Хутби 2021 

Рамазан II – Месец на молитва, учење на салавати и барање на опростување

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека со Аллаховата помош овие денови поминуваме низ благословениот месец Рамазан, а за неколку дена влегуваме во последните десет дена од Рамазан.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека последните десет дена од Рамазан се постигнува спас од огнот на Џехеннем.

Потоа, мораме да обрнеме внимание на нашите молитви, посебно во текот на последните десет дена од Рамазан, за да го постигнеме задоволството на Семоќниот Аллах и да се спасиме од огнот на Џехеннемот.

Молитвите на Чесниот Пратнеик Мухаммед с.а.в.с. во текот на Рамазан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека состојбата во молитвата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., во текот на последните десет дена од Рамазан, не може да се опише со зборови. Што се однесува до состојбата на неговите молитви во текот на месец Рамазан, хазрети Ајша вели дека тогаш, повеќе од кога и да è, посебно се трудел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е совршен пример за нас и дека мораме да се обидеме да ги воспоставиме истите стандарди кои ги поставил и Пратеникот с.а.в.с.. Тогаш Возвишениот Аллах ќе биде задоволен со нас и ќе се сметаме за вистинските верници. Овие денови мораме посебно да се насочиме кон молитвите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека посебно Ахмади муслиманите мора да обрнат внимание на ова, бидејќи муслиманите ширум светот се соочуват со големи тешкотии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека мораме да се молиме за спас од злото на противниците на Ахмадијатот и, исто така, мора да се молиме за спас од пандемијата која целиот свет денес ја преживува.

Учењето на салаватите на Пратеникот с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, ако сакаме нашите молитви да бидат услишани, мораме да донесуваме салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Се пренесува дека еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол оти оној кој не носи салавати за него, го напушта патот кој води во Џеннетот.

Во друга прилика, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека на оној кој донесува салавати на него Аллах џ.ш. ќе му прати десет салавати, ќе го крене за десет степени и ќе забележи десет добри дела под неговото име.

Ова ни зборува колку е важно да се учат салавати за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секојдневно мораме да носиме салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., нè само да ни се исполнат молитвите туку и да ја воспоставиме чистота во текот на животот за да ја постигнеме Божјата близина и да ја зголемиме својата духовност. Не треба да тврдиме дека сме вистински слуги на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., туку, истото мораме да го покажеме преку нашите постапки.

Објавата на Ветениот Месија а.с. во врска со салаватите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., објаснувајќи ја објавата која тој ја примил и во која му е наредено да донесува салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. рекол дека сè што примил, било поради неговата потполна послушност и следењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Значи, статусот на Ветениот Месија а.с. му е доделен поради тоа што бил вистински слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и што потполно му бил предаден и ја исполнувал неговата мисија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја раскажа случката со Ветениот Месија а.с. во која наведува дека една ноќ, кога ги носел салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., срцето многу пати му било совладано. Тогаш, во сон видел дека мелеките доаѓаат со пехари на светлината исполнети со чиста и слатка вода. Мелеките му кажале на Ветениот Месија а.с. дека тоа се благослови поради неговите салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Во друга прилика, Ветениот Месија а.с. сонувал како луѓето трагаат по вистинскиот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и кога стасале до него кажале:

„Ова е човек кој вистински го сака Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ние сме тие што сме го прифатиле Ветениот Месија а.с. и ние сме тие кои се трудат да ја извршат неговата мисија, и затоа треба да бидеме оние кои на светот ќе му зборуваат дека низ вистинскиот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и сме го сфатиле вистинскиот дух на донесување на салаватите на него.

Во текот на месецот Рамазан, не треба да се молиме само за себе, туку треба да настојуваме во целиот свет да ја шириме пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., да се трудиме на луѓето да им помогнеме да сфатат дека ова е вера која единствено може да воспостави вистинска врска помеѓу човекот и Бог, вера која тврди дека, поради љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., Аллах  џ.ш. одговара на молбите од неговите следбеници.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека нашата одговорност е да ја шириме оваа порака низ целиот свет. Ако сакаме да учествуваме  во овие благослови, во овој и во идниот живот, посатојано мораме да донесуваме салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ако го направиме тоа, ќе видиме дека сплетките на противниците ќе ни се појават пред очите. Ќе се видиме самите себе и ќе го видиме нашето потомство како се труди да напредува во духовноста. Ќе ги здогледаме величествените примери на прифаќањето на молитвите, како на поединечно така и на колективно ниво. Меѓутоа, услов е искрено и скрушено донесување на салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека човекот може искрено и вистински да се моли само кога знае што зборува. Едноставно изговарање на зборовите не може да има исто влијание на срцето. А, ако срцето не е под тоа влијание, тогаш не може да се појави потребната преданост. Неопходно е, и да се знае значењето на зборовите кои се изговараат. Многу луѓе на светот ги повторуваат зборовите на салаватите без да го знаат нивното значење.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе раскаже за значењето на салаватите преку изреките на хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.х., Вториот Халифа на Ахмади муслиманската заедница.

Разбирањето на салаватите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога вели:

„О Аллах, благослови го Мухаммед с.а.в.с.,“

тоа значи дека Аллах џ.ш., сè што е добро, му го подарил на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..  Не знаеме до која мера може Алллах џ.ш. да подари добро, така, оставаме Аллах џ.ш. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да му го подари сето добро кое е во Неговото бескрајно знаење.

Потоа, кога се молиме:

„О Аллах опсипи го со изобилство Мухаммед с.а.в.с.,“

тогаш, на Бог му се молиме да ги зголеми благодатите кои ги доделил на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., како што претходно се молело.

Ова се однесува на молитвите кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги упатувал за својот уммет. Така и ние можеме да имаме корист од оваа молитва.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека едноставно изговарање на овие зборови не е доволно. Салаватите, не само да треба искрено да се донесуваат, туку и нашите дела мора да се совпаѓаат со нив. Не можеме да бидеме како оние кои жестоко излегуваат на улиците објавувајќи ја својата љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но сепак, прават блокади на улиците и ги попречуваат болните да дојдат до болница. Значи, нашите дела мора да ги одразуваат зборовите кои ги изговараме, и нашите дела мора да го одразуваат вистинското учење на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Дури тогаш можеме да имаме корист од учењето на салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. вели дека Аллах џ.ш. им наредил на верниците да ги донесуваат салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Он во Чесниот Кур’ан вели:

        „Аллах и Неговите мелеки праќаат милост на Веровесникот. О,      вие кои верувате! И вие повикувајте благослови (салавати) на него и многу го поздравувајте со селам.“                         (33:57)

Фактот дека Аллах џ.ш. и Неговите мелеки донесуваат салави на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. покажува колку е важно да се донесуваат салаватите. Понатаму, од ова дознаваме дека со континуирано носење на салаватите, степенот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. продолжува да расте. Кога праќаме селам и салават, тогаш и ние учествуваме во неговите благослови. Потоа, кога ги примаме овие благослови, треба да бидеме благодарни, а ќе бидеме благодарни така што ќе донесуваме салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дури и повеќе од порано. Ова за возврат ќе ни пружи уште благослови, а циклусот на донесување на салаватите и примањето на благословите ќе биде во тек.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше да ја исполниме одговорноста кон донесувањето на салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Потоа ги изговори следните салавати:

АЛЛАХУММЕ САЛЛИ АЛА МУХАММЕДИН ВЕ АЛА АЛИ МУХАММЕД

КЕМА САЛЛЕЈТЕ АЛА ИБРАХИМЕ ВЕ АЛА АЛИ

ИБРАХИМЕ

ИННЕКЕ ХАМИДУН МЕДЗИД

АЛЛАХУММЕ БАРИК АЛА МУХАММЕДИН ВЕ АЛА АЛИ МУХАММЕД

КЕМА БАРЕКТЕ АЛА ИБРАХИМЕ ВЕ АЛА АЛИ ИБРАХИМ

ИННЕКЕ ХАМИДУН МЕДЗИД

„Аллах благослови го Мухаммед и народот на Мухаммед, како што си ги благословил Ибрахим и Ибрахимовите луѓе; Ти си, навистина, вреден за пофалба и славен! Аллах, истури изобилство на Мухаммед и Мухаммедовиот народ, како што си го истурил врз Ибрахим и народот на Ибрахим; Ти си навистина вреден за пофалба, славен!“

Важноста на барање на прошка

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека друга работа на која сака да го сврти вниманието е барање на прошка, посебно со следната молитва:

„Барам прошка од Аллах џ.ш., мојот Господар, за сите мои гревови и се свртувам кон Него.“

Објаснувајќи го овој ајет, Ветениот Месија а.с. рекол како оваа молитва значи дека Бог ќе ги покрие направените гревови и дека Бог ќе ја спаси личноста која бара прошка од вродена слабост која секој ја поседува. Како што Бог го создал човекот, создал и средства за спас од гревовите. Значи, Бог ни дал наредба да бараме прошка, а од пропаста може да не спаси само редовно барање прошка од Него.

Со барање на прошка преку ова молитва ги исполнуваме Божјите заповеди. Не треба да се моли по направениот грев, туку тоа постојано треба да се прави за да се спасиме од потенцијалните идни гревови и да ја постигнеме Божјата близина. Значи, императив е барање на прошка, и кога гревот е направен и кога не е. Шејтанот е подготвен за напад во било кое време. Значи, Бог вели дека ако сакаме да се спасиме од такви напади постојано мораме да се служиме со оваа молитва.

Пример на Божјата милост

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Божјата милост е исклучително голема. Всушност, самиот Семоќниот Аллах рекол дека Неговата милост ги опфаќа сите работи.

Ова е објаснето преку приказната која ја раскажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

 Постоел човек кој извршил 99 убиства. Тој се чувствувал лошо и отишол кај некој човек да праша дали може да му се прости. Човекот рекол дека откако убил 99 луѓе не постои начин да му се прости; го убил и тој човек, и така бројот бил 100. Потоа, отишол кај друг човек со истото прашање. Човекот му кажал дека вратата на Божјата милост е секогаш отворена и да отпатува на одредено место каде ќе најде луѓе кои му се молат на Бог, да им се придружи и да бара прошка.

Меѓутоа, не смеел да се врати во својот роден град бидејќи вистинското покајание било во тоа. Потоа, тргнал кон тоа место, но попат починал. Мелеките за милост и казна дошле да ја одредат неговата судбина. Мелекот за казна рекол дека треба да биде казнет за своите гревови, додека мелек за милост барал да му се прости. Било одлучено да се види дали е поблиску до градот од кој патува или до другиот град, и со тоа ќе ја решат неговата судбина. Кога измериле, бил нешто малку поблиску до одредиштето и така Бог покажал милост и бил спасен од Џехенем.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека прашањето за Аллаховото простување е прашање кои овие денови младите луѓе често си го поставуваат, прашање дали Аллах џ.ш. воопшто може да прости.

Познат е фактот дека Бог со милост им се обраќа на оние кои нему му се обраќаат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека оној кој оди кон Бог, Бог трчи кон него. Месецот Рамазан е главна прилика за свртување кон Бог, барање прошка и покајание.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Ахмади муслиманите се соочуваат со големи тешкотии, единствено решение е да воспостават врска со Семоќниот Бог. Кога тоа ќе го направат и кога Бог ќе ги прифати нивните салавати и барањето за прошка, тогаш ќе бидеме спасени од рацете на противникот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во своите молитви во текот на Рамазан мораме да се молиме за да се спасиме од злото на противниците. Мораме да се молиме за оние кои минуваат низ тешкотии, како што се Ахмади муслиманите во Пакистан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., исто така, рече да се молиме за спас од моменталната пандемија со која светот се соочува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше да станеме оние кои искрено ги донесуваат салаватите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да побараат прошка.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap