Хутби 2021 

Хазрети Омер Фарук р.а. II – Жестокиот противник го прифаќа исламот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Жестокиот противник на исламот го прифаќа исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Вториот Халифа р.а. во врска со ситуацијата на прифаќање на исламот на хазрети Омер р.а..

Тој напишал дека хазрети Омер р.а., бил жесток противник на исламот пред да го прифати, и поради тоа еден ден одлучил дека ќе го убие основачот на исламот.

По таа умисла кренал кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со намера да го убие. Меѓутоа, по пат некој го сретнал и го известил дека неговата родена сестра го прифатила исламот.

Хазрети Омер р.а. отишол во куќата на својата сестра. После отворањето на вратата на куќата слушнал како се чита Чесниот Кур’ан. Тој тропнал на вратата по што неговиот зет ја отворил вратата. Хазрети Омер р.а. прашал за што се однесува она што го слушнал на влегување, но сестра му и зетот пробале тоа да го сокријат.  Поради бес, хазрети Омер р.а. ја подигнал раката да го удри својот зет, но, неговата сестра застанала помеѓу нив, и така, наместо зетот случајно ја удрил својата сестра.

Увидувајќи  дека ја удрил својата сестра,бесот на хазрети Омер р.а. се намалил и тој се каел за својата постапка. После тоа, тој побарал да му се каже што се случувало претходно во домот. Неговата сестра му рекла дека најпрво треба да земе адбест, после што му биле преставени ајети од Чесниот Кур’ан. Кога слушнал дел од ајетите срцето му се разгалило и тој ја прогласил својата вера во ислам.

После тоа, хазрети Омер р.а. прашал каде се наоѓа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се упатил кон него. По неговото доаѓање, асхабите р.а. го советувале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да не му дозволи да влезе, знаејќи го неговото претходно мислење за исламот.

Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дозволил да влезе и го прашал уште колку долго ќе им се спротивставува. На тоа, хазрети Омер р.а. рекол дека го прифатил исламот.

Откако тоа го чуле, асхабите р.а. гласно извикнале Аллаху Екбер! (Аллах е најголем).

Муслиманите отворено одат до Каба

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. понатаму цитираше дека, до тогаш, муслиманите својата вера ја држеле во тајност поради противењето на Меканлиите.

Меѓутоа, откако хазрети Омер р.а. им се придружил на муслиманите, конечно кренале кон Ка’ба да се молат, со хазрети Омер р.а., од една страна, и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Хамза од друга страна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжи да го цитира Вториот Халифа р.а., кој рекол дека, дознавајќи за фактот дека хазрети Омер р.а. го прифатил исламот, Меканлиите биле бесни поради тоа и ја опколиле неговата куќа.

Всушност, поради нивната лутина тие биле подготвени да го нападнат. Меѓутоа, еден од главните главатари на Мека изјавил дека хазрети Омер р.а. бил под негова заштита.

На тој начин, хазрети Омер р.а. бил спасен од било какво закана.

Меѓутоа, неколку дена подоцна, хазрети Омер р.а. отишол до главатарот и рекол дека повеќе не му е потребна неговата заштита, и, после тоа без било каков страв се прошетал по улиците на Мека.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., потоа, го цитираше ветениот Месија а.с. за ситуацијата во која хазрети Омер р.а. го прифатил исламот.

Ветениот Месија а.с. рекол дека хазрети Омер р.а. склопил пакт со Ебу Џехл да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и го барал со надеж дека самиот ќе го најде. Сепак, се случила толку возвишена промена, при што истата личност која била тврдокорен непријател на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и на исламот, подоцна, го дала својот живот во чест на исламот.  

Влијанието на намазите на Чесниот Пратеник с.а.в.с. на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше ветениот Месија а.с., кој престави еден настан, каде, една ноќ хазрети Омер р.а. дознал дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе се моли сам, во ноќта, кај Ка’ба.

Хазрети Омер р.а. отишол на месото и го сретнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како се моли, го слушнал во текот на молитвата и тоа оставило многу длабок впечаток на него. Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. станал и си заминал, а, хазрети Омер р.а. продолжил да го следи. Чесниот Пратеник с.а.в.с. почувствувал нечие присуство до него, и кога се свртел видел дека го следи хазрети Омер р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол да не го напушта ниту дење, ниту ноќе. Хазрети Омер р.а. го слушнал тоа и се плашел дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. дека би можел да се моли против него, па рекол дека повеќе нема да му смета.

Ветениот Месија а.с. напишал дека Аллах џ.ш., во тоа време, тоа го ставил при срцето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и дека Аллах џ.ш. не сака хазрети Омер р.а. да замине во пропаст.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. го спомнал случајот кај Ка’ба , во кој се нашол хазрети Омер р.а., три пати.

Можно е, дека после овој инцидент хазрети Омер р.а. повторно бил поттикнат против чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и дека тој повторно кренал против Пратеникот с.а.в.с., а дека после тоа се случила ситуацијата со неговата сестра и зетот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а., кога го прифатил исламот, сметал дека би требало да отиде кај најголемиот противник на исламот и да го извести за своето прифаќање на исламот.

Затоа, отишол кај Ебу Џехл и го известил дека го прифатил исламот. Во почетокот Ебу Џехл бил прилично гостољубив, но, кога ја слушнал веста, ја затворил вратата на хазрети Омер р.а и го проколнал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. претстави уште еден хадис, во кој хазрети Омер р.а. прашал кој од Курјешиите најмногу дигал врева и ширел гласини?

Тој бил упатен кон човек, по име Џемил, и му рекол на него дека го прифатил исламот. Слушајќи го ова, Џемил отишол до Ка’ба и на присутните  таму им објавил дека хазрети Омер р.а. гласно рекол дека не станала Саби (назив за муслиманите во Мека). Хазрети Омер .р.а. гласно рекол дека не станал Саби, туку, дека станал муслиман и го прифатил Едниот Бог и Неговиот Пратеник с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе хадис во кој еден сахаб р.а. рекол дека не можеле да се молат кај Ка’ба сè додека хазрети Омер р.а. не го прифатил исламот.

Во друг хадис, друг асхаб р.а. пренел дека муслиманите, после прифаќањето на исламот, хазрети Омер постигнал голема почит.

Миграцијата на хазрети Омер р.а. во Медина

 Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. бил меѓу најистакнатите емигранти во Медина, заедно со уште дваесет на семејството.

Се пренесува дека неговата братска врска е воспоставена со Ебу Бакр р.а. во Мека, а братска врска во Медина имал со Итбан бин Малик.

Зборовите за езан на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден ден хазрети Абдуллах р.а. отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го известил дека сонувал сон во кој видел зборови од езанот (повик за молитва). После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил да отиде до хазрети Билал р.а. и да му каже да го проучи езанот. Кога хазрети Омер р.а. ги слушнал овие зборови отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го известил дека и тој ги сонувал овие зборови во сон.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и понатаму ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Должностите во текот на Рамазан и спасување на идните генерации

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека денес е последниот петок од овогодишниот Рамазан, но, сто тоа не треба да биде ограничено само на настанот.

Всушност, овој петок треба да ни ги отвори новите патишта кон иднината, а добрите навики кои ги стекнавме во текот на месец Рамазан треба да продолжиме и после Рамазан, и во иднина да се трудиме да ги надградиме. Ако тоа не го сториме нема да имаме никаква корист од месец Рамазан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во претходната хутба обрнал внимание на учењето на салавати и истигхфари (барање на прошка од Бог). Меѓутоа, овие молитви не треба да бидат ограничени само во времето на месец Рамазан туку треба постојано да се учат и користат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во денешно време и време кога световното е распространето, и наште деца се изложени на овие шејтански сили, и во таква ситуација мора да се молиме повеќе од било кога. Мора да воспоставиме цврста врска со нашите деца, да ги учиме за Аллах џ.ш. и за верата, и да им овозможиме да постигнат потполна верба. Треба да ги поврземе блиску со верата, до таа мера да ниедно од нивните делувања, дури и мисли, не се однесуваат против Аллаховата волја и задоволство. Ова е најдобар начин за спас на нашите идни генерации.

Меѓутоа, тоа може да се случи само ако постигнеме потполна вера. А тоа е можно само ако воспоставиме силна врска со Аллах џ.ш. и бидеме примерни во нашето обожавање, онака како што треба да се однесуваат вистинските верници. Мора да ја разбереме правата причина зошто сме го прифатиле Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека неморалот и непристојноста  се присутни во нашиот свет повеќе од било кога, а со помош на медиумите, телевизијата и интернетот, болестите кои не биле во допир со нас сега се присутни и во нашите домови. Поради тоа, мора да бидеме внимателни и да водиме голема грижа за сè, посебно за децата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секогаш треба да се сеќаваме на жртвите на нашите предци кои им дале предност  на верата и претрпеле големи тешкотии поради својата вера.

Не е доволно да се потекнува само од семејство на побожни родители, туку мора и самите да воспоставиме и да изградиме добри дела, а со тоа и да ги поправиме нашите слабости. Многу се молиме за нашите деца во иднина да имаат секакви успеси, но, во меѓувреме, треба да се молиме најмногу за нивните духовни успеси. Тогаш, ќе бидеме спасени, не само ние, туку и нашите идни генерации.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во овие последни неколку дена од Рамазан треба да се молите нашата вера и нашите деца да бидат заштитени, треба да се заштитиме од шејтанските напади на денешницата, секогаш да останеме вистинити во нашата вера и во обожувањето и да ги исполниме должностите према молитвите.

Хузур а.т.б.а. рече дека треба да се молиме за божјата милост над светот кој станува плен на смртоносната пандемија од корона вирусот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека треба да се сетиме на Ахмади муслиманите ширум светот кои се соочуваат со големи тешкотии поради својата вера.

Ахмади муслиманите во Пакистан, исто така, треба да се концентрираат на финансиското жртвување. Ако тоа го сториме, тогаш, сите сплетки на противниците ќе бидат оневозможени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да ги учиме следните молитви:

’О, мој Боже! Сè е посветено на Твојата служба! Господару, заштити ме, помогни ми и смилуј ми се.‘

’О, Аллах! Тебе те сметаме за штит од непријателите и ја бараме Твојата заштита од нивните зли намери.‘

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не е доволно само да се повторуваат овие молитви, туку мора да обрнеме внимание и на своите молитви и да им посветиме посебно внимание. Дури тогаш од таквите молитви ќе имаме корист. Треба да настојуваме да продолжиме со стандардите на нашите дови кои сме ги воспоставиле и користеле во текот на Рамазан и во текот на целата година.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се молиме за да може да продолжиме со овие доблести и после Рамазан. Исто така, треба да имаме на ум дека со ширењето на нашите молитви кон другите се добива поголем благослов од Аллах џ.ш.. Тоа ќе ги зацврсти нашите братски врски.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мора да се молиме за муслиманскиот уммет, кој самиот себе се води кон пропаст со не прифаќањето на Имамот на ова доба. Треба да се молиме за целиот свет, да ги упати и да ги упати од Неговата казна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека наша должност е непрестајно да се молиме, и во тек на Рамазан и после Рамазан. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше на сите нас да ни се овозможи и да бидеме способни тоа да го постигнеме.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap