Вести 

Честитка по повод почетокот на светиот месец Рамазан

Ахмадија Муслиманската Заедница во Македонија го честита почеток на светиот месец Рамазан на припадниците на исламската вероисповед.

Ни претставува чест од свое име и од името на сите членови на Ахмадија Муслиманската Заедница да Ви го честитаме првиот ден на Рамазан, светиот месец на колективната солидарност, месецот на духовно и телесно прочистување на нашите мисли, тела и проникнување во вистинските вредности на доблесното човечко битие кое има почит кон секој што е ист а различен од него, затоа што е пред сѐ човек. Нека духот на солидарноста, благодатите што ги носи празникот, топлиот збор и хуманите дела се вселат во нашите домови, нашите срца не само овој месец, туку нека зрачат секогаш и секаде каде за тоа има потреба, луѓе сме и сами сме немоќни, заедно, можеме многу.

Почитувани сограѓани, и овој Рамазан за жал продолжуваат препораките за заштита на нашето здравје и здравјето на нашите блиски од вирусот КОВИД-19 и знаеме дека тоа во голема мера го нарушува традиционалниот начин на одбележување на овој месец, меѓутоа, верата, добрите мисли и молитвите се во нас самите, и тие може да ги практикуваме и на алтернативни начини, доволно е да имаме искрена желба и добра волја. Нека е честит почетокот на Рамазан, нека е со лесно и нека е во топлиот семеен круг, во мир и благосостојба.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap