Вести 

Светскиот духовен лидер на АМЈ ја отвори новата курдска веб-страница на Ахмадија Заедницата

Курдски преводи на книгите на Ветениот Месија (мир над него) и друга литература достапни за прв пат на интернет

Ахмадија Муслиманската Заедница со задоволство објавува дека на 25 март 2022 година, светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад ја отвори официјалната курдска веб-страница на Ахмадија Муслиманската Заедница (www.ahmadiyya-islam.org/krd/)..

Неговата Светост ја проомвираше веб-страницата од џамијата Мубарак во Исламабад, Тилфорд, откако го објави нејзиното отворање за време на неговата петочна проповед.

Отворањето беше проследено со тивка молитва предводена од Неговата Светост во благодарност на Семоќниот Бог.

За време на почетниот дел од својата проповед, Неговата Светост зборуваше за фактот дека Ахмади муслиманите го прославија „Денот на Ветениот Месија“ на 23 март и детално зборуваше за тоа како Ветениот Месија (мир над него) ги манифестирал убавините на исламот пред луѓето во светот. При промоцијатаод страна на Неговата Светост на веб-страницата, тој спомена дека оваа веб-страница е дел од манифестацијата на исполнувањето на мисијата на Ветениот Месија а.с. да ја пренесе пораката на вистинскиот ислам до сите делови на светот.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

„Денес ќе ја промовирам веб-страница која исто така ќе послужи како средство за пренесување на пораката на Ветениот Месија (мир над него) до сите краишта на земјата. Ова е веб-страница на курдски јазик на Ахмадија Муслиманската Заедница“.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад понатаму изјави:

„Целта на веб-страницата е да им даде можност на луѓето што зборуваат курдски да ги читаат верувањата на Ахмадија Муслиманската Заедница за прв пат на нивниот јазик… Веб-страницата ќе биде пуштена во употреба по петочната молитва. Аллах нека го направи благословен.“

Неговата Светост спомена дека на веб-страницата ќе бидат достапни курдски преводи на книгите на Ветениот Месија а.с.

Како што завршуваше проповедта, Неговата Светост ги потсети Ахмади муслиманите за итната потреба од молитви за спречување на војната што беснее во Украина, која има потенцијал да се прелее и да стане глобална војна.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рекол:

„Сакам да кажам и за моменталната состојба во светот дека “сите мора” да продолжиме да се молиме наСемоќниот Алах да го спаси светот од неговото уништување и да им даде разум на луѓето и дека луѓето можат да го препознаат својот Творец.

ИЗВОР

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap