Вести 

ДЕНЕС Е КУРБАН БАЈРАМ! Тридневниот празник е круна на аџилакот, солидарноста и на благосостојбата

Денеска е Курбан Бајрам. Верниците од исламска вероисповед денеска го слават вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

На првиот ден од Курбан Бајрам се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините.

Ахмадија Муслиманската Заедница им го честита празникот на сите верници и им посакува многу здравје, среќа и љубов на нив и нивните блиски.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap