Вести 

Честитка по повод Рамазан бајрам

Имаме особено задоволство и голема чест Вам, лично, на членовите на Ахмадија Муслиманската Заедница, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатиме најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан бајрам.

Најискрено посакуваме празничните денови да ги поминете во мир, среќа, радост и благосостојба,  споделувајќи љубов и хармонија со Вашите најблиски.

За жал и годинава светиот месец Рамазан го поминавме обременети со пандемијата со ковид-19, во несекојдневна атмосфера соочени со бројни ограничувања и со неопходни мерки за заштита на нашето здравје и на нашите животи.

Се надеваме дека збогатени со духовната сила која ја дава Рамазан бајрам и понатаму ќе останеме посветени, одговорни и солидарни и ќе излеземе како победници во борбата со епидемијата чиј крај, благодарение на започнатата вакцинација, веќе се наѕира.

Дозволете ми, токму на првиот ден на Рамазан бајрам, уште еднаш да потсетам на значењето на соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање од страна на сите верски заедници.

Честит Рамазан бaјрам.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap