот. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз, во исламскиот центар во Пехчево, беше одбележаан празникот од страна на Ахмадија муслиманската заедница. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.Овој празник уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромашните. Принесувањето жртва – курбан, има симболика на…

Read More
Вести 

Честитка по повод Курбан Бајрам

“Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им се потребни помош и поддршка, не само за празничните денови, туку во текот на целата година“ „Најискрено Ви посакуваме празникот да го поминете во добро здравје, исполнет со радост, љубов и среќа. И годинава Курбан бајрам, во согласност со традицијата, нека биде во духот на помагањето и дарувањето, споделувањето и грижата. Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им се потребни помош и поддршка, не само за празничните денови, туку во текот на целата година“ „Овие свети денови…

Read More
Вести 

ЧЛЕНОВИ НА МАЈЛИС КУДДАМ-УЛ-АХМАДИЈА ОД ГАМБИЈА ИМАА ЧЕСТ ДА ОДДРЖАТ ВИРТУЕЛНА СРЕДБА СО ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА

„… Можам да видам колку се силни веруваат луѓето од Заедницата во својата вера. На нивните лица ја гледам љубовта кон Хилафатот… “- Хазрети Мирза Масроор Ахмад На 29 мај 2021 година, Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад одржа виртуелен состанок преку Интернет со членовите на Маџлис Кудам-ул-Ахмадија од Гамбија Неговата Светост го водеше состанокот од неговата канцеларија во Исламабад, Тилфорд, додека членовите на Мајлис Худам-ул-Ахмадија се приклучија од Националниот штаб на Ахмадија Муслиманската Заедница, Гамбија во Банџул. По свечената сесија,…

Read More
Вести 

И ПОКРАЈ ПРЕПРЕКИТЕ, АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ПРОДОЛЖУВА ПО ПАТОТ НА ХАЛИФАТОТ

Духовниот лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница изјавува дека поддршката од Семоќниот Аллах продолжува да го штити и поддржува Хилафатот на Ветениот Месија а.с. Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад зборуваше за Божествено поддржаната институција на вистинскиот Халифат и за извонредниот напредок што го направи Ахмадија Муслиманската Заедница и покрај сите начини на спротивставување. Говорејќи за време на неговата петочна беседа во џамијата Мубарак во Исламабад, Тилфорд, на 28 мај 2021 година, Хазрети Мирза Масроор Ахмад го истакна значењето на „Ден на…

Read More
Вести 

СВЕТСКИОТ ДУХОВЕН ЛИДЕР НА АХМАДИЈА МУСЛИМАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗБОРУВАШЕ ЗА ПРАВАТА НА ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД ЗА ВРЕМЕ НА ПЕТОЧНАТА МОЛИТВА

Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги повикува муслиманските нации да покажат единствен фронт и да застанат против суровостите и неправдите што се вршат врз Палестинците Светскиот поглавар на Ахмадија Муслиманската Заедницата, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад остро ги осуди суровостите што ги извршил Израел врз палестинскиот народ за време на неговата беседа за Курбан Бајрам. Говорејќи од меѓународното седиште на Ахмадија Муслиманската Заедницата, во џамијата Мубарак во Исламабад, Тилфорд, Неговата Светост ја осуди употребата на неправедна сила и неправдите нанесени во изминатите денови од Израелската држава против Палестинците…

Read More
Вести 

Честитка по повод Рамазан бајрам

Имаме особено задоволство и голема чест Вам, лично, на членовите на Ахмадија Муслиманската Заедница, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатиме најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам. Најискрено посакуваме празничните денови да ги поминете во мир, среќа, радост и благосостојба,  споделувајќи љубов и хармонија со Вашите најблиски. За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи.…

Read More
Вести 

ЧЛЕНОВИ НА МАЈЛИС АТФАЛ-УЛ-АХМАДИЈА ОД ЈУГОТ НА БРИТАНИЈА ОДДРЖАА ВИРТУEЛЕН СОСТАНОК СО ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА

Неговата Светост даваше насоки за низа современи прашања што ги засегаат младите во општеството На 24 април 2021 година, Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад одржа виртуелен состанок преку интернет со членовите на Мајлис Атфал-ул-Ахмадија на возраст од 13 до 15 години од југот на Обединетото Кралство. Неговата Светост претседаваше со виртуелната средба со 135 Атфал од неговата канцеларија во Исламабад, Тилфорд. По официјалната сесија, започната со рецитирање на Светиот Куран, членовите на Мајлис Атфал-ул-Ахмадија имаа можност да постават на Неговата…

Read More
Вести 

МАЈЛИС КУДДАМУЛ АХМАДИЈА ИНДОНЕЗИЈА ИМАШЕ ЧЕСТ ДА ОДДРЖИ ВИРТУЕЛНА СРЕДБА СО СВЕТСКИОТ ДУХОВЕН ЛИДЕР НА АМЈ

Националната амила од Мајлис Худаммул Ахмадија имаше официјална средба со Неговата Светост На 18 април 2021 година, Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад одржа виртуелен состанок преку Интернет со Националната Амила (извршна власт) на Мајлис Худадам Ахмадија Индонезија. Неговата Светост го водеше состанокот од неговата канцеларија во Исламабад, Тилфорд, додека членовите на Амила се придружија од салата Ар-Рахмат во комплексот џамија Ал-Хидајах во Џакакарта. За време на 75-минутниот состанок, членовите на Националната Амила беа во можност да презентираат извештај за нивните…

Read More
Вести 

ПРВА ВИРТУЕЛНА СРЕДБА ОД КАДИЈАН – РОДНИОТ ГРАД НА ВЕТЕНИОТ МЕСИЈА (МИРОТ ДА БИДЕ НАД НЕГО)

Мајлис Кхуддамул Ахмадија Индија имаше чест да остари виртуелна средба со Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница На 10 април 2021 година, Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад одржа виртуелен состанок преку Интернет со Националната Амила (извршна власт) на Мајлис Худаммул Ахмадија Индија. Тоа беше првпат Неговата Светост да одржи виртуелен состанок преку Интернет со делегација од Кадијан, родниот град на основачот на Ахмадија Муслиманската Заедница, Неговата Светост, Хазрети Мирза Гулам Ахмад (а.с.). Неговата Светост претседаваше со состанокот од неговата…

Read More
Вести 

Честитка по повод почетокот на светиот месец Рамазан

Ахмадија Муслиманската Заедница во Македонија го честита почеток на светиот месец Рамазан на припадниците на исламската вероисповед. Ни претставува чест од свое име и од името на сите членови на Ахмадија Муслиманската Заедница да Ви го честитаме првиот ден на Рамазан, светиот месец на колективната солидарност, месецот на духовно и телесно прочистување на нашите мисли, тела и проникнување во вистинските вредности на доблесното човечко битие кое има почит кон секој што е ист а различен од него, затоа што е пред сѐ човек. Нека духот на солидарноста, благодатите што ги…

Read More
Вести 

СВЕТСКИОТ ДУХОВЕН ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВА ВЕБ СТРАНИЦА НА СВЕТИОТ КУРАН

HolyQuran.io е домаќин на напредни одлики за пребарување низ текстот, преводите и коментарите на Светиот Куран Ахмадија Муслиманската Заедница со задоволство објавува дека на 9 април 2021 година, Светскиот духовен лидер, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад ја инаугурираше и отвори новата веб-страница за да помогне во студијата и истражувањето на Светиот Куран – HolyQuran.io. Неговата Светост официјално ја објави веб-страницата од џамијата Мубарак во Исламабад, Тилфорд, откако го објави нејзиното пуштање за време на неговата петочна беседа. По лансирањето следуваше тивка молитва предводена од Неговата Светост благодарејќи…

Read More
Вести 

МАЈЛИС КУДДАМУЛ АХМАДИЈЈА НИГЕРИЈА ИМАШЕ ЧЕСТ ДА ОДДРЖИ ВИРТУЕЛНA СРЕДБА СО ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА

„Сите ваши Мохтамимин (Национални секретари) треба да го прочитаат уставот на Худаммул Ахмадија и да видат кои се нивните должности. Сите треба да видите кои се вашите должности и да ги направите своите планови според тој устав. На следната средба со Амила мора да видите кои се недостатоците што ги имаме и каде треба да се подобриме. Затоа, направете план низ целата земја и потоа работете напорно за да ги постигнете своите цели.“

Read More