Хутби 2018 

ОТВОРАЊЕ НА ФИЛАДЕЛФИЈА ЏАМИЈАТА

После проучувањето на шехадет, тау’за и Сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) го проучи ајет 18 од Сура Ал-Таубах и потоа го цитираше преводот на тој ајет, кој гласи:

        „Единствено оној кој верува во Аллах и Судниот ден ги одржува         Аллаховите џамии, извршува намаз и дава зекат, и не се плаши од     никој освен од Аллах: поголема е можноста овие луѓе да се меѓу        упатените.“

Еллахмдулиллаах (Сета благодарност му припаѓа на Аллах)

Возвишениот Аллах ни овозможи да ја изградиме првата џамија во овој град и денес официјално се отвора. Ние правиме џамија си нијет за да го постигнеме задоволството на Возвишениот Аллах. За да го постигнеме задоволството на Возвишениот Аллах мораме да ги пратиме Аллаховите наредби.

Првата и најважна наредба што треба да ја исполниме е да го обожаваме Аллах џ.ш. и тоа мора да го исполниме на начин на кој Он тоа го наредил.

Возвишениот Аллах кажува дека е неопходно да ја покажеме нашата вера во Бог преку практични примери. Ова може да се случи кога ние покажеме практичен пример од икаматус салат (клањање намази).

Што е  икаматус салат?

Прво, тоа е клањање намази во Џемаатот. Второ, големо внимание кон Семоќниот Аллах. Потоа, единствено оние луѓе кои вистински клањаат намази кои се регуларни и во Џемаатот, кои клањаат намаз а нивното фокусирање се однесува кон Возвишениот Аллах; кои клањаат молејќи се, истигхфар (барајќи прошка), и кои се многу внимателни во намазите.

Возвишениот Алах кажува дека е неопходно да ја покажеме нашата вера во Бог преку практични примери. Ова единствено може да се случи кога ние покажеме практичен пример од икаматус салат (клањање намази).

Што е икаматус салат?

Прво, тоа е клањање намази во џемаатот.

Второ, големо внимание кон Семоќниот Аллах.

Трето, се однесува единствено на оние луѓе кои клањаат намази на вистински начин а кои се регуларни и во Џемаатот; на оние кои клањаат а единствениот фокус кај нив е насочен кон Возвишениот Аллах; на оние кои клањаат милејќи се, истигхфар (барајќи прошка); и на оние кои се многу внимателни во намазите.

Мораме ние самите себе да се преиспитуваме дали сме ние вистинските луѓе кои џамијата ја држат во убава и блескава состојба, оние вистинските кои плаќаат Зекат и кои финансиски се жртвуваат поради својата религија и поради човештвото, оние кои не се плашат од ништо друго освен од Возвишениот Аллах. Оние вистинските кои остануваат внимателни и се однесуваат според Божјите наредби и упатства кои се спомнати во Чесниот Кур’ан. Според тоа, должностите на секој побожен муслиман воопшто не се мали и безначајни.

Исто така, подоцна кога џамијата се изгради, должноста на сите луѓе кои ја посетуваат џамијата е да бидат многу повеќе посветени на тие работи. Вие мора да ја исполните должноста на обожување и должностите кон Возвишениот Аллах. Само така може да бидете вброени помеѓу оние кои Возвишениот Аллах ги опсипал со својата љубов.

Во ајетот, пред оној ајет кој претходно на почетокот го поучив, Возвишениот Аллах спомнува дека оние луѓе кои му припишуваат другар на Аллах џ.ш., нивните срца се исполнети со љубов кон боговите и тие не можат да ја исполнат должноста ниту кон Возвишениот Аллах ниту кон Неговите созданија.

Постојат разни облици на ширк (припишување другар на Аллах).

Ветениот Месија а.с. на еден собир кажал дека постојат разни облици на ширк. Првиот облик на ширк е многу чест и тој се отсликува во тоа кога личноста прифати камења, објекти, енергии или измислени богови и божици и нив ги смета за бог.

Ветениот Месија а.с. понатаму пишува дека постои и друг облик на ширк кој постепено ги труе луѓето и посебно се шири сè повеќе и повеќе во денешно време. Тоа значи дека луѓето својата вера не ја насочуваат кон Возвишениот Аллах туку имаат повеќе вера во други нешта и ја преставуваат на други начини. Нивната работа, активности и занимавање со овосветски работи ги оддалечуваат од Бог. Главно, тоа се причините поради кои луѓето не се концентрираат на намазите и поради тоа не доаѓаат да присуствуваат на намазите.

Затоа, мора да се молиме и да паднеме на сеџда на Возвишениот Аллах и да кажеме:

„О Господару! учини да бидеме вистински верници.“

Ветениот Месија а.с. ја спомнал една од целите поради кои се гради џамија, а тоа е дека ако сакаме да го шириме вистинското учење и учењето на Исламот треба да изградиме џамија. Џамијата треба да биде изградена со потполна искреност а не со било какви претворувања. 

Ветениот Месија а.с. кажува дека треба само да се изгради џамија поради љубовта кон Аллах џ.ш..

Со изградбата на оваа џамија голема одговорност им припаѓа на рамињата на оние кои ја посетуваат џамијата, а тоа е да ја шират пораката на Исламот и да ги информираат луѓето за вистинската слика и мирното учење на Исламот преку оваа џамија.

Нашата историја ни кажува кога Хазрети Муфти Мухаммед Садик дошол во Америка како мисионер во 1920 година, и тој пристигнал токму овде во пристаништето во Филаделфија.

Сепак, нему не му било дозволено да влезе во Америка и му била дадена забрана. Бил притворен со други затвореници како резултат не неговиот таблигх (ширење на верата) поради што 15 луѓе, тогаш, во негово опкружување го примиле Исламот. Покрај тоа, неговите навики, молитви и неговата побожност биле пресудни за таквите одлуки.

Во еден од неговите писмени извештаи хазрети Муфти Мухаммед Садик пишува:

„За неколку дена овој понизен слуга Аллахов во Америка, и покрај многуте тешкотии, незгоди и понижувања од Христијаните, постигна многу успеси. Сета слава за ова му припаѓа на Аллах џ.ш.“

Тој понатаму пишува:

„До овој момент 29 личности, мажи и жени, влегоа во вистинската религија чии имиња ќе ги преставам со нови Исламски имиња.“

Сепак, како што веќе спомнав, Семоќниот Аллах ни овозможил да направиме преубава џамија овде во овој град, затоа сега Заедницата и локалниот мисионер мора да направат план да го шират прекрасното учење на Исламот во сите дирекции, и нека ова место стане оаза на мирот и убавината, а поради тоа многу луѓе да сакаат да живеат во такво опкружување.

Што се однесува до популацијата ова е шести град по број на жители во Америка. Ако вистинското учење на Исламот се прошири овде и во околината тогаш, ако Бог даде, од овие луѓе ќе дојдат нови генерации кои ќе бидат искрени побожни луѓе што ќе ги наполнат џамиите и ќе бидат оние кои имаат страв од Семоќниот Аллах и кои се наоѓаат на правиот пат.

Речено ми  е дека трошоците околу изградбата на џамијата изнесуваат 8.1 милиони Американски долари. Овие 8.1 милиони ќе бидат од корист доколку ја исполнуваме целта на џамијата.

Еднаш ветениот Месија а.с. рекол:

„Првата цел на џамијата не е во нејзината надворешна убавина, таа лежи во оние луѓе кои ги клањаат своите намази со искреност, поинаку, ако не се однесуваме така сите џамии ќе бидат напуштени.“

Ветениот Месија а.с. кажува:

„Џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. била мала, кровот и бил направен од гранки од палма и кога врнело џамијата прокиснувала, но сетете се на величествените работи кои се случувале во таа џамија… Душата на џамијата зависи од луѓето кои доаѓаат во неа.“

Ветениот Месија а.с. понатаму продолжува:

„Многу е важно џамиите да се градат за да се шири богобојазливоста кај луѓето.“

Многу луѓе од Пакистан овде побарале азил или имаат статус на бегалци, и тие треба да обрата големо внимание.

Целта на секој Ахмади муслиман не треба да биде во тоа да ги бара овосветските задоволства и физички убавини, туку треба да се грижи за идниот свет бидејќи таму наградите се вечни. Затоа, оние кои станале невнимателни да ги исполнуваат должностите кон Семоќниот Аллах и кон Неговите намази поради овосветските работи би требало добро да обрнат внимание на тоа. Тие би требало да ја преиспитаат својата состојба, дали се однесуваат правилно кон Баи’атот кој го дале?

Како што претходно спомнав, со подобрување на своето однесување значи дека ги исполнуваме должностите кон Возвишениот Аллах, кон Неговите намази и кон Неговите созданија. Освен тоа, треба да ја шириме пораката на Исламот низ целиот свет.

Ветениот Месија а.с. понатаму пишува:

„Ако воспоставите врска со мене тогаш мора да ја исполните целта поради која јас дојдов, а тоа е да покажете лојалност и вера кон Семоќниот Аллах и да постапувате според учењата на Чесниот Кур’ан на начин кој ни го покажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговите асхаби.  Размислувајте за исправните принципи кои ги наложува Чесниот Кур’ан и однесујте се според нив… Запомнете, заедницата која Возвишениот Аллах сака да ја воспостави  не може да успее без побожни дела.“

Ова не е мала работа, ова е работа која бара големо размислување и искуство. Засекога запомнете дека овосветските желби и богатство не можат да ви гарантираат заштита или заштита за вашите потомци. Факт е дека само благословите и милоста на Семоќниот Бог и единствено кога воспоставиме врска со Него и работиме според Неговите наредби можеме да ја гарантираме нашата сигурност.

Нека Возвишениот Аллах ни овозможи на сите да живееме живот според ова учење.

Земјиштето за изградба на џамијата е купено во 2007 година. Отприлика, 6 години подоцна почнува изградбата на џамијата во 2013 година. Во текот на изградбата постоеја одредени проблеми, но сепак џамијата е завршена оваа година. Како што спомнав, 8.1 милиони е потрошено за изградба на оваа џамија, од кои локалниот Џемаат во Филаделфија донирал повеќе од 2.435.000, останатите Џемаати ширум Америка донирале 1.240.000, а главното седиште на Џемаатот во Америка донирал 4.447.000 што претставува повеќе од половината од вкупниот износ.

Земјиштето изнесува 21.400 квадратни фита. 3градата е на 3 ката, а во подрумот има комерцијална кујна. На средниот кат се наоѓа апартман за мисионерот а на горниот кат се наоѓа библиотека и канцеларии.

Џамијата е поделена на два дела, половина за мажи и половина за жени, и е со површина од 5.000 квадратни фита. Просторот може да собере околу 350 мажи и 350 жени. Има и просторија со површина од 6.000 квадратни фита која може да служи за разни потреби  и која може да собере околу 700 луѓе, а може да послужи и како спортска сала. Постојат и уреди за административни работи. Има и паркинг за 46 автомобили а има и дополнителен простор за уште 86 автомобили.

Нека Аллах џ.ш. им помогне на сите Ахмади муслимани да ја исполнат целта за изградба на оваа џамија која Возвишениот Аллах ја наредил, и нека џамијата биде пресвртна точка во ширењето на вистината на пораката на Исламот во ова место. Амин!

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap