Вести 

Честитки за Рамазан Бајрам 

Почитувани сограѓани од исламска вероисповед и членови на Ахмадија Муслиманската Заедница, По завршувањето на Рамазанскиот пост, време е да му се препуштиме на радувањето и празнувањето на Нашиот голем верски празник Рамазан Бајрам. Се надеваме дека празничната радост и среќа, онака како што доликува, најпрвин ќе ја споделиме со членовите на семејството, потоа со пријателите и сродните луѓе по вера, а на карајот и со сите останати сограѓани, оти суштината на нашето живеење е во заедништвото, разбирањето и споделувањето на вредностите. Ви посакуваме убави празнични денови исполнети со мир, љубов,…

Read More
Хутби 2021 

Рамазан II – Месец на молитва, учење на салавати и барање на опростување

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека со Аллаховата помош овие денови поминуваме низ благословениот месец Рамазан, а за неколку дена влегуваме во последните десет дена од Рамазан. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека последните десет дена од Рамазан се постигнува спас од огнот на Џехеннем. Потоа, мораме да обрнеме внимание на нашите молитви, посебно во текот на последните десет дена од Рамазан, за да го постигнеме задоволството на Семоќниот Аллах и да се спасиме од огнот на Џехеннемот. Молитвите…

Read More
Хутби 2021 

Услови за примањето на дови во Рамазан

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) ги проучи следните ајети од Чесниот Кур’ан.         „О, вие кои верувате! Ви се пропишува пост, како што им бил       пропишан на оние пред вас, за да станете богобојазливи.“         „Одреден број на денови, а ако некој од вас е болен или е на       пат, нека пости ист број други денови; а на оние кои не можат    (да постат) откупот (фидија) е да нахранат еден сиромав. А кој доброволно направи некое добро…

Read More
Вести 

Честитка по повод Рамазан бајрам

Имаме особено задоволство и голема чест Вам, лично, на членовите на Ахмадија Муслиманската Заедница, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатиме најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам. Најискрено посакуваме празничните денови да ги поминете во мир, среќа, радост и благосостојба,  споделувајќи љубов и хармонија со Вашите најблиски. За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи.…

Read More
Вести 

Честитка по повод почетокот на светиот месец Рамазан

Ахмадија Муслиманската Заедница во Македонија го честита почеток на светиот месец Рамазан на припадниците на исламската вероисповед. Ни претставува чест од свое име и од името на сите членови на Ахмадија Муслиманската Заедница да Ви го честитаме првиот ден на Рамазан, светиот месец на колективната солидарност, месецот на духовно и телесно прочистување на нашите мисли, тела и проникнување во вистинските вредности на доблесното човечко битие кое има почит кон секој што е ист а различен од него, затоа што е пред сѐ човек. Нека духот на солидарноста, благодатите што ги…

Read More
Хутби 2020 

Рамазан и постигнување на Богобојазливост

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) ги проучи ајетите 184-186 од сура Ал-Бекара, чиј превод гласи:         „О, вие кои верувате! Ви се припишува пост, како што било пропишано на оние пред вас, да станете богобојазливи. Одреден        број на денови, ако некој од вас е болен или е на пат, нека        пости ист број во други денови; а оние кои не можат (да постат) можат да се откупат (фидија) ако нахранат еден сиромав. А било кој доброволно учи…

Read More
Вести 

РАМАЗАН БАЈРАМ ОВАА ГОДИНА НЕКА БИДЕ ПРАЗНИК ЗА ОБНОВА НА ДУХОВНАТА СИЛА

Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности. Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потреби и суети, со цел приближување и возвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како…

Read More
Вести 

ЧЕСТИТ РАМАЗАН БАЈРАМ

Утринската Бајрам Намаз молитва го одбележа завршувањето на светиот месец Рамазан и означи крај на едномесечниот пост. Денови кога од храна и пијалоци од зора до зајдисонце се воздржуваа муслиманските верници. Во текот на рамазнаскиот пост верниците се обврзани да даваат милостина на сиромашните. Милостината се дава пред утринскиот Бајрам намаз, а ако не се направи на овој ден обврската мора да се заврши во текот на годината. По утринската молитва верниците одат на гости, младите одат кај постарите. Празниците се најубави и највесели за децата. Нивниот весел џагор и…

Read More
Хутби 2018 

Рамазан и Таква

По учењето на Шехадет и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах ги зацврсти неговите раце) го проучи ајет 184 од сура Ал-Бакара и преводот на овој ајет гласи:         „О вие кои верувате! Ви се пропишува пост, како што им бил        препишан на оние пред вас, за да станете богобојазливи.“ Со милоста на Возвишениот Аллах месец Рамазан ни започна и целта на овој месец е богобојазливоста (Таква). Исламот е религија која е вечна. Чесниот Кур‘ан е сочуван во секој дел од светот во неговата оригинална форма и…

Read More
Хуманитарни акции во Македонија 

ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ, ПОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО ПЕХЧЕВО

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмадија Муслимански Џемаат во Македонија додели хуманитарни пакети по повод празникот Рамазан Бајрам. Беа поделени 600 пакети со храна во Берово, Пехчево, Виница, Кочани и Куманово. Мисионерот Васим Ахмад во Пехчево, истакна дека вакви хуманитарни пакети, организацијата дели за двата големи муслимански празници. – Пораката е Рамазан Бајрам да ни донесе среќа и бериќет на сите. Со таа цел денес беа поделени хуманитарни пакети на социјално загрозените лица во Пехчево, но исто така беа извршени и лекарски прегледи на дел од населението и…

Read More
Вести 

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Нека деновите на светиот месец Рамазан Ви бидат исполнети со мир, благодет и радост. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите. Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата. Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле. Нека празникот Рамазан Бајрам Ви помине со радосни празнични денови во кругот на семејството. Ахмадија Муслиманска Заедница –…

Read More