Хутби 2021 

Собирање на благословите од финансиското жртвување, и почеток на 88-та година на Тахрик-е-Џадид

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека во Чесниот Кур’ан е истакнато оти еден од квалитетите на вистинскиот верник е да го троши своето богатство на Аллаховиот пат.

Одликата на вистинската Аллахова заедница

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека луѓето кои им припаѓаат на Аллаховите заедници го жртвуваат своето богатство за да го исчистат својот имот, да му се доближат на Семоќниот Аллах, и да ја достигнат Неговата близина.

Таков е случајот и со Заедницата на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. дошол и во целиот свет го ширел исправното учење на исламот.

Се разбира, потребни се одредени трошоци за да се исполни оваа монументална задача. За таа цел, Ахмади муслиманите се раширени по целиот свет и покажуваат примери за финансиско жртвување, а тоа докажува дека Ветнеиот Месија а.с. го ширел вистинското учење на исламот.

Ако срцата на противниците не беа претворени во камен, ќе можеа да ги видат овие знаци и да ја сфатат вистинитоста на оваа Заедница.

Правилни намери на финансиското жртвување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. навистина кажал оти тие кои трошат на Неговиот пат ќе бидат двојно наградени. Меѓутоа, Ахмади муслиманите кои трошат на Неговиот пат на ум го имаат само Неговото задоволство, а, ако како резултат на тоа дојде до некакава световна заработка, тогаш тоа е дополнителна корист. Значи, суштината на таквите придонеси и жртви е да се достигне Аллаховото задоволство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Семоќниот Аллах ги дава своите благослови на сите проекти кои ги започнува Заедницата, до таа мера што луѓето мислат дека на нив се потрошени милиони. Меѓутоа, Аллах џ.ш. ги дава своите благослови, што дури и сосема мали проекти изгледаат како големи.

Вистинската цел на финансиското вложување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека одредени луѓе се прашуваат зошто се потребни парични прилози, а некои од нив и дома на глас зборуваат, па и децата се прашуваат за истото.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека должноста на одборот на Џемаатот е да ги отстранат таквите сомнежи од главите на членовите на Заедницата.

Што се однесува до тоа каде тие средства се трошат, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека средствата се трошат за ширењето на вистинското учење на исламот, и тоа на различни начини, било да се работи за телевизискиот канал на Заедницата или обуката на мисионерите кои излегуваат во светот и ја шират вистинската порака на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа не е спомнато затоа што голем број на луѓе се запрашаат за тоа, туку затоа што и мал број луѓе може да крене неред и да создаде сомнеж во главите на другите.

Исклучителни примери на благослови од Тахрик-е-Џадид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе наведе некои примери за награда која Аллах џ.ш. ја дава на оние кои трошат на Неговиот пат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за еден настан во Гвинеја-Конакрија, каде една жена по слушањето на неговата хутба за финансиски придонес го повикала мисионерот и му кажала дека нема пари за домашни работи. Во исто време, таткото и подарил 100.000 гвинеји. Жената се запрашал дали парите да ги искористи за домашни трошоци или да ги даде како финансиска жртва. Решила половина да ги даде на Заедницата, а половина да ги задржи за домаќинството. Таа вели дека подоцна од таткото добила три пати поголем износ, што едноставно не можела ниту да го замисли.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Австрија постои човек чија финансиска ситуација не била добра, но тој и понатаму парично го помагал Џемаатот. Тој се молел Аллах џ.ш. да ја подобри неговата финансиска ситуација. Човекот имал земјиште за кое не очекувал дека ќе му се зголеми цената. Меѓутоа, откако го исполнил своето ветување за парични прилози, се случило, вредноста на неговото земјиште порасте за повеќе од 100%.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои личност од Керала, во Индија, која е прилично богата и која секоја година давала големи парични прилози. Во текот на минатата година, поради пандемијата на корона вирусот, човекот се соочил со одредени тешкотии во давањето на парични прилози. Иако ги исполнил своите ветувања, немал доволно да даде за Тахрик-е-Џадид. Само неколку дена пред крајот на фискалната година, можел да понуди износ од милион (рупии) за Тахрик-е-Џадид. Во текот на една хутба, локалниот мисионер ги прочитал цитатите од хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. за финансиско давање и како резултат на тоа овој човек својот износ го зголемил на 1,8 милиони. Кажал дека се надева како ќе добие државен проект, и, ако тоа се случи, ќе понуди и поголем износ.  Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на овој начин дури и богатите членови на Заедницата имаат желба за финансиско жртвување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една госпоѓа од Јордан пред 22 години преминала во Ахмадијатот. Според нејзиното искуство, кога ѝ да давала на Аллаховиот пат, Аллах џ.ш., некако, уште повеќе ја наградувал. Всушност, понекогаш Аллах џ.ш. и подарувал точен износ кој го имала ветено. Еднаш, немала што да даде како финансиски придонес и била исплашена дали ќе успее да го исполни своето ветување. Во тоа време дошол некој кој побарал да го подучува. На тој начин, таа била во можност да го искористи износот кој го добила од подучувањето и да го исполни финансиското ветување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека дури и децата кои живеаат во сиромашни земји размислуваат за финансиски жртви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Занзибар децата играат пред џамијата. Во една прилика поминал еден старешина и им дал 1400 шилинзи за да си купат нешто благо. Децата заминале и  износот го смениле во помали банкноти, и по 100 шилинга дале како паричен прилог. Тие биле многу среќни од тоа што го направиле, и веројатно имаат сочувано признаници кај себе. Ова се деца кои и во иднина ќе ги одржуваат цврстите темели на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вакви слични примери наоѓаме меѓу децата во целиот свет.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека едно дете од 14 години, од сиромашно семејство, во изградба на џамијата си го потрошило целиот џепарлак. Кога мисионерот одржал хутба за финансиско жртвување детето му дало еден долар и рекло дека тоа е од неговото семејство. Меѓутоа, рекло дека тоа не е од него самиот, бидејќи во свое име ќе понуди повеќе. Следниот ден донело 10 долари  и му ги дало на мисионерот, и кажало дека е сигурен како Аллах џ.ш. ќе ги истури своите благослови на неговото смејство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден мисионер од Аргентина напишал колумна за финансиското жртвување за да го сврти вниманието на новите членови на Џемаатот, и во колумната ги вклучил и цитатите од хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.. Подоцна, еден млад човек рекол дека сака да дојде во џамија и да даде паричен прилог. Така, дошол во џамија и дал 100 пезоси. Мисионерот бил зачуден бидејќи знаел дека момчето не било богато, а тој ден ниту јадело поради немањето на пари. Меѓутоа, момчето кажало дека зборовите на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. имале длабоко влијание врз него и затоа дава сè што има.

Ова се само некои од многуте примери кои хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.ги наведе. Тој се молеше Аллах џ.ш. да ни овозможи да трошиме од нашиот имот за ширењето на исламот и овие наши жртвување Аллах џ.ш. да ги прими.

Почеток на 88-та година на Тахрик-е-Џадид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе најави нова година на Тахрик-е-Џадид.

Хузур а.т.б.а. рече дека се завршила 87-та година и сега започнала 88-та година. Во текот на минатата година собрани се вкупно 15,3 милиони фунти во рамките на Тахрик-е-Џадид, што значи зголемување од 842.000 фунти во однос на минатата година.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека меѓу земјите во светот Германија е прва по придонесите.

Ахмади муслиманите се соочуваат со големи тешкотии во Пакистан, но, и понатаму даваат финансиски жртви. Тој се молеше Аллах џ.ш. да ја подобри нивната состојба.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека првите десет земји, според своите прилози се:

Германија

Велика Британија

Соединетите Американски Држави

Канада

Џемаат од Блискиот исток

Индија

Аустралија

Индонезија

Гана

Џемаат од Блискиот исток Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го претставил редоследот од локалните Џемаати од регионот, од водечките земји, кога се работи за  придонесите. Тој се молеше Аллах џ.ш. да ги благослови сите оние кои се жртвувале.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap