Хутби 2021 

Хазрети Омер р.а. II – Како поминал во исламот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе зборува за животот на хазрети Омер бин Хаттаба р.а..

Семејното потекло на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  рече дека Хаттаб бин Нуфаил бил татко на хазрети Омер р.а., а мајката му била Хантама бинт Хашим.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. цитираше хадиси во врска со датумот на раѓање на хазрети Омер р.а..

Некои сметаат дека се родил четири години пред, или четири години после битката Ел-Фиџар. Постојат и други хадиси кои велат дека е роден во 583-та година од новата ера.

Постои уште еден хадис кој вели дека исламот го прифатил во шестата година по Хиџра, кога имал 24 години, што би значело дека е роден во 590-та година.

Четвртото мислење, во врска со неговото раѓање, е дека е роден кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал околу 21 година.

Хазрети Омер р.а. го прима исламот

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на хазрети Омер р.а., Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ја доделил титулата Фаруук.

Еднаш, го прашале хазрети Омер р.а. како ја добил титулата Фаруук, Хазрети Омер р.а. одговорил дека хазрети Хамза р.а. исламот го прифатила три дена пред него и продолжил да раскажува за инцидентот кога хазрети Хамза р.а. го прифатил исламот. Хазрети Омер р.а. рекол три дена, по тоа, добил вест дека неговата сестра и зетот, исто така го, прифатиле исламот. Тој отишол во нивниот дом и слушнал како го учат Чесниот Кур’ан. Почукал на врата и кога му отвориле почнал да го тепа зетот.

Според другиот хадис, кога неговата сестра зачекорила пред сопругот, случајно, и неа ја удрил и крв почнала да тече по нејзиното лице. Која ја видел крвта, неговиот бес се намалил. Потоа, побарал да ја види книгата од која учеле. Сестрата му кажала дека прво треба да оди да се искапи. Откако го направил тоа го добил Чесниот Кур’ан и ги прочитал ајетите од 1 до 9 од сурата ТаХа.

Тогаш, решил да го прифати исламот и отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Кога стасал, хазрети Хамза р.а., кој бил таму, рекол дека вратите треба да се отворат, ако е дојден со добра намера, ќе го дочекаат со добредојде, а, ако дошол со лоша намера, ќе го убијат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога тоа го слушнал излегол надвор.

На тоа хазрети Омер р.а го дал својот шехадет. После тоа, сите асхаби р.а. гласно извикале ’Аллаху Акбер-Аллах е најголем‘.

Хазрети Омер р.а., потоа, го прашал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дали исламот е права вера. Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. одговорил дека, секако, è. Тогаш, хазрети Омер р.а. прашал зошто ако е така муслиманите сè уште се кријат.

После тоа, муслиманите формирале два реда и тргнале на кај Ка’ба. Кога Курејшиите го здогледале хазрети Хамза р.а. и хазрети Омер р.а., заедно, биле шокирани.

Хазрети Омер р.а. рекол дека тој ден Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ја дал титулата Фаруук, бидејќи по неговото прифаќање на исламот добил сила, а вистината се разликувала од лагата.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. бил висок со силна градба. Пред да го прифати исламот, хазрети Омер р.а. често победувал во натпреварите во борење кое се одржувале на познатиот фестивал Укказ. Хазрети Омер р.а., исто така, бил еден од редовите на писмените Курејшии.

Во време, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го добил пратеништвото, имало само седумнаесет писмени луѓе.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. имал духовни способности и пред да го прифати исламот. Кога муслиманите емигрирале во Абисинија, се подготвувале пред зората да заминат, за да Курејшиите не ги попречуваат. Било вообичаено главатарите на Мека да шетаат по улиците за да го спречуват ограбувањето.

Таа ноќ хазрети Омер р.а. шетал по улиците и видел куќа во која домаќините изгледале како да се подготвени за долго патување.

Се приближил до куќата и ја прашал жената на еден асхаб р.а. што се случува? Таа била директна во одговорот и кажала дека ја напуштаат Мека, бидејќи тој, и неговите браќа на муслиманите не им дозволуваат слободно да живеат и да клањаат. Хазрети Омер р.а., тогаш, сè уште не го бил прифатил исламот. Тој се свртел на другата страна и поради болкта од тоа што го слушнал кажал:

„Нека Бог ви биде заштитник.“

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел хазрети Омер р.а да го прифати исламот. Чесниот Пратеник с.а.в.с. се молел Аллах џ.ш. да му помогне на исламот со луѓе кои му се драги како што биле: Омер бин ал-Хаттаб или Амр бин Хишам. Кога хазрети Омер р.а. го прифатил исламот, мелекот Џибраил дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и рекол дека небесата се задоволни со прифаќањето на исламот на хазрети Омер р.а..

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за уште еден инцидент кој е пренесен, и кој се однесува на ситуацијата со прифаќањето на исламот на хазрети Омер р.а..

Еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. клањал намаз во Ка’ба, а хазрети Омер р.а. сакал да слушне што учи Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Кога се доближил, го слушнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како ја учи сура Ер-Рахман. Ова учење на Чесниот Кур’ан го растопило срцето на хазрети Омер р.а..

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал назад, хазрети Омер р.а. го следел. Чесниот Пратеник с.а.в.с. сфатил дека хазрети Омер р.а. го следи и се свртел, мислејќи дека има лоши намери. Наместо тоа, хазрети Омер р.а. изговорил дека верува во Едниот Бог и дека Мухаммед с.а.в.с. е Неговиот пратеник.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. додаде дека постојат различни хадиси во врска со прифатањето на исламот од страна на хазрети Омер р.а..

Најистакнат, и често повторуван случај е кога хазрети Омер р.а. тргнал со меч да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но, по пат бил известен дека неговата сестра го прифатила исламот.

Потоа, ја посетил својата сестра каде го слушнал учењето на Чесниот Кур’ан, кое му го стопило срцето, а потоа заминал кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го прифатил исламот.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Џенази

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази во отсуство на неколку припадници на Џемаатот.

Ахмад Мухаммад Усман Шабооти сахиб

Ахмад Мухаммад Усман Шабооти сахиб починал во Египет на 9-ти април. Ахмадијатот го прифатил во четиринаесеттата година, кога се уште живееел во Јемен. Подоцна, во Заедницата служел во разни својства. Бил председател на заедницата во Адан, во Јемен. Многу години студирал и служел во медицината. Поседувал многу добри особини. Исто така, му припаднала честа да изврши аџилак. Давал помош за сиромашните.

Куреши Закауллах сахиб

Куреши Закауллах сахиб починал на 9 април. Служел како сметководител во канцеларијата на Џалса Салана (годишниот собир). Зад него останале пет ќерки и син. Долго години служел во Заедницата а исто така служел во времето на хазрети Мирза Башир Ахмад сахиб р.х. Редовно ги клањал своите намази и редовно ги клањал доброволните молитви (нафили). Многу го сакал Халифатот.

Малик Кхалид Даад сахиб

Малик Кхалид Даад сахиб од Канада долг години служел како локален председател во Карачи. Служел во финансиската канцеларија во Канада. Поседувал многу чесни особини и силно го сакал Халифатот.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека и самиот тој е сведок на неговата длабока љубов кон Халифатот.

Зад него останале сопруга, четири сина и три ќерки.

Мухаммад Салеем Сабир сахиб

Мухаммад Салеем Сабир сахиб починал на 27 март. Во разни својства и долги години му служел во Џемаатот. Редовно ги клањал намазите и се молел скрушено. Бил редовен во својата работа и поседувал убави особини.

Наеема Латиф сахиба

Наеема Латиф сахиба од САД била сопруга на Сахибзада Махди Латиф сахиб. Починала на 10 март. Нејзиниот сопруг е внук на Сахибзада Абдул Латиф шехид р.а. Таа студирала и работела на полето на ботаника. Во Заедницата служела во разни својства, вклучувајќи ја и функцијата на потпретседател на организација на жените во САД.

Сафијја Бегум сахиба

Сафијја Бегум сахиба од Канада починала на 11 март. Во Џемаатот служела во разни својства. Редовно ги клањала намазите и поседувала многу добри особини.

Зад неа останале четири ќерки и син.

Хазрети Хаилфа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им прости и да биде милостив кон сите, и да го воздигне нивниот статус на Ахирет. 

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap