Вести 

Изјава на светскиот духовен лидер на Ахмадија Заедницата за кризата во Русија и Украина

Во врска со руско-украинската криза, светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:


„Со години ги предупредував големите светски сили дека мора да земат поуки од историјата, особено во врска со двете катастрофални и разорни светски војни што се случија во 20 век. Во таа насока, во минатото, напишав писма до лидерите на различни народи во кои ги повикувам да ги остават настрана своите национални интереси и да им дадат приоритет на мирот и безбедноста во светот со усвојување вистинска правда на сите нивоа на општеството.

За жал, сега војната започна во Украина и така ситуацијата стана крајно тешка и неизвесна. Згора на тоа, таа има потенцијал дополнително да ескалира во зависност од следните чекори на руската влада и одговорот на НАТО и големите сили. Несомнено, последиците од каква било ескалација ќе бидат ужасни и деструктивни до крајни граници. Затоа, потребата да се вложат максимални напори за да се избегне понатамошна војна и насилство сега е повеќе потребна од било кога.

Има уште време светот да се извлече од работ на катастрофата и затоа, за доброто на човештвото, ги повикувам Русија, НАТО и сите големи сили да ги насочат сите свои напори кон смирување на конфликтот и мирно решавање на проблемот и изнаоѓање на решенија преку воспоставување дипломатски односи.

Како лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, можам само да го свртам вниманието на светските политички лидери да му дадат приоритет на светскиот мир и да ги остават настрана нивните национални интереси и непријателства, за доброто на целото човештво.
Затоа, моја искрена молитва е светските лидери да постапуваат разумно и мудро и да се стремат кон благосостојбата на човештвото. Се молам светските лидери да вложат сериозни напори да го заштитат човештвото, и денес и во иднина, од маките на војната, крвопролевањето и уништување. И затоа се молам од се срце лидерите на големите сили и нивните влади да не преземаат чекори кои ќе служат за уништување на иднината на нашите деца и идните генерации. Наместо тоа, секој нивен напор и мотив треба да биде да остават свет на мир и напредок на оние кои доаѓаат по нас.

Се молам светските лидери да обрнат внимание на потребата од ова време и на вистинските вредности, а пред се на обврската да обезбедат мир и стабилност во светот. Нека Семоќниот Аллах ги заштити сите невини и немоќни луѓе и нека владее вистински и траен мир во светот. Амин.”

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap