Хутби 2018 

АТРИБУТИ НА ИСКРЕНИТЕ АХМАДИ МУСЛИМАНИ

По проучениот шехадет, тау’за и Сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Ако сме родени како Ахмади и ако ја прифатиме доктрината (учењето) на Ахмадијатот сепак тоа не е доволно да се нарекуваме Ахмади. Вистинското прифаќање на Ветениот Месија а.с. е првиот чекор кон Ахмадијатот, ѝ, како и да е, за да практично станеме Ахмади мораме да направиме напор во праксата да го покажеме сето она што се очекува од еден Ахмад; со полна посветеност и истрајност. Сè друго е само декларативно.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Кога го земаме Баи‘ат (заклетва на верност) значи дека животот го даваме на Возвишениот Аллах.“

Иако оваа работа не е безначајна, сепак кога нешто ќе продадеме го губиме правото на продаденото.

Исто така, по давањето на Баи‘ат веќе немаме никаква врска со претходниот живот. 

Ветениот Месија а.с. вели.

„За да се постигне ваква состојба и да почнеме да размислуваме на ваков начин, тој што ќе земе Баи‘ат прво мора да ја усвои благоста и понизноста и да се оддалечи од своето его и себичноста.“

Ова се зборови на Ветениот Месија а.с. дека човекот мора да се оддалечи од егото и себичноста.

Хузур а.т.б.а. кажува дека во една прилика службеник на Џемаатот не дошол да клања намаз со него во џамија бидејќи не бил во добри односи со друг службеник на Џемаатот.

Ова е покажување на најголемо его. Залудно е тоа што дал заклетва за лојалност кон Халифатот, бидејќи не дошол да клања намаз зад Халифата на времето.

Кога ќе земеме Баи‘ат мораме да се одрекнеме од егото и себичноста и само тогаш ќе постигнеме духовен напредок. Нецелосен Баи‘ат и вообразување поради него не значи ништо.

Хузур а.т.б.а. вели дека службениците на Џемаатот кои тврдат дека се Ахмади, поради нивни несогласувања, го поздравиле со почит но не покажале практичен пример за високиот статус на Халифата; отишле толку далеку што не дошле во џамија да клањаат намаз зад својот Халифа.

Зошто тие одат во џамија? Поради Возвишениот Аллах или поради службеникот на Џемаатот. Нема смисла да бидете Ахмади ако вака се однесувате.

Потоа, ’да се продаде својот живот‘ значи дека мора да се усвои понизноста и благоста и да се отфрли себичноста.

Човекот мора да настојува да го достигне знаењето и секој делото да го извршува според наредбите на Возвишениот Аллах. Кога ќе ја постигнеме оваа состојба, тогаш не е можно Возвишениот Аллах да ја уништи таквата душа. Кога животот ќе му го предадете на Возвишениот Аллах , Он во секој поглед истиот го чува и го штити.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Ако вашите дела се спротивни на вашата заклетва во времето на Баи‘атот тогаш во вашите зборови постои голема несоодветност. Ако се држите далеку од Бог тогаш за возврат и тој ќе се оддалечи од вас. Затоа, преиспитајте ја својата вера и преиспитајте ги своите дела, и размислете дали сте ја постигнале трансформацијата кој би требало да ви помогне вашето срце да стане отелотворување на Божјиот престол, од кого вие можете да добиете заштита.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Многу пати на мојот Џемаат му кажав да не се ослонува само на овој Баи‘ат. Нема да има спас за вас ако не ја исполните вистинската цел на Баи‘атот.“

Тој понатаму вели:

„Често ве советував дека морате да се исчистите на ист начин како што тоа го правеле асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Затоа, погледнете го тој прекрасниот пример на трансформација на овие асхаби.“

Тие поминале преку многу години на непријателство поради верата и сите ги оставиле формите на ширк. Кога ќе земе Баи‘ат искрен Ахмад ветува дека ќе се држи што подалеку од секоја форма на ширк.

Што е тоа отворен ширк?

Објаснувајќи го ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Обожавање на световните работи и длабоката почит кон световните богови е исто така ширк.

Што значи ’световни богови‘?

Тоа се световни придобивки поради кои човекот ги запоставува наредбите на верата и на Возвишениот Аллах. Ако човек ја отфрли верската наредба да ја исполни световната желба, тој станува виновник на ширк.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Секоја работа, збор или дело стануваат важни кога му ги даваме на Возвишениот Аллах, и стануваат идол за Возвишениот Аллах. Треба да запомниме дека вистинско Божјо Единство, тоа што Он го посакува од нас и со кое нашиот спас е поврзан, е да се трудиме Аллах џ.ш. да биде чист од било каков ширк, без оглед на тоа дали се однесува во форма на идоли, личност, Сонце, Месечина, самиот себе или било каков план и измама.

Понатаму, не смееме Неговата моќ да ја споредуваме со моќта на било кој друг или да прифатиме дека постои некој друг заштитник освен Аллах џ.ш..“

Ова е фундаментален принцип на Ахмадија вистинскиот ислам.

Хузур а.т.б.а. кажа дека луѓето му даваат голем статус на Халифатот и на Халифата на времето, што тоа веќе преминува во ширк. Треба да биде јасно дека Ветениот Месија а.с. дошол во послушноста на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да го истреби ширкот од овој свет. Тогаш е невозможно, овој, вистинскиот Халифат да охрабрува било каков вид на ширк. Основна цел на Халифатот е да го истреби ширкот, да воспостави Божјо Единство и да ја изврши мисијата на Ветениот Месија а.с..

Кога човекот ќе оформи вакво мислење и кога ќе види како друг се среќава со Халифатот со голема почит не треба да размислува лошо за другите. Како и да е, ако некој стаса до тој степен да дава повод на другите, чувај Боже, да го крева статусот на Халифата до степен на ширк, тогаш тој мора да прави истигфар и да биде внимателен.

Навистина, должноста на Халифата на времето е да ги воспостави почитта и честа на институцијата на Халифатот. Ова е должноста на Халифата и тој ќе продолжи да ја извршува. Да се помисли дека високиот статус на Халифатот е форма на ширк, е производ на наивно размислување и недостаток на морален тренинг, и такво нешто треба да се заборави.

Кога зема Баи‘ат вистинскиот Ахмад се заколнува дека ќе се држи подалеку од лагата и злото.

Возвишениот Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:

        „Чувајте се од гнасотијата на идолите и чувајте се од лажниот        говор.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Размислете за фактот дека во овој ајет лагата е споредена со идолот, а факт е и дека лагата е идол. Поинаку, зошто човекот да ја остави вистината и да се сврти кон лагата… Лагата е идол и ако човек својата вера ја стави во лага, ја отстранува својата вера во Бог. Тогаш, кога зборува лага, човекот го губи Бога.“

Постојат некои кои поради лагата прават неважни работи. Тоа не му приличи на верник. Личноста не би требало да мисли дека некои мали неточни изјави не спаѓаат во лага. Тие невистина се лага и личноста ја оддалечуваат далеку од Тевхид (Божјото Единство).

Постојат многу проблеми и несогласувања каде личност се обидува да лаже за да ја сврти ситуацијата на своја страна и во своја корист.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. многу точно не предупредил кога се однесува до лагата. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ако некој на мало дете му кажал ’дојди, и ќе ти дадам нешто‘, ако потоа не му даде ништо, тогаш и ваквата ситуација спаѓа во лага.

Иако сето тоа е кажано во шега, тоа и понатаму преставува лага.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кажал дека лагата човекот го доведува до ситуација да греши и го води кон Џехеннемот.

Непристојноста и гревовите укажуваат на тоа дека се оддалечувате од вистината и станувате многу зли. Затоа, постојано мора да се анализирате самите себе и своите однесувања за да не ги напуштате нашите стандарди.

Постои зло за кое Ветениот Месија а.с. многу го спомнувал и потенцирал, и посебно ги предупредувал неговите следбеници да се држат подалеку од него. Факт е дека тоа го вклучувал и во условите за давање на Баи’ат, а тоа е блудот (прељубата).

Овде не се работи само за отворена физичка прељуба, за што Возвишениот Аллах рекол:

        „Не приоѓајте близу до блудот“ 

што значи дека личноста треба да избегнува собири каде што се можат да се создадат услови да се мисли за блудот.

Моментално на телевизиите и на интернет се покажуваат толку непристојности во филмовите и програмите со што отворено ги повикуваат гледачите на блуд. Затоа, должност на секој Ахмади муслиман е да се држи подалеку од тоа.

Непристојностите кои  се покажуваат на медиумите доведуваат до гледачите да чинат блуд, доведуваат до семејно насилство, доведуваат до харам врски и до злоупотребување на децата.

Ветениот Месија а.с. нас не советувал да не помислуваме на блуд, и секој Ахмади муслиман мора посебно да се држи подалеку од програмите кои поттикнуваат на блуд.

За да станеме вистински Ахмади муслимани, Ветениот Месија а.с. нашето внимание го насочил кон тоа да се држиме подалеку од секаква неправда. Тој вели:

„Ако сакате да имате врска со мене, тогаш не си дозволувајте никакви зли и неправедни мисли да се вовлечат во вашиот ум.“

Во исламското учење е вклучено да им давате најголем статус на правата на другите. Наместо да им ги одземаме правата на другите Исламот не насочува кон тоа да им ги даваме правата на другите. Нивото кое Ветениот Месија а.с. го поставил е тоа дека личноста не би требало да си допушти грди мисли и неправдата да преовлада со неа, а посебно тоа да го претвори во дело.

Понатаму продолжува, дека многу важен услов да се биде верник е да го обожуваме Возвишениот Аллах, и дека целта на човековото создавање е да се обожува Аллах џ.ш..

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Сите ви е кои сметате дека и припаѓате на оваа Заедница добро послушајте. Само кога вистински чекорите по патот на богобојазливоста единствено тогаш ќе бидете вброени во мојата Заедница од Возвишениот Аллах. И тогаш, клањајте намаз пет пати на ден, посветете внимание и бидете свесни за присуството на Возвишениот Аллах како да го гледате со своите очи.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Првата работа за која секоја личност ќе биде запрашана на Судниот Ден е за намазот. Ако бидете успешни во тоа ќе бидете спасени. Ако за тоа не сте достојни ќе бидете уништени и ќе бидете губитници.“

Затоа, оваа работа има големо значење и е многу битно личноста да ги исполнува должностите кон намазите. Нека Возвишениот Аллах помогне секој Ахмади муслиман тоа да го исполни.

Исто така, многу важно е освен обврзаните намази да стекнеме навика да клањаме нафила и тахаџуд намаз.

Уште еден многу важен аспект за кој секој Ахмади муслиман треба да обрне посебно внимание е константно да бара опростување на гревовите. Човекот е многу чувствителен и е многу слаб, и понекогаш иако не сака да прави гревови тој направи некој грев.

Точно е дека возвишениот Аллах ни дал метода преку која личноста може да бара прошка за направените гревови и да се сочува себе си од правење гревови, а тоа е преку истигфар.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека Возвишениот Аллах нема да го казни оној кој постојано бара опростување на гревовите. Ако имаат неколку личности кои константно бараат прошка, тие можат да станат начин на опростување на гревовите од многу луѓе така да и тие бидат спасени.

Во врска со ова Ветениот Месија а.с. вели:

„Истигфар е постапка каде личноста треба да продолжи да ја бара Божјата заштита од сите гревови, без оглед на тоа дали се скриени или очигледни, познати или непознати, дали се направени со раката, ногата јазикот, носот или било кој друг дел од човековото тело.“

Поради ова Ветениот Месија а.с. не советувал да ја учиме следната дова од Чесниот Кур’ан:

        „Господару наш, ние на своите души учинивме насилство, и, ако     ти не ни простиш и немаш милост кон нас ние сигурно ќе бидеме         изгубени.“

Ветениот Месија а.с. понатаму зборува:

„Кога личноста бара сила од Бог, односно, бара истигфар, таа нема да има никаков недостаток преку Аллаховата помош.“

Понатаму, арогантноста преставува големо зло за кое преку Чесниот Кур’ан на нас Возвишениот Аллах ни наложил да се држиме што подалеку.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на ова ни обрнал внимание говорејќи дека ако личноста има дури и мало зрно на арогантност во своето срце нема да влезе во Џеннетот.

Ветениот Месија а.с. за тоа вели:

„Мое мислење е дека ова е многу добар начин да бидеме исчистени. Нема подобар начин од тоа да ја отфрлиме арогантноста и гордоста во било која смисла, без оглед на тоа дали сето тоа се однесува кон образованието, семејството, богатството итн.“

Ветениот Месија а.с. понатаму кажува:

„… Јас на својот Џемаат му заповедам да ја отфрли ароганцијата, бидејќи ароганцијата му е најодвратна на Аллах џ.ш., Возвишениот Господар.“

Да сме горди на својата раса е форма на арогантност, и секој Ахмади муслиман треба да се држи подалеку од ваквото мислење.

Една млада жена ми обрна внимание на тоа, дека во Америка во Џемаатот постои дискриминација кон расите. Јас побарав таа подетално да ми ја објасни ситуацијата, и ја прашав зошто се чувствува така.

Дискриминацијата е форма на арогантност, и ние мора да се чуваме од тоа без оглед во кој облик може да се појави.

Другиот аспект на кој Ветениот месија а.с. ни обрнал посебно внимание, а според инструкциите на Возвишениот Аллах и на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., е да даваме финансиско жртвување.

Личноста мора да обрне внимание на својата заработка, бидејќи износот на месечната чанда (членарина) е работа помеѓу вас и Аллах џ.ш..

Администрацијата за финансии не знае колку вие заработувате, но Возвишениот Аллах сè знае за ова. Затоа вие треба да имате увид во своите финансии и да плаќате според прописите. На сите оние кои уживаат во своите удобности и задоволства а не плаќаат членарина според прописите … на нив сакам да им обрнам внимание за тоа така да и тие можат да станат приматели на Божјите благослови.

Хузур а.т.б.а. кажа дека последната работа за која треба да зборува на денешната Хутба е за послушноста.

Чесниот Кур’ан на неколку места ни наредува да бидеме послушни кон Возвишениот Аллах и кон Неговиот Пратеник с.а.в.с., и да покажеме послушност кон оние кои имаат авторитет над нас.

Ветениот Месија а.с. говори дека тоа е вметнато како еден од основните услови за Баи’ат, и личноста која зема Баи’ат треба да биде послушна кон сите ма’рууф наредби до последниот нејзин здив.

Не е работа на секоја личност да толкува што значи ма’рууф. Ма’рууф одлуката е онаа која која ја наложува Чесниот Кур’ан и праксата и зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а која оди во иста насока со Ветениот Месија а.с.. Преку ова единството во Џемаатот може да опстане.

Ветениот Месија а.с. јасно рекол дека неговата желба не е да има голем број на членови кои немаат претстава и идеја што значи послушност.

Во таа смисла Ветениот Месија а.с. рекол:

„Оние кои кажат дека се со мене и влезат во Баи’ат со мене, но во меѓувреме не се реформираат и не ги живеат своите животи според учењата на Бог и на Неговиот Пратеник с.а.в.с., тогаш за тие личности Баи’атот е бескорисен.“

Целат што сме Ахмади муслимани единствено ќе ја исполниме ако ја сфатиме оваа вистина и направиме сè што е можно тоа да го постигнеме.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Да се покаже послушност не е мала работа и воопшто не е лесно тоа да се покаже. Тоа бара личноста да доживее овосветска смрт. Секој оној кој не покаже потполна послушност работи во спротивност на оваа Заедница.“

Ветениот Месија а.с. понатаму кажува:

„Јас многу пати ја советував мојата Заедница дека членовите не можат да се ослонат само на вербалната изјава за својата заклетва и лојалност. Додека личноста не ја сфати целта на Баи’атот не може да постигне спасение.“

Нека Возвишениот Аллах на сите нас ни подари разбирање во врска со исламското учење и нека ни помогне да се однесуваме според тоа учење.

Да бидеме оние кои ги исполнуваат должностите кон Баи’атот на Ветениот Месија а.с., нека останеме со Хилафетот во најголема послушност и со секој Халифа да се однесуваме според ма’рууф наредбите, и со искрено срце секогаш да покажуваме потполна послушност.

Нека Аллах џ.ш. на сите нас ни помогне ова да го постигнеме.

Амин!   

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap