Хутби 2021 

Хазрети Осман р.а. II – Ширењето на пораката на исламот во Индија

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а..

Битката кај Савариј се случила помеѓу муслиманите и Римјаните. Константин тргнал против муслиманската војска со 500 бродови. Сепак, на крајот победиле муслиманите.

Покрај тоа, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги спомна и другите регии и земји кои муслиманите ги освоиле во времето на хазрети Осма р.а.. Тука спаѓаат места како што е Рим, Ерменија и Авганистан. 

Пораката на исламот допира до Индискиот потконтинент

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на хазрети Осман р.а. пораката на исламот стасала до индискиот подконтинент.

Се пренесува дека хазрети Осман р.а. пратил војска кон Мукран и Синдху каде муслиманите успеале да ја прошират пораката на исламот.

Исто така, бил пратен гласник во Балочистан, во Пакистан, каде биле поразени противниците на исламот.

Пораката на исламот била проширена и во Кабул, за кој историчарите тврдат дека во тоа време бил дел од индискиот подконтинент.

Раздорот кој Чесниот Пратеник с.а.в.с. го предвидел

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. предвидел дека некои луѓе ќе му се спротивстават на хазрети Осман р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажал на хазрети Осман р.а. дека еден ден Бог ќе му подари мантил, но и дека ќе се појават луѓе кои ќе сакаат тој да го симне. Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажал дека, ако лицемерите се обидат да го натераат да го симне тој мантил кој Бог му го дал, тоа никако да не го направи. Според друг хадис се пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го спомнал раздорот кој ќе се случи.

Во тоа време, покрај нив поминувал човек кој имал наметка со качулка. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека кога ќе започне раздор тој човек ќе биде на исправната страна. Човекот со качулка на глава, всушност, бил хазрети Осман р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во деновите на болеста Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го повикал хазрети Осман р.а.. Тие седеле сами а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нешто му зборувал.

Се пренесува дека, додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зборувал, изразот на лицето на хазрети Осман р.а. се сменило. Подоцна, на Јаумуд Дар (денот кога хазрети Осман р.а. бил убиен) хазрети Осман рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. претскажал и го предупредил на тоа што ќе се случи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на хазрети Осман р.а. започнал неред меѓу муслиманите. Ги навел записите на хазрети Халифа-тул Месих II во врска со оваа тема. Тој кажува дека причините за раздор поедини ги гледат и ги обвинуваат хазрети Осман р.а. и хазрети Али р.а., но објаснил дека таквото сфаќање е сосема погрешно, бидејќи двајцата биле големи слуги на исламот и достигнале такви височини на духовноста што не можеле да направат ништо што би било противно на учењето на исламот.

Понатаму, првите 6 години од Халифатот на хазрети Осман р.а. биле период на мир. Тој бил почитуван и сите му се воодушевувале за услугите кои тој ги давал на исламот.

Хазрети Осман р.а., исто така, бил познат како оној кој ги исполнува правата на другите.

Интриги

Постоела една група на луѓе која ширела невистини во врска со асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тие шетале и ги изнесувале обвиненијата на луѓето против нив. Полека, групата почнала да се шири, и во неа влијанието било силно бидејќи и се придружувале луѓе кои скоро го примиле исламот и чија вера сè уште била слаба. Всушност, тие никогаш не се запознале ниту поминале време со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., па дури ниту со неговите асхаби. Така, на нив можеле да влијаат лицемери и интриганти. Тие кои ги ширеле овие невистини биле воглавном Евреи и помалку учени муслимани. 

Милоста и мудроста на хазрети Осман р.а.

Во времето на хазрети Осман р.а. раздорот се зголемил но неговите учесници знаеле дека нема да можат отворено да шират пропаганда сè додека на власта бил хазрети Осман р.а. Всушност, хазрети Осман р.а. ги собрал овие луѓе и асхабите. Во тоа време двигателите на раздорот побарале простување од хазрети Осман р.а. На тоа асхабите рекле дека е дозволено и да се убијат таквите кои создават неред во народот. Меѓутоа, хазрети Осман р.а. рекол дека ќе го прифати нивното извинување и дека нема потреба од толку строги мерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман ги појаснил обвиненијата кои биле упатени на него од страна на лицемерите. На пример, постоело обвиненије дека хазрети Осман р.а. во текот на патувањето наместо да ги скрати своите намази, според праксата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тој клањал цели намази. Хазрети Осман р.а. појаснил дека тоа се случило само еднаш кога патувал на Мина, и таму не морал да ги крати намазите бидејќи поседувал имот, а жената му била од тоа место.

Вториот случај кога не го скратил намазот бил во времето на Хаџ, од причина што присутните луѓе кои немале доволно знаење можеле, следејќи го Халифата, во клањањето на 2 рекати фарз по враќањето дома тоа да го воведат како пракса. Едно од обвиненијата било и тоа дека на високите положби поставува млади луѓе. Тој појаснил дека поставува само такви кои имаат висока побожност и кои се способни да ја преземаат дадената им должност, и навел пример дека и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поставувал млади луѓе како командири на армијата и самиот добивал критики за тоа.

Асхабите и понатаму инсистирале на тоа дека бунтовниците требна да се убијат поради нередите кои ги создавале, но, хазрети Осман р.а. цвсрто се заземал дека нема да преземе ригорозни мерки бидејќи се надевал дека тие луѓе ќе го променат своето мислење.

Такво било нивото на милост кое го покажувал хазрети Осман р.а..

За жал, таквото однесување со доверба и милост кон бунтовниците не се покажало како успешно, и лицемерите продолжиле да ја покажуваат својата омраза и продолжиле со нередите.  

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази во отсуство за неколку личности:

Абдул Кадир сахиб

Абдул Кадир сахиб по потекло бил од Пешавар и убиен е на 11 февруари. Во клиниката каде што работел заѕвонело ѕвонче и Абдул Кадир сахиб ја отворил вратата на младо момче кое му се претставило како пациент, но потоа пукало во него и го убило. Неговиот дедо Ахмадијатот го прифатил во времето на Првиот Халифа, откако неговите постари браќа биле на состанок со Ветенот Месија а.с..

Абдул Кадир сахиб силно го сакал Халифатот и со жар ја ширел пораката на исламот на Ахмадијатот, поради што бил соочен со силна опозиција.

Спрема сопругата и децата секогаш се однесувал со голема љубезност. Редовно ги клањал намазите и неговите молитви биле такви што семејството често проверувало дали со толку долги сеџди сè е во ред со него.

Зад него останала сопруга, четири сина и пет ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах да го воздигне неговиот статус на Ахирет, да го заштити неговото семејство и на неговите деца да им овозможи да ги следат стапките на неговите добри дела.

Акбар Али сахиб

Акбар Али сахиб починал на 16 февруари. Поради својата вера бил затворен на Аллаховиот пат и од срцев удар починал во затворот. Во затворот бил четири месеци и половина откако неговиот случај не го ни разгледале како што треба. Работел како обезбедување и бил многу храбра личност. Бил обезбедување во банка и во една прилика некој му се пожалил на менаџерот дека вработил неверник. Тој, прегледувајќи ги снимките го гледал Али сахиб како клања нафила и го учи Чесниот Кур’ан и прашал како таков човек може да биде неверник.

Зад него останале две жени, син и ќерка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му опрости и да биде милостив кон него, а на неговите деца да им овозможи да продолжат со неговите добри дела.

Кхалид  Махмоод-улХассан Бхатти сахиб

Кхалид  Махмоод-ул-Хассан Бхатти сахиб бил Вакилул Маал Тхалитх во Рабва. Исто така, бил претседател на Меџлис Ансаруллах и Наиб Афсар на Џалса Салана.

Во Заедницата служел на различни места во текот на триесет и осум години работен стаж. Патувал на разни места каде луѓето ги подучувал за Заедницата, нејзиниот систем и ги поттикнувал луѓето да ја зголемат врската со Халифатот.

Зад него останала сопруга, две ќерки и син.

Работел со голем жар и предаденост и секогаш во сите работи се ослонувал на Аллах џ.ш.. Воспоставил дух каков што би требало секој да го има кој е во службата на исламот. Иако, секогаш бил зафатен со својата работа, должностите дома никогаш не ги запоставувал и секогаш бил присутен со семејството.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне неговиот статус во Џеннетот и на неговите деца да им овозможи да продолжат да извршуваат добри дела како, и нивниот татко.

Мубарак Ахмад Тахир сахиб

Мубарак Ахмад Тахир сахиб починал на 17 февруари.

Зад него останале сопруга, четити сина и две ќерки.

Еден од синовите е Хафиз Ијаз Ахмад Тахир, професор во Ахмадија Џамија во ОК, а другиот е Наср Ахмад Тахир кој животот го посветил на служба на Џемаатот и работи во весникот ’Преглед на Религиите‘ (The Review of ReligionsЃ.

Мубарак Ахмад Тахир сахиб служел на разни места во Џемаатот, вклучувајќи ја и работата како учител во Уганда. По враќањето во Рабва служел во различни канцеларии. Хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. го поставил за Машир-е-Канунуја и таму останал се до својата смрт.

Дома секогаш се враќал со насмевка и секогаш ги прераскажувал своите приказни и случки со Халифите, и ги советувал децата да останат врзани со Халифатот. Секогаш се поттпирал на Бог и имал сјајна врска со Халифатот, и секој свој успех го прирпишувал на Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и самиот видел како тој има голема доверба во Аллах џ.ш. и без оглед на тешките околности бил задоволен со верата во Бог и со молитвите на Халифата, знаејќи дека секогаш се со него.

Еднаш, хазрети Халифа-тул Месих III р.х. во џепот му ставил нешто пари и отогаш тие секогаш биле полни со пари. Секогаш трошел на Аллаховиот пат и им помагал на сиромашните. Своите деца, кои инаку животот го посветиле во служба на исламот, ги советувал дека давањето, всушност, значи да се биде потполно послушен. Врз основа на овој совет неговите синови и ден денес служат целосно послушни. Семоќниот Аллах му дал големо богатство од кое поголемиот дел го трошел на помагањето на сиромашните. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. коментираше дека поседувал големи особини и го видел како работи со големо трпение и внимание, и никогаш не се грижел бидејќи секогаш се потпирал на Аллах џ.ш..

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap