Хутби 2021 

Шехадетот на Хазрети Осман р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а.

Предлогот на Амир Муавија на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. својот последен аџилак го извршил година дена пред смртта. Во тоа време бунтовниците веќе започнале со нередите. Амир Му’авија бил со хазрети Осман р.а. и му предложил да тргне со него во Сирија, бидејќи побуната веќе земала замав. Хазрети Осман р.а. му одговорил дека ни под кои услови нема да ја напушти близината на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тогаш, Амир Му’авија предложил да ја прати сиријската војска за да го заштити хазрети Осман р.а..

Хазрети Осман р.а. одговорил дека нема да дозволи од благајната да се земаат пари само поради неговата заштита. Тогаш, Амир Му’авија рекол дека можеби причина за побуната било присуството на постарите асхаби во Медина  и бунтовниците најверојатно сметаат дека ако го отстранат хазрети Осман р.а. еден од нив би можел да ја преземе администрацијата. Предложил хазрети Осман р.а. да ги прати и рашири на разни места. Хазрети Осман р.а. на тоа одговорил дека не може да ги расее оние кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги собрал.

Амир Му’авија се расплакал и рекол дека хазрети Осман р.а. би требало да објави дека Амир Му’авија има право на одмазда ако нему нешто му се случи. Хазрети Осман р.а. рекол дека ќе се случи сè што било судено, но не му дозволувал да се одмазди поради него, затоа што знаел дека е строг човек и дека строго ќе се однесува.

Хазрети Осман р.а. ги опоменува бунтовниците

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман додека бил затворен во домот им се обратил на бунтовниците и им рекол дека не би требало да го убијат. Рекол дека ако тоа го направат, никогаш нема да можат заедно да клањаат намаз, ниту некогаш ќе се здружат во борба против непријателот. Тој ги советувал да се воздржат од борба. Меѓутоа, бунтовниците не обрнувале внимание на неговите зборови и на хазрети Осман не му преостанало ништо друго освен да му се моли на Аллах џ.ш. да води сметка за сите оние кои ја опколиле неговата куќа и ја предизвикале побуната, и да ги казни согласно на тоа. Се пренесува дека сите тие кои учествувале во побуната на крајот настрадале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето кога куќта на хазрети Осман р.а. била опколена дошле асхаби и инсистирале да го заштитат хазрети Осман р.а. од бунтовниците. Меѓутоа, хазрети Осман р.а. рекол дека ничија крв не смее да се пролее само поради него, ниту пак некој да ја пролее крвта на другиот заради него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на тој начин хазрети Осман р.а. до крајот не им дал ниту најмала можност на бунтовниците да ги оправдаат нивните гнасни постапки, или, воопшто да ја оправдаат борбата против него и верниците.

Хазрети Осман р.а. станува шехид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога бунтовниците виделе како верните муслимани се собрале пред вратата на хазрети Осман р.а., им станало јасно дека ќе биде тешко да се влезе во куќата. Затоа, решиле да влезат во куќата на соседот и оттаму да искачат преку ѕидот. Кога влегле во куќата го затекнале хазрети Осман р.а. како го учи Чесниот Кур’ан. Хазрети Осман р.а. знаел дека дошол денот кога тој ќе стане шехид, и затоа одредил двајца луѓе да ја чуват државната благајна, за што и да се случи никој да не ја ограби.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека прв влегол синот на хазрети Абу Бекир р.а. и грубо за брада го повлекол хазрети Осман р.а., на тоа, хазрети Осман р.а. рекол дека неговиот татко (хазрети Абу Бекир р.а.) ако бил жив тој никогаш така немало да постапи. Кога го слушнал тоа заминал. Меѓутоа, останатите бунтовници влегле и еден од нив со железна шипка по глава го удрил хазрети Осман р.а. и крв почнала да му тече од главата. Бунтовниците без никаков срам го ритнале Чесниот Кур’ан кој хазрети Осман р.а. го читал.

Инаку, крвта на хазрети Осман р.а. паднала на следниот ајет.

        „…а Аллах тебе тие доволен (против нив), бидејќи Он сè слуша,    има трајно знаење.“                                                         (2:138)

Бунтовниците продолжиле да го напаѓаат. Почнале да го удираат со мечевите. Хазрети Осман р.а. се обидувал да ги блокира ударите но и раката му ја исекле. Во тој момент хазрети Осман р.а. рекол дека тоа е рака која прва ги запишала ајетите на Чесниот Кур’ан.

Во тоа време сопругата на хазрети Осман р.а. излегла и застанала пред него, но бунтовниците не се двоумеле и жена да нападнат и во напад и ги исекле прстите. Потоа, продолжиле со нападите на хазрети Осман р.а. сè додека не го убиле.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему му се враќаме.“

Бестрашноста на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжил да го цитира хазрети Муслех Мауд р.а. за тоа дека додека бунтовниците го напаѓале хазрети Осман р.а., вулгарно зборувале за неговата жена, па дури и за хазрети Ајша р.а.

Сепак, наспроти сè, хазрети Осман р.а. никогаш не се плашел да стане шехид. Дури и пред тоа, кога знаел дека се подготвува побуна одел на молитва во џамија. Дури и кога бил затворен во куќата, им наредил на асхабите да се вратат дома, наместо да останат со него и да го заштитат. Дури у кога бунтовниците влегле во неговата куќа, тој без страв продолжил да го чита Чесниот Кур’ан. Потоа, кога синот на хазрети Абу Бекир р.а. влегол и мирно го умолил да се вразуми и замине. Значи, сите инциденти кои довеле до тоа да стане шехид јасно покажуваат дека хазрети Осман р.а. немал ни трунка страв.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека луѓето по смртта на хазрети Осман р.а. почнале да ја сфаќаат вистинската улога на Халифатот.

Хузур а.т.б.а. продолжи да ги објаснува исклучителните доблести кои ги поседувал хазрети Осман р.а. Тој ги објасни неговите ценети постапки и тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. силно го почитувал.

На пример, еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. лежел и хазрети Абу Бекир р.а. влегол но Пратеникот с.а.в.с. продолжил со лежањето. Кога пак влегол хазрети Осман р.а. Чесниот Пратеник с.а.в.с. веднаш почнал да ја исправа облеката и подоцна рекол дека хазрети Осман р.а. бил многу скромен човек, и затоа тоа го направил имајќи ги на ум неговите чувства. Хазрети Осман р.а. бил еден од шесттемина на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им ја дал радосната вест за високиот статус, и бил меѓу десетте асхаби на кои Чесниот Пратеник с.а.в.с. им ја дал радосната вест за Џеннетот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да зборува за хазрети Осман р.а. и во иднина.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекол дека ќе клања џенази во отсуство на неколку џемаатлии.

Маулви Мухаммад Идреес сахиб

Маулви Мухаммад Идреес сахибод Ивори Коаст починал во ноќта помеѓу 27 и 28 февруари. Студирал во Рабва Џамија, по што ја имал честа да служи како мисионер во Ивори Коаст. Кога стасал во Пакистан никого не го известил и загрижено седел на аеродромот. Тогаш му пришол човек и го прашал каде треба да оди, и тој му објаснил, на што тој го однел во салата на Ахмдија. Подоцна, овој човек му рекол дека претходната ноќ неговата сопруга сонувала сон во кој и било кажано дека на странец, кој ќе дојде во Пакистан, ќе му треба помош и побарала од сопругот да оди на аеродром.

Тој бил вешт во ширењето на пораката на исламот на Ахмадијатот. Многу ја сакал Заедницата. Поседувал многу знаење и водел успешни дебати со други муслимански зналци. Многу се молел и другите ги советувал да го прават истото.

Зад него останале сопругата, четири ќерки и син.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б..а. се молеше неговите деца да одат по неговите стапки, и Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус на Ахирет.  

Амина Најга Каре сахиба

Амина Најга Каре сахиба била сопруга на националниот претседател на зедницата во Уганда. Починала на 20-ти февруари. Била многу успешна и добро образована, а нејзиниот сопруг рекол дека голем дел од својот успех и должи нејзе. Била многу верна во ширењето на пораката на исламот на Ахмадијатот.

Таа била и затворана поради лажни обвиненија. Била исклучително побожна и можела да поднесе било каков напад врз себе, но, никогаш не можела да поднесе напад врз верата.

Зад неа останал сопруг и шест деца, од кои двајца се мисионери.

Наохи Казак сахиб

Наохи Казак сахиб починал на 10 декември 2020 година. Бил многу побожен, редовен во намазите и постот, секогаш финансиски помагал, многу го сакал Халифатот и секогаш бил љубезен и им помагал на сиромашните. Секогаш бил подготвен да му служи на Џемаатот во било кое својство. Бил добар кон другите и секогаш помагал и дома. Наместо да собира богатство за себе тој го трошел за помош на оние на кои им било потребно, и кои имале помалку од него.

Љубовта спрема Халифатот ја всадил и на останатите членови на своето семејство. Еден од неговите браќа Мутаз Казак сахиб е професор во Ахмадија Џамија во Канада.

Фархат Насеем сахиба

Фархат Насеем сахиба од Рабва починала на 26 декември 2020 година. Била многу побожна, редовно ги клањала намазите и постела. Помагала на сиромашните и секогаш давала пари. Зад неа останале три сина, три ќерки и многу внучиња. Еден од нејзините синови и двајца внуци се мисионери. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б..а. се молеше Аллах џ.ш. на сите нив да им се смилува и да биде милостив, да им ги прости грвовите и да го воздигне нивниот статус на Ахирет.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap