Хутби 2021 

Хазрети Осман р.а. и покренување на новиот пребарувач за Чесниот Кур’ан

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а..

Хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека според хадисите, асхабите го сметале Абу Бакр  р.а. за најстар асхаб, потоа хазрети Омер р.а., а после нив хазрети Осман р.а..

Во друг хадис некој го прашал хазрети Али р.а. кои се најблагородни луѓе по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., на што тој одговорил дека прв е хазрети Абу Бакр р.а., потоа хазрети Омер р.а. и потоа хазрети Осман р.а.

Пратениковото с.а.в.с. внимание за хазрети Осман р.а.

Опишувајќи го односот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Осман р.а., хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш на некој човек Чесниот Пратеник с.а.в.с. не клањал џеназа намаз. Асхабите го прашале за тоа бидејќи до тогаш тоа не се случило. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека не клања џеназа на таа личност бидејќи истиот имал непријателски став кон хазрети Осман р.а., поради што Бог бил незадоволен со него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. реше дека учење на два езани на џума е востановено во времето на хазрети Осман р.а. Пред тоа, езан се учел само кога имамот седнувал покрај минбер. Но, како бројот на муслиманите растел во ерата на хазрети Осман р.а., првиот езан се учел надвор од џамијата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на Халифатот на хазрети Осман р.а., еднаш, Бајрам се случил во петок. Хазрети Осман р.а. во својата Бајрамска хутба рекол дека два Бајрама се споиле во еден ден. Понатаму, рекол дека би било добро за оние кои живеат во околината на Медина ако можат да останат и да ја почекаат џума, но, ако некој сака да се врати може и тоа да го направи.

Марливоста на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. вкупно пренел 146 хадиси од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Бројот на пренесените хадиси кои се поврзани со него релативно е помал во однос на другите асхаби, бидејќи тој бил исклучително претпазлив, и се грижел за тоа што ќе биде пренесено да биде и апсолутно точно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш хазрети Осман р.а. земал абдест и потоа се насмевнал. Објаснил дека еднаш го видел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како го прави истото и кога го прашал Чесниот Пратеник с.а.в.с. тој му рекол дека кога некој ќе земе вода за абдест, а потоа го измие лицето, тогаш се измиваат сите гревови врзани за лицето, а ист е случајот и со останатите делови на телото кои се мијат во текот на абдест. 

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. во текот на својот живот се женел осам пати, и сите бракови се случиле по прифаќањето на исламот. Забележано е дека во времето кога бил убиен хазрети Осман р.а. имал четири жени.

Усвои го духот на исправно водените Халифи

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој рекол дека не може да се биде вистински верник сè додека не го усвоиме духот на хазрети Абу Бакр р.а., хазрети Омер р.а., хазрети Осман р.а. и хазрети Али р.а.; тие не се грижеле за световните привлечности туку својот живот го посветиле на служењето на исламот.

Ветениот Месија а.с., исто така, рекол дека по Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исламот го зацврстиле хазрети Абу Бакр р.а., хазрети Омер р.а. и хазрети Осман р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со ова ја завршува темата на хутбите за животот на хазрети Осман р.а. и рече дека во иднина ќе зборува за животот на хазрети Омер р.а.

Покренување на новиот пребарувач за Чесниот Кур’ан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе се покрене нова веб страна за пребарување на Чесниот Кур’ан (Holyquran.io). Ова го организирал пребарувачкиот тим alislam.org, но може да и се пристапи како на посебна веб страна. Во овој нов пребарувач било кое поглавје, ајет, збор или тема можат да се пребараат на арапски, урду или англсики јазик. Резултатите од пребарувањето можат да се споредат со преводите кои ги направила Заедницата, како и со преводите на не ахмади муслимани. Коментарот, темите и сродни ајети можат да се видат покрај секој ајет.

На овој проект сè уште се работи, бидејќи, ова е само прва верзија на ова пребарување, а ажурираната верзија ќе биде довршена до годишниот собир во Велика Британија во 2021 година.

Понатаму, на самата веб страна alislam.org и е додаден нов изглед за читање и слушање на Чесниот Кур’ан. Ајетите можат да се читаат со англиски коментар, индекс на темите и превод од збор до збор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше овој проект да стане средство за ширење на преубавото учење на Чесниот Кур’ан низ целиот свет и членивите на Заедницата да имаат корист од тоа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно упати молба за Ахмади муслиманите кои живеат во Пакистан и Алжир, за Аллах џ.ш. да ги подобри нивните услови и да ги ублажи нивните тешкотии.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на неколку починати членови.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека прима многу барања за проведување на џенази и дека е многу тешко сите да ги спомне, но во секој случај следните ќе ги спомне, а останатите, иако неименувани, ќе бидат вклучени во молитвите.

Мухаммад Садик Дурга Рампури сахиб

Мухаммад Садик Дурга Рампури сахиб од Бангладеш починал на 14-ти ноември 2020 година. Долго време ја извршувал должноста на државен секретар на Вакф-и-Нау. Редовно одел во џамија.

Зад него останале сопруга, три сина и ќерка.

Мукхтара Биби сахиба

Мукхтара Биби сахиба, свекрва на Наеема Бајва сахиба, која е директор на Џамија Мубашириин во Буркина Фасо. Починала на 16-ти јануари.

Таа служела во раководното тело на локалното одделение на женската организација.

Била благословена и донирала големи финансиски износи. Дури неколку часа пред смртта својот накит го донирала како паричен прилог.

Пред неколку години нејзиниот син починал во сообраќајна несреќа, но таа со големо трпение ја поднела оваа трагедија. Имала голема љубов кон Чесниот Кур’ан.

Зад неа останале сопруг, син и три ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува ѝ да и прости.

Манзоор Ахмад Шад сахиб

Манзоор Ахмад Шад сахиб починал на 17-ти јануари. Во разни својства служел во Заедницата. Во Лондон се преселил во 2010 година и доброволно се пријавил во хомеопатскиот диспанзер. Тројцата негови внуци се имами кои служат во Велика Британија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и прости.

Хамида Акхтар сахиба

Хамида Акхтар сахиба починала на 19-ти јануари. Педесет години служела во женската организација во Пакистан. Силно го сакала Халифатот, секогаш редовно ги клањала намазите, го читала и подучувала Чесниот Кур’ан.

Зад себе оставила пет сина и две ќерки. Многу членови од нејзиното семејство убаво и служат на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува и да и прости.

Насир Петер Лутзин сахиб

Насир Петер Лутзин сахиб починал на 20-ти јануари. Тој случајно налетал на штандот на Заедницата и таму земал нешто литература за читање. Потоа, посетил неколку членови на Заедницата и бил импресиониран од нивната едноставност и гостопримливост, и на крајот, и тој и неговата сопруга го прифатиле Ахмадијатот.

Неговата ќерка вели дека нејзиното семејство сведочело на многу  благослови. Еднаш, нејзините родители присуствувале на годишниот собир во Велика Британија. Многу години нејзината мајка не гледала на едно око. Меѓутоа, доека присуствувала на Џалса Салан, видот во тој момент и се подобрил.

Насир Петер сахиб поседувал многу добри особини и бил на чело во финансиското давање.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости, и неговите деца да ги одржи непоколебливи.

Разиа Танвеер сахиба

Разиа Танвеер сахиба, од Канада, била сопруга на Кхалеел Танвеер сахиб и починала на 27-ми февруари по битката со канцерот. Служела во женската организација на Џемаатот во Пакистан повеќе од дваесет години.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува ѝ да и прости.

Миан Манзоор Ахмад Гхалиб сахиб

Миан Манзоор Ахмад Гхалиб сахиб починал на 7-ми јануари. Ахмадијатот го прифатил по прифаќањето на неговиот брат, кој ја посетил Рабва. Силно го сакал Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека лично го познавал и дека бил многу верен. Поседувал многу големи и чесни особини.

Во Џемматот служел во разни својства. Неговиот внук Сафир Ахмад е имам кој служи во Велика Британија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Мубашарах Хамеед Адани сахиба

Мубашарах Хамеед Адани сахиба починала на 14-ти февруари. Таа била свекрва на Мунер Одех сахиба од МТА. Долго време работела во МТА. Поседувала многу сјајни особини.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува ѝ да и прости.

Ноорус Сабах Зафар сахиба

Ноорус Сабах Зафар сахиба починала на 25-ти март. Таа била сопруга на Мухаммед Афзал сахиб, кој е имам во Кенија. Секогаш, многу се молела, а исто така редовно ги слушача хутбите на Халифата. Редовно давала парични прилози. Била многу гостопримлива. Поседувала многу сјајни особини.

Првата сопруга на Мухаммед Афзал сахиб доживеела трагедија, а Ноорус Сабах Зафар сахиба неговите ќерки од првиот брак ги третирала како свои.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува ѝ да и прости.

Султан Али Рехан сахиб

Султан Али Рехан сахиб починал на 26-ти март. По студирањето го прифатил Ахмадијатот. Потоа, на таткото му ја пренел пораката на Ахмадијатот, по што, и тој го прифатил. Соочен со многу тешкотии поради Ахмадијатот, истите ги поднесувал со голема храброст и трпение. Зад него останале два сина и шест ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Маулви Гулам Кадир сахиб

Маулви Гулам Кадир сахиб починал на 26-ти март. Служел како имам во Џаму Кашмир. Бил исклучителен во својата работа и примерно и служел на Заедницата. Зад него останале сопруга, три сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Махмоода Бегум сахиба

Махмоода Бегум сахиба починала на 1-ви април. Била сопруга на дервиш од Кадијана и покажувала големо трпение. Редовно ги клањала намазите, помагала парично и многу го сакала Халифатот. Зад неа останале три сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува ѝ да и прости.

Халид Са’дуллах Мисри сахиб

Халид Са’дуллах Мисри сахиб од Јордан неодамна починал. Бил многу чесна личност и поседувал многу големи особини. Силно го сакал Халифатот. Редовно ја гледал МТА.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Мухаммад Мунир сахиб

Мухаммад Мунир сахиб од Рабва починал на 1-ви април. Ахмадијатот го прифатил од Третиот Халифа р.х.. Од страна на семејството преживеал големо мачење поради прифатањето на Халифатот. На неговото семејство, за да го напушти Ахмадијатот, му била понудена толку голема количина на пари што неговите деца не морале никогаш да работат, но тој останал цврст во врска со Ахмадијатот. Секогаш бил насмеан и многу љубезен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Назир Ахмад сахиб

Учителот, Назир Ахмад сахиб од Рабва, починал на 4-ти април. Кога имал 15 години го прифатил Ахмадијатот на рацете на Вториот Халифа р.х., во што сонот му помогнал. Неговиот син тогаш имал само девет години и во школото бил нападнат со нож само поради тоа што бил Ахмад, и подоцна, поради нападот и починал. Учителот Назир Ахмад сахиб тоа време го издржал со големо трпение. Многу деца ги научил на Чесниот Кур’ан. Трите негови сина животот го посветиле во служба на Џемматот. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap