Хутби 2018 

ПОСЕТА НА АМЕРИКА И ГВАТЕМАЛА

После шехадет, тау’за и сура Ал-Фатиха Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Поради најавувањето на Тахрик-е-Џадид годината во минатиот Петок јас не се осврнав на патувањата во Америка и Гватемала. Со милоста на Возвишениот Аллах ваквите патувања имаат многу позитивен ефект. Има многу корисни придобивки, а меѓу неколкуте се приликите да запознам доста интелектуалци и влијателни луѓе во овие земји на разни начини, односно, преку церемонијата на отворање на џамијата и разни други рецепции. Друга придобивка е приликата  на луѓето да им се престави исправното учење на Исламот и концепцијата на Ахмадија муслиманскиот џемаат преку разни медиуми во текот на овие собири. Третата и најважна придобивка е лично да стапам во контакт и да создадам врска со луѓето на Заедницата. Тоа допринесува за зголемување на нивната вера, искреност и врската на љубовта и братството.

Средбите меѓу Халифата на времето и членовите на Заедницата донесуваат прекрасни позитивни промени кај луѓето.

Благодарение на Возвишениот Аллах, во текот на патувањата низ Америка имав прилика да отворам три џамии. Нека Возвишениот Аллах овие џамии ги благослови да бидат полни со обожаватели и нека Он продолжи да ја подржува искреноста и лојалноста на сите членови на Заедницата. Во текот на ова патување запознав многу Ахмади муслимани кои во Америка пристигнале барајќи азил или стигнале како бегалци од Малезија, Тајланд, Шри Ланка и Непал бегајќи од многу тешки ситуации кои ги погодиле овие земји. Нека Семоќниот Аллах им помогне да можат полесно да се снајдат во новите средини, и тие секогаш нека и даваат предност на верата над овосветските работи, и нека не стануваат приврзаници на таканаречените убавини и украси на овој свет.

Сега ќе спомнам неколку интересни случаи кои ги имаше во текот на моето патување. Американските политичари и водачи, академици и голем дел од јавноста прифатија добри совети, тие слушаа отворено и ѝ посакаа добредојде на позитивната порака. Вистинското учење на Исламот претходно не им било добро преставено. Оние кои ја добија исправната порака на Исламот се оние кои имаат блиска врска со Џемаатот и оние кои имаат позитивно мислење за Исламот.

Наша должност е да го шириме вистинското учење на Исламот во Америка и ширум светот преку нашиот труд и исправни методи.

Јас ќе преставам неколку коментари од гостите кои ги запознав во текот на моето патување во Америка.

Почитуваниот Господин, Двајт Еванс, член на Американскиот Конгрес, присуствуваше на отворањето на Баит-ул Афијат џамијата во Филаделфија. Тој на многу позитивен и отворен начин рече:

„Добрoдојдовте во овој голем град, град на братска љубов. Пред Филаделфија и пред администрацијата во Филаделфија сакам да и кажам на Муслиманската заедница дека вашата порака на мир е добредојдена и овде.“

Тој потоа додаде:

„Некои Американци во последните неколку години го искажале своето мислење за Исламот во негативна смисла. Јас вам сакам да ви кажам дека поголемиот дел од присутните овде ви посакуваат добредојде. Ние стоиме со вас и ние заеднички сме против омразата, предрасудите и тероризмот.“

Со многу искрени чувства тој продолжи:

„Вие дадовте преубава порака како да воспоставиме мир. Многу е жално што минуваме низ мрачен период и во Америка и оваа порака е голема и одлучна за овој период. Ова и придава голем значај на Муслиманската заедница не само во Америка, туку и ширум светот. На нас ние е потребна надеж за мир и за иднината. Филаделфија има многу значајна улога во врска со слободата на религијата. Во Филаделфија од поодамна е склопен договор за слобода на изразување на сите религии, и на сите религии им е овозможено да дејствуваат во Филаделфија. Ова е многу важно за сите, и верувам дека ова место ќе се покаже одлично за вашата џамија.“

Една муслиманка од Палестина која присуствуваше на отворањето на џамијата рече:

„Вашата порака е многу важна. Јас живеам во едно мало село во Палестина. Денес многу слушнав за вистинското учење на Исламот, за кое што учев како мало дете. Ова е вистинскиот Ислам, ова за кое Вие зборувавте. Не е важно на која заедница ние припаѓаме, наша должност е да се обединиме и да работиме заедно на постигнувањето на мир.“

Таа понатаму продолжи:

„Вие навистина со Вашето однесување ги преставивте сите Муслимански заедници.“

Хузур а.т.б.а. ова го објаснува на начин што вели дека вакво мислење изразуваат оние кои немаат никакви предрасуди во себе.

Како и да е, другите муслимани треба да сфатат дека Ахмадија муслиманскиот џемаат е оној вистинскиот кој го преставува Исламот.

Друга жена, исто така, присутна на отворањето на џамијата кажала:

„Кога ги слушнав вашите зборови: ’Ние ќе ги избришеме вашите солзи‘, се запрашав колку луѓе можат искрено ова да го кажат? Ова беше величествена порака поради која долго време не можев да ги контролирам своите емоции. За некој да пренесе таква порака неговиот говор не мора да биде гласен и возбудлив, вие одржавте говор на начин кој беше полн со љубов.“

Хузур а.т.б.а. рече:

„Јас кажав дека ние секогаш сме подготвени да ги помагаме сиромашните, и ако некој пати и страда на било кој начин ние ќе бидеме тие кои ќе го утешиме и ќе ги избришеме неговите солзи.“   

Баит-ул Самад џамијата во Балтимор е отворена оваа година. Оваа зграда претходно беше црква која ние ја купивме, ја реновиравме и сега е џамија. Таа кон кибла беше ориентирана во 99,9%, и поради тоа не беше неопходно да се направат големи промени. Бидејќи, претходно за изградбата на оваа џамија не спомнав некои информации ја користам приликата сега да ги спомнам. Цената за изградбата на оваа џамија изнесува 2 милиони американски долари. Објектот има посебни простории за намаз на жените и за мажите, и во неа можат да присуствуваат 400 луѓе. Покрај овие простории постојат уреди, библиотека, училници, комерцијална кујна, трпезарии и други простории.  

Градоначалничката на Балтимор присуствуваше на отворањето на џамијата и таа рече:

„Вие зборувавте за мирот. Ова е порака која во денешно време нам ни е неопходна, не само во нашиот град туку и во цела Америка, а многу е потребна и во целиот свет. Јас верувам дека сите да ја слушнат вашата порака. Ако добро ја сослушаме, ќе сфатиме дека единствена солуција за проблемите во светот е мирот и преку пораката ќе научиме да се сакаме едни со други.“

Свештеник од црквата, Отец Џо, присуствуваше на отворањето и рече:

„Во текот на вашиот говор јас се согласив со секој ваш збор, затоа што и претходно јас доаѓав во Ахмадија џамијата во Балтимор, и таму слушнав сè што вие кажавте денес. Јас сум сведок со моите очи, во последните неколку години, за кавгите и несогласувањата што се случуваат во други џамии. За разлика од тоа, оваа џамија е отворена за секој, и јас и претходно доаѓав на неколку џуми. и овде, јас сум сведок дека сè што рековте овде се практикува, и многу сум задоволен што повторно го слушам сето ова. Луѓе од различни религии се собрани овде и зборуваат за мир. Ова навистина нам ни е потребно, не само овде туку и ширум целиот свет.“

На 3-ти Ноември е отворена Масрур џамијата во Вирџинија. Површината на парцелата е 17,6 декари и чинела 5 милиони американски долари. За реновирање на објектот биле потрошени 75 илјади американски долари. Објектот претходно бил црква, но сепак бил доволно отворен кон кибла. Површината на објектот изнесува 22,403 квадратни фита. Има посебни простории за мажи и за жени, и вкупно внатре може да се соберат 650 луѓе да клањаат намаз. Покрај тоа, има уште 11 простории кои можат да послужат како уреди. Има библиотека, соба за конференции и комерцијална кујна.

На отворање на џамијата како гостин присуствувал Кори Стјуард, републикански кандидат за избори, кој рекол дека многу позитивно е изненаден со пораката која е полна со мудрости.

Целиот свет, како и Америка треба да ја слушнат пораката ’љубов секому омраза никому‘ и да ја применат во дело, посебно во овој период кога ситуацијата во светот воопшто не е добра и сè повеќе се влошува. Многу е важно да се поддржи слободата на религиите и затоа оваа џамија е симбол на гордоста за нас бидејќи нашата Заедница чини многу услуги за оваа земја.

Освен отворањето на џамии, како што многу од вас знаете, во Гватемала е отворена болница под покровителство на Хјуманити Фрст организацијата (Humanity First). За отворање на болницата била организирана посебна церемонија. На церемонијата присуствувале многу политичари. Една членка на парламентот, која веќе двапати присуствувала на Џалса Салана во Велика Британија, дојде лично да ме пречека на аеродромот. Говореше многу позитивно во врска со болницата и се заблагодари на нашата Заедница за отворање на болницата во нејзината земја. Таа нагласи дека Ахмадија џемаатот се труди да воспостави љубов и единство меѓу заедниците. Хузур а.т.б.а. нагласи дека овде нејзиното име не е спомнато.

Хузур а.т.б.а. спомна многу настани кои се случиле на патувањата. Многу жени и мажи патувале оддалеку во Гватемала само да имаат средба со него и покажале голема искреност и лојалност.

Нека Аллах џ.ш. на сите нив овозможи нивната љубов и лојалност зацврсти и нека ги учини вистински Ахмади муслимани.

Што се однесува до медиумското покривање на патувањата, благодарение на Аллах, тимот за медиумско преставување на Ахмадија муслиманскиот џемаат во Америка работеше многу напорно за покривање на настаните и воспостави многу контакти со своите колеги. Иако во меѓувреме беа направени неколку промени во медиумскиот тим, и претходниот тим одлично си ја заврши работата. Во Америка нашата порака ја проследиле повеќе од 2.869.000 луѓе преку телевизија. Преку радио пораката ја преслушале повеќе од 5.398.000 слушатели. Преку дигиталните платформи, веб страниците и социјалните мрежи биле покриени над 2.000.000 корисници. Преку печатените медиуми биле пренесени и објавени 45 статии во врска со мојата посета. Ќе спомнеме и некои попознати весници: Балтимор Сан (The Baltimore Sun),  Филаделфија Инкуирер (The Filadelphia Inquirer), Релиџн Њус Сервис (Religion News Services) и Хјустон Хроникал (Huston Chronicles). Преку овие медиуми нашата порака е пренесена до скоро 10.000.000 луѓе.

И во Гватемала имаше добро медиумски интересирање. Националниот весник на Гватемала ’Пренса Либре‘ (Prensа Libre) печати 130.000 копии дневно а бројот на читатели изнесува 4.000.000 луѓе. Разни национални радија пренесуваа за мојата посета. Во Латинска Америка медиумското покривање достигна 32.000.000 луѓе вклучувајќи го и отворањето на Наср болницата.

Со благословите на Возвишениот Аллах патувањето беше успешно, и нека Аллах ни овозможи да извлечеме добри поуки од овие патувања.

После Џума намаз ќе клањам џеназа во отсуство за  Господин Савадого Исмаилу од Буркина Фасо. На 14 Ноември тргнал накај џамијата пред Сабах намаз, но не стигнал на намазот бидејќи доживеал срцев удар. Веднаш бил префрлен во болница но лекарите и покрај сите напори не можеле да го спасат.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Бил роден 1964 година, а Ахмадијатот го прифатил во 1994 година. Отсекогаш сакал да живее покрај џамија. Кога нашиот центар бил преместен тој изнајмувал куќа близу ди центарот. Постојано доаѓал во џамијата и учел Езан. Во текот на Џалса Салана присутните ги будел за Тахаџуд намаз. Одел на Итикаф во текот на Рамазан. Бил многу предан во молитвите и на другите им укажувал да го прават истото. Работел како чувар во шумско стопанство.

Во текот на џеназата, пред главниот Мајор, командантот зборувал за Исмаил и за неговата работа, како тој бил многу искрен, лојален и весел и како сите свои должности ги исполнувал на најдобар начин. Со Аллахов благослов бил Муси. Од неговата прва сопруга останале син и ќерка а од втората негова сопруга останала ќерка која има само два месеци. Нека Возвишениот Аллах го воздигне неговиот статус и нека го опсипе со Неговата милост. Нека Возвишениот Аллах ги заштити неговите деца.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap