Хутби 2021 

Хазрети Осман р.а. II Сопственик на две светлини

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе зборува за животот на хазрети Осман р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, иако, самиот хазрети Осман р.а. физички не учествувал во битката на Бедр, сепак бил меѓу оние осум асхаби на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им го дал војниот плен, и со тоа ги вбројал меѓу учесниците на битката на Бедр.

Семејното потекло на на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека неговото полно име било Осман бин Аффан бин Абил Аас бин Умајјах бин Абд Шамс бин Абд манаф бин Кусајј бин Килаб.

Со Чесниот Пратеник Мухамед с.а.в.с. бил во сродство затоа што потекнувал од лозата на Абд Манф. Името на неговата мајка било Арвах бинт Кураиз, а бабата по мајка била сестра на таткото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Таткото на хазрети Осман р.а. починал пре доаѓањето на исламот.

Сопственикот на двете светлини

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја омажил својата ќерка Рукејја со хазрети Осман р.а., меѓутоа, таа починала на денот на битката на Бедр.

После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ја дал за жена својата друга ќерка, Умми Кулсум. Така, хазрети Осман р.а. бил познат како Зун-Нурејн.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, еднаш, хазрети Осман р.а. го пресретнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заедно со хазрети Талха бин Убаидаллах р.а.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. искористил прилика да им проповеда за вистинската порака на исламот, и тие тогаш го прифатиле исламот и ја потврдиле вистинитоста на Чесниот Пратеник с.а.в.с..  

Хазрети Осман му кажал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека токму сега се вратил од Сирија, каде една ноќ слушнал како некој го повикува, зборувајќи дека Ахмад се манифестирал во Мека. Потоа, кога се вратил во Мека, го слушнал тврдењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дошол кај него. Така, хазрети Осман р.а. го прифатил исламот и пред времето на Дар-и-Аркам.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. и неговата сопруга хазрети Рукајја р.а. биле познати по својата убавина.

Еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го посетил нивниот дом, и на својата ќерка и рекол дека треба добро да внимава на хазрети Осман р.а., бидејќи меѓу неговите асхаби хазрети Осман р.а. имал најслични квалитети и особини на неговиот морал.

Миграција во Абисинија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. и неговата сопруга хазрети Рукајја р.а. биле дел од првата миграција во Абисинија. Пред заминувањето Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го советувал хазрети Осман р.а. со себе да ја поведе и хазрети Рукајја р.а. за да бидат поддршка еден на друг.

По нивното заминување Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се распрашал за состојбата на нивниот пат. Кога ја примил веста за нивното заминување, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека по Лута а.с. и Ибрахим а.с. тие биле најистакнати во миграцијата.

Хазрети Осман р.а. некое време останал во Абисинија и заедно со останатите асхаби се вратил во Мека, откако слушнале дека Курејшиите го прифатиле исламот. Меѓутоа, кога стасале во Мека, дознале дека веста е лажна. Подоцна, хазрети Осман р.а. и хазрети Рукајја р.а., исто така, учествувале во миграцијата од Мека во Медина.

Инцидентот кај Каба

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе хадис за тоа зошто се верувало дека Курејшиите го прифатиле исламот. Во преданието се наведува дека, еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стоел во близина на Каба и длабоко и искрено ја читал сура Наџм. По завршување на учењето, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. паднал на сеџда на која сите муслимани, па дури и присутните Курејшии, исто така, паднале на сеџда.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека, понекогаш, во светлината на одредени околности на слухот, или видот на одредени работи, срцето станува под влијание до таа мера што човекот прави нешто што е надвор од неговата контрола. Тие можат нешто да направат, иако, можеби, не веруваат во тоа, како што Курејшиите паднале на сеџда со останатите муслимани поради начинот на кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги учел ајетите од Чесниот Кур’ан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. коментираше дека тоа е нешто што го гледаме и денес, како на пример, кога атеистите го повикуваат Бог а не сфаќаат дека го прават тоа.

Хузур а.т.б.а. рече дека и самиот ги прашал атеистите за тоа и тие кажале дека тоа е токму така.

По миграцијата во Медина постојат различни детали за тоа со кого  хазрети Осман р.а. воспоставил братска врска. Постои хадис дека, токму, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска со хазрети Осман.

Смртта на хазрети Рукајја р.а. и бракот со хазрети Умм Кулсум р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал во битка на Бедр, му наредил на хазрети Осман р.а. да остане назад и да биде покрај хазрети болната Рукајја р.а..

Подоцна, по враќањето од битката на Бедр, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал дел од пленот на хазрети Осман р.а. кој бил на исто рамниште со оние кои учествувале во борбата.

Хазрети Рукајја р.а. починала во текот на денот на битката кај Бедр. По нејзината смрт, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во џамијата го сретнал хазрети Осман р.а. и му рекол оти Џибрил го известил дека Бог одредил неговата ќерка Умм Кулсум да се омажи за него.

Еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прашал Умм Кулсум каков маж е хазрети Осман р.а. на што таа одговорила дека е исклучителен сопруг.

Хазрети Умм Кулсум р.а. починала по девет години од миграцијата. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја предводел нејзината џеназа, и се пренесува дека Ченсиот Пратеник с.а.в.с. бил многу емотивен покрај нејзиниот мезар.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го видел хазрети Осман р.а. како плаче и го прашал што не е во ред. Хазрети Осман одговорил дека е тажен бидејќи повеќе не му е зет на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека нема зошто да се грижи, бидејќи, и да имал и стотици ќерки би ги дал сите една по друга за него.

Хазрети Халифа-тул Месих Vа.т.б.а. рече дека и понатаму ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а.

Молба за дови

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно упати апел за молитвите кон Ахмади муслиманите во Пакстан. Иако противниците продолжуваат со обидите, тие забораваат дека постои повисоко суштество кое ги чува и ги зема во предвид. Тој се молеше овие луѓе да се здобијат со разум и постапат правилно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за Ахмади муслиманите во наоѓаат во тешкотии.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство за следните неколку личности.

Маулана Султан Махмууд Анвар сахиб

Маулана Султан Махмууд Анвар сахиб, бивш Назир Ислах-о-Иршад, кој починал на 11 јануари. Тој бил единствен син на Чаудхари Мухаммад Дин и Рахмат Биби. учел во Џамија Ахмадијја Рабва и се стекнал со шехидска диплома. Зад него останале четири сина и две ќерки. Еден од неговите синови го дал животот во служба на Џемаатот.

Маулана Султан Махмууд Анвар сахиб служел како мисионер на разни места во Пакистан. Исто така, служел како мисионер во Гана, и тоа во исто време кога и  хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. служел таму.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека го познава како вреден и несебичен работник.

Подоцна служел во разни места во Рабва. Бил многу вешт во говорот и во ширењето на пораката на исламот на Ахмадијатот. Бил сјаен говорник кој можел да ја маѓепса публиката. Сите кои пишувале за него рекле дека бил исклучително љубезен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа за неговото примерно ниво на послушност и спомна некои негови цитати.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. со него да се однесува со милост и проштевање, и на неговото потомство да му овозможи да чекори по стапките на неговите доблести.

Маулана Мухаммад Умар сахиб

Маулана Мухаммад Умар сахиб починал на 21 јануари во 2021 година, и по потекло е од Керала. Кога бил студен ја имал честа да го посети домот на асхабите на Ветениот Месија а.с. и да го чита Чесниот Кур’ан, секој ден во текот на таа година.

Бил одличен мисионер. Учествувал во истакнати расправи и на таквите настани често држел говори. Во врска со тоа имал прилика да добие директни упаства од Четвртиот Халифа р.х..

Всушност, Четвртиот Халифа р.х. во една од своите хутбите го пофалил Маулана Мухаммад Умар сахиб за брзината со која ги преведувал неговите хутби и ги ширел во локалната заедница.

Исто така, превел книги на малајамски и тамилски јазик. Ги спомнал неговите функции на разни места.

После него останале четири ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека верно и служел на Заедницата и ја ширел нејзината порака.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го молеше Аллах џ.ш. да ја спушти Неговата милост и опрост на него и да го крене неговото место на Ахирет, и неговото потомство секогаш да остане поврзано за Заедницата и да и служи.

Хабиб Ахмад сахиб

Хабиб Ахмад сахиб, кој починал на 25-ти декември во 2020 година,  бил мисонер и служел во различни региони во Пакистан. Исто така, служел во Нигерија, каде бил национален председател и главен мисионер. Бил ислкучително скромен и одлеично работел.

После него останале сопруга, три ќерки и два сина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ја спушти Неговата милсот и опрост на него и да го крене неговото место на Ахирет, а неговото потомство секогаш да остане поврзано за Заедницата и да и служи.

Бадазруз Заман сахиб

Бадаруз Заман сахиб, кој починал на 3-ти јануари 2021 година, работел во Вакалат-и-Маал на Велика Британија. Работел вредно. Тој имал чест да биде затвореник на Аллаховиот пат во Пакистан врз основа на лажно обвиненије. Служел во најразлични својства во Пакистан. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го опсипе со милост и опрост.

Мансоор Ахмад Тасеер сахиб

Мансоор Ахмад Тасеер сахибпочинал на 30-ти декември 2020 година и бил раборник во Назрат Умур-и-Амма, Рабва. Во Заедницата во разни оддели служел околу 25 години. Бил многу љубезен и симпатичен. Имал голема љубов кон Халифатот. Работата ја извршувал со големо внимание, а често му се давале тешки работи бидејќи можел да ги реши. Имал голема желба да и служи на Заедницата до таа мера што утрото на венчавката на ќерката заминал во канцеларија за да ја изврши својата работа.

После него останала сопругата, два сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека од детството го познавал  и секогаш го знаел како многу фина и лесна личност  која никогаш не се лутела.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молше Аллах џ.ш. да го опсипе со милост и опрост.

Др. Ееди Ибрахим Моанга сахиб

Др. Ееди Ибрахим Моанга сахиб од Танзанија починал на 9-ти декември 2020 година. Тој бил прв Ахмад лека од источна Африка. Ахмадијатот го прифатил по истражувањето и стапувањето во контакт со Ахмади мисионер. Имал голема страст во ширењето на порака на исламот на Ахмадијатот. Секогаш со себе ги носел книгите на Заедницата.

Зборувал дека во болницата ги лечел физичките болести, а сега ги лечи духовните болести. Тој бил цврсто врзан за Заедницата и се погрижил и неговите деца такви да бидат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше неговите деца секогаш да останат поврзани со Заедницата на тој начин, и Аллах џ.ш. кон него да се однесува со милост и проштавање.

Сугхра Бегум сахиба

Сугхра Бегум сахибапочинала на 6-ти јануари во 2021 година. Таа била ќерка на асхаб на Ветениот Месија а.с.. Поседувала многу доблести, редовно се молела и многу го сакала Халифатот. Служела во Национални женски организации.

После неа останале два сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува и да прости, и на нејзиното потомство да му овозможи да продолжи со нејзините добри дела.

Чаудхари Кираматуллах сахиб

Чаудхари Кираматуллах сахиб починал на 26-ти декември 2020 година.  Тој бил внук на асхабот на Ветениот Месија а.с.. Имал многу големи доблести. Секогаш му бил благодарен на Бога. Бил многу гостопримлива.

Исто така, служел во Фуркановите сили. Подоцна, тој бил волонтер во канцеларијата на Ал-Фазал Интернационал.

Неговите деца и потомци и служат на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости, и на неговото потомство да му овозможи да продолжи со неговите добри дела.

Чаудхари Мунаввар Ахмад Кхалид сахиб

Чаудхари Мунаввар Ахмад Кхалид сахибпочинал на 20-ти август 2020 година. Бил исклучително поврзан со Заедницата и служел во различни канцеларии  во Германија. Кога бил во Пакистан на заедницата и служел на различни начини. Силно го сакал Халифатот.

После него останал сопруга, пет сина и шест ќерки.

Насиира Бегум сахиба

Насиира Бегум сахиба починала на 28 ноември 2020 година.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. со милост и простување да се однесува кон неа.

Раифи-уд-Дин Бутт сахиб

Рафи-уд-Дин Бутт сахиб починал на 6-ти декември 2020 година. Тој бил син на асхаб на Ветениот Месија а.с.. Во Заедницата служел во разни својства. Исто така, му била чест што бил заробеник на Аллаховиот пат.

Зад него останале четири ќерки и еден син. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. кон него да се однесува со милост и простување.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap