Хутби 2021 

Услови за примањето на дови во Рамазан

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) ги проучи следните ајети од Чесниот Кур’ан.

        „О, вие кои верувате! Ви се пропишува пост, како што им бил       пропишан на оние пред вас, за да станете богобојазливи.“

        „Одреден број на денови, а ако некој од вас е болен или е на       пат, нека пости ист број други денови; а на оние кои не можат    (да постат) откупот (фидија) е да нахранат еден сиромав. А кој доброволно направи некое добро дело, тоа е подобро за него.       Ако постите, тоа е подобро за вас, само да знаете.“

        „Месецот Рамазан е оној во кој Кур’анот е објавен како едно         возвишено Упатство за луѓето, во кое е јасно објаснувањето на         Упатството и Фуркан (разликување на вистината од      невистината). Затоа, кој од вас е присутен во овој месец, нека    пости. А, кој е болен или е на пат, нека го исполни бројот во   другите денови. Аллах сака да ви олесни и не сака тешкотии за       вас, и сака да го пополните бројот, и да го величате Аллах што         ве упатил, и да бидете благодарни.“

        „А кога Моите робови те прашаат за Мене, навистина, Јас сум        блиску. Јас одговарам на молитвите на молителот кога ќе Ме    повика. Затоа, тие треба да се повикаат на Мене и да веруваат во Мене, за да бидат упатени.“

(Чесниот Кур’ан 2:184-187)

Постигнување на богобојазливоста

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милост повторно сме благословени да минеме преку месец Рамазан. Меѓутоа, не е едноставно да се помине преку месец Рамазан, и едноставно, само да се јаде во времето на ифтар и сехур, и само тоа да ни ја исполни целта. Наместо тоа, Семоќниот Аллах рекол дека мораме да ја постигнеме богобојазливоста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во ајетите кои ги проучи на почеток, Аллах џ.ш. објаснил дека постот е обврска. Во исто време, Аллах џ.ш. појаснил дека болните, и тие кои се на пат, не треба да постат, но по Рамазан треба тоа да го надоместат. Оние, пак, кои не можат да постат треба да платат фидија. Дури, ѝ ако некој е во состојба да го надомести постот по Рамазан сепак би требало, ако е во можност, да плати фидија.

Услови за прифаќањето на намаз

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш., исто така, ги слуша молитвите на молителот. Меѓутоа, ако некој сака Аллах џ.ш. да го прими, тогаш мора да биде послушен и да постапува по Неговите наредби.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе издвои делови од мислењето на Ветениот Месија а.с. кое се однесуваат на филозофијата на прифаќањето на намазот и условите поврзани со тоа.

Многумина од нас површно се молат, а потоа сметаат дека Аллах џ.ш. е должен да чуе и да ги исполни нашите молитви, и стануваме тажни кога на молитвите не се одговори.

Тоа што мора да се разбере е дека мораме да ја засилиме нашата вера и да го засилиме односот со Аллах џ.ш., и потоа да се анализираме самите себе за да утврдиме дали сме се однесувале, или нè, според неговите наредби. Мораме да согледаме дали сме непоколебливи или потклекнуваме во најмала неволја и искушение.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги претстави цитатите на Ветениот Месија а.с. во кои тој изјавил дека молитвата не е обично изговарање на зборови, туку исполнување на срцето со стравот од Бог. Тоа е кога душата на молителот тече како вода до прагот на Аллах џ.ш. и човекот бара сила за борба против своите слабости. Нешто како вид на смртта. Тогаш, на молителот му се отвора вратата на прифаќање.

Како да се знае кога молитвите се прифаќаат

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека многумина се прашуваат како можеме да знаеме дали ни е простено, и дека Аллах џ.ш. ги прифатил нашите молитви.

Во врска со тоа Ветениот Месија а.с. изјавил дека ако некој моли во вистинска смисла и ако се обидува да воспостави траен однос со Аллах џ.ш., само тогаш може да биде сигурен во тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека такво нешто треба да се обидеме посебно да го постигнеме во месецот Рамазан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека вистинска врска се воспоставува кога и двете страни ќе се повлечат една кон друга. Со други зборови, кога Божјата милост ќе го привлече човекот кон Себе и кога човековата вистинитост и искреност ќе го привлечат Аллах џ.ш., тогаш може да се воспостави вистинска врска. Кога таа врска ќе се воспостави и човекот се моли, Аллах џ.ш. подарува средства и молитвата да се исполни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., понатаму, го цитираше Ветениот Месија а.с. кој кажал дека Семоќниот Аллах рекол и ветил дека тие што ќе се трудат на Неговиот пат ќе ја достигнат Неговата близина.

Аллах џ.ш., исто така, не научил на молитвата:

„Упати не на правиот пат.“

Тоа значи дека, имајќи го тоа на ум, мораме многу да се трудиме и молиме. Понатаму, наведува дека кој е духовно слеп на овој свет ќе биде слеп и на другиот свет. Со тоа, се мисли на оние кои слепо се држат до некоја религија само затоа што се родени во таа вера.  Такви луѓе го немаат ’духовниот вид’, ниту ја имаат љубовта кон верата. Затоа, мораме да го подготвиме нашиот ’духовен вид‘ од нашето време на овој свет за да можеме да го имаме и на Ахирет.

Станете вистински Аллахови слуги

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овие денови треба посебно да се молиме – ’Упати не на вистинскиот пат‘ – за да станеме вистински Аллахови слуги и вистински да им служиме на Неговите суштества, наместо да станеме како екстремистите кои во името на Аллах им нанесуваат штета на другите и се во име на Аллах и Неговиот Пратеник с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да не заштити од злото на таквите луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат луѓе кои мислат дека толку навлегле во грев што за нив опростување не постои. Поради такви мисли, тие продолжуваат да прават зло, додека тоа е само мисла која во главата им ја вметнал шејтанот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој кажал дека никогаш не смеат да помислат дека направиле толку страшен грев што не би можел да се прости. Всушност, лекот за бришењето на гревовите е молитвата и тоа е единствен начин шејтанот да се искорени. Спротивно, со продолжување на таквото размислување на крајот свртува кон атеизмот. Затоа, без оглед на сè, треба да се свртиме кон молитвата, а Рамазан е совршена прилика да се насочиме на тоа.

Не обесхрабрувајте се додека се молите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжи да го цитира Ветениот Месија а.с., кој рече дека луѓето не треба да се обесхрабруваат ако помислат дека молитвата не е исполнета онака како што тие посакувале. Аллах џ.ш. навистина ги слуша нашите молитви, но не е врзан со нашите желби и не мора молитвите да ни ги исполни точно онака како што ние сме ги замислиле, бидејќи Он најдобро знае. Ова може да се спореди со дете кое од мајката бара нешто што таа никогаш не би го одобрила ако за детето тоа е штетно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека многу луѓе му пишуваат дека се молеле и принесувале парични жртви, но нивната молитва не била прифатена.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. вели дека прво треба да видат дали воспоставиле вистинска врска со Аллах џ.ш.. Ако ја воспоставиле треба да прифатат дека тоа што се случило било и најдобро. Постојат и такви кои се молат за нешто што не е добро, како што е на пример брачниот избор и очекуваат тоа да биде прифатено. Меѓутоа, кога бракот ќе се склопи, по некое време доаѓа до развод. Тогаш не треба на тој начин да се моли, бидејќи најдобро знае. Понекогаш не прифаќањето на молитвата како што е побарано е облик на прифаќањето на молитвата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во поглед на условите за прифаќањето на молитвите, Ветениот Месија а.с. рекол дека тие што бараат од другите да се молат за нив, пред сè треба да ја воспостават богобојазливоста и побожноста. Тогаш се отвораат вратите за прифаќањето на молитвите. Ако тоа не се направи, вратите се затворени не само за нив, туку и за оние кои побарале да се моли за нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекол, за да се прифатат молитвите, услов е да се прават добри дела. Во врска со тоа, Ветениот Месија а.с. рекол дека треба да се направи напор во правењето на добри дела и човекот самиот себе да се реформира.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е неопходно да се создадат средства за кои треба да се молиме. Тоа е она што сме научени во молитвата:

„Ние единствено Тебе те обожаваме и само од Тебе помош бараме.“

Не може да се случи некој да се моли и жедта автоматски да се ублажи, туку водата се спушта долу како средство со кое жедта треба да се ублажи.

Аллах џ.ш. создал потреба за средства за да се дознае дека сè е со цел создадено.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. понатаму го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека мора да се усвои богобојазливоста, бидејќи богобојазливоста е суштина на Аллаховиот закон. Семоќниот Аллах ветил дека ќе ги прифатил молитвите на оние кои се богобојазливи. Значи, мора да се усвои и всади богобојазливоста за да уживаме во прифаќањето на молитвите.

Два аспекти од милоста на Семоќниот Аллах

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека постојат два вида на Аллаховта милост; Рахманијјат (милост-општа милост) и Рахимијјат (милост-посебна милост). За време на Рахманијјат, Аллах џ.ш. создал сè што било потребно за одржување на животот и пред создавањето на човекот, и тоа се нешта од кои во главно луѓето имаат корист.

Според тоа, првата го вклучува тоа што е создадено пред нашето создавање, пред тоа да било кој можел да моли за такви нешта.

Потоа, Рахмијјат, од кој, кога се молиме Аллах ја прифаќа молитвата. Оваа милост најмногу се однесува на молитвата.

Човечка особина е да се бара од Аллах, а Аллаховата особина е прифаќањето на молитвата.

Аллах со Рахманијјатот ни дал средства како што се срце, јазик, очи, уши итн. Така, користејќи ги на соодветен начин можеме да бараме од Аллах и да бидеме сослушани под Неговата посебна милост Рахимијјат. Затоа, она што ни е дадено со Рахманијјат мораме да го искористиме на најдобар начин, како и благословите кои ни се дадени со него, и да се здобиеме со посебна Аллаховата милост која се добива благодарејќи на Неговото својство на Рахимијјат.

Потоа, таму каде што сме подучени на молитвата:

„Упати не на правиот пат“,

 пред тоа сме подучени да се молиме:

„Само Тебе те обожаваме и само Тебе те молиме за помош.“

Тоа значи дека, за да чекориме по правиот пат, мораме да ги користиме сите способности и начини кои Аллах ни ги дал, наместо да пуштиме да пропаѓаат. Тогаш, можеме да се надеваме дека ќе зачекориме по правиот пат.

Важноста на намазот и довата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со оглед на важноста на намазот и довата, Ветениот Месија а.с. објасни со пример, онака како што детето ќе заплаче и мајката се стрчува кон него да му даде млеко, на ист начин и Аллах џ.ш. го слуша молителот кој плаче на Неговиот праг.

Семоќниот Аллах сака да дојдеме на Неговиот праг, сè што Он бара од нас е да изградиме особини со кои нашите молитви ќе се прифатат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова биле само неколку извадоци кои тој ги претставил од обемот на знаењето на Ветениот Месија а.с..

Ако ги примениме овие нешта тогаш можеме да направиме револуционерни промени во нашиот живот и да воспоставиме цврст однос со Аллах џ.ш.. Во овој Рамазан треба да тежнееме кон постигањето на Аллаховата близина, да се однесуваме според Неговите наредби, да ја засилиме нашата вера, да ја разбереме филозофијата на молитвата, да се реформираме и да се вклучиме меѓу оние чии молитви Аллах џ.ш. ги прифаќа. Овој Рамазан треба да донесе голема промена во нашиот однос со Аллах џ.ш..

Благодети од молитвите за другите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече да се молиме за сите Ахмади муслимани во Пакистан и Алжир, како и за било каде во светот каде Ахмади муслиманите се соочуваат со тешкотии поради својата вера. Хазрети Хузур а.т.б.а. рече дека молитвата која ја упатуваме за другите овозможува прифаќање на сопствената молитва. Всушност, мелеките се молат за оние кои се молат за другите. Затоа, во текот на овој Рамазан не треба да се молиме само за себе туку и за другите.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap