Хутби 2021 

Хазрети Осман р.а. II Жртвување на Аллаховиот пат

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека Затур-Рика е уште една борба. Забележано е дека, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кога тргнал во оваа битка го поставил хазрети Осман р.а. за Емир на Медина во неговото отсуство.

Освојувањето на Мека

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека при освојувањето на Мека, Ресуллулиллах с.а.в.с. им простил на сите, освен на четворица луѓе. Еден од нив бил Икрима бин Абу Џехел, кој избегал пред да го фатат муслиманите, но, подоцна се вратил и го прифатил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Имало уште еден човек, по име Абдуллах бин Аби Сарх, кој се криел. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја прифаќал заклетвата на верност од луѓето, Абдуллах излегол а хазрети Осман р.а. во негово име го замолил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да му прости и да ја прифати неговата заклетва на верност.

Во почеток Ресуллулиллах с.а.в.с. тоа го одбил, но потоа пристанал и ја прифатил неговата заклетва на верност.

Во врска со овој инцидент, хазрети Халифа-тул Месих V рече дека постои хадис во кој се наведува дека Ресуллулиллах с.а.в.с. подоцна прашал зошто неговите асхаби не го убиле Абдуллах бин Аби Сарх кога во почеток не скаал да ја прифати заклетвата на верноста. Меѓутоа, од другите хадиси и коментари хазрети Халифа-тул Месих V рече дека е докажано како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тоа, всушност, никогаш не го кажал.

Прифаќањето на исламот на Икрима бин Абу Џехел

Хазрети Халифа-тул Месих V според историските извори го поврзал  инцидентот со прифаќањето на исламот од страна на Икрима бин Аби Џехел. Познато е дека Икрима избегал кон брегот, а неговата сопруга тргнала по него. Или, што туку се качил на бродот, или, сè уште се подготвувал кога сопругата стасала и му кажала дека побарала сигурност за него, и го замолила да се врати и да го прифати исламот. Така, Икрима се вратил во Мека, дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го примил исламот.

После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажал на Икрима дека ќе му одобри сè што ќе посака. Икрима побарал Ресуллулиллах с.а.в.с. да му се помоли на Аллах џ.ш. да му се простат сите непријателства кои тој ги имал кон Чесниот Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. и кон исламот.

Прифаќањето на исламот од страна на Икрама р.а., всушност, е исполнување на претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кое тој го имал во сон.

Еднаш, видел дека се наоѓа во преубава градина, каде се наоѓала гранка полна со урми. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал кому тоа му е наменето и му било кажано дека е за Абу Џехел. Во почеток, Чесниот Пратеник Мухмаммед с.а.в.с. бил загрижен бидејќи било кажано дека градините им се наменети само на верниците. Меѓутоа, подоцна, кога хазрети Икрима бин Абу Џехел го прифатил исламот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го разбрал сонот за него.

Големата жртва на хазрети Осман р.а. во текот на битката на Табук

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека во времето на битката на Табук, хазрети Осман р.а. бил од голема помош. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. упатил апел за парична помош тогаш хазрети Осман р.а. донел сто камили.

После тоа, Чесниот Пратеник с.а.в.с. упатил уште еден апел, по што хазрети Осман р.а. донел уште сто камили.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. упатил и трет апел на кој хазрети Осман р.а. донел уште сто камили.

Исто така, забележано е дека хазрети Осман р.а. подарил десет илјади динари на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

После тоа, Ресуллулиллах с.а.в.с. се помолил за него и рекол дека ќе му биде простено за сè што дотогаш направил. Забележано е дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел Аллах да биде задоволен со хазрети Осман р.а., како што тој самиот е задоволен со него.

Хазрети Халифа-тул Месих V претстави уште неколку хадиси кои давале различни извештаи за сите работи кои хазрети Осман р.а. ги направил за време на  подготовката на оваа битка.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека е забележано оти Ресуллулиллах с.а.в.с. рекол дека хазрети Осман р.а. купил дел од Џеннетот.

Всушност, забележано е дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова го кажал повеќе пати во врска со хазрети Осман р.а.

Претскажувањето за Халифатот на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека Ресуллулиллах с.а.в.с. му кажал на хазрети Осман р.а. дека ќе му биде даден мантил да носи, но, исто така, ќе има и такви кои ќе му речат да го свлече. Но, сите тие кои ќе му кажат да го свлече мантилот ќе бидат лицемери. Со тоа било потврдено дека, подоцна, сите тие кои ќе се спротивстават и ќе предизвикат неред против хазрети Осман р.а., всушност, се лицемери.

Тој наведе дека хазрети Абу Бакр р.а. високо го почитувал хазрети Осман р.а.. Многумина му верувал и често се со ветувал со него за важни работи, и сметал дека неговите совети се полни со мудрост.

Жртвуањето на хазрети Осман р.а. прифатено во Џеннетот.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека еднаш во текот на Халифатот на хазрети Омар р.а. отишле кај хазрети Абу Бакр р.а. кој им кажал да не се грижат и дека таа вечер ќе им биде лесно. Истиот ден хазрети Осман р.а. се вратил со својот караван од Сирија, носејќи пченица и житарки. По враќањето луѓето отишле до неговата куќа и го замолиле да ја продаде пченицата и житарките кои ги вратил, за да можат да им се поделат на сиромашните. Хазрети Осман р.а. прашал колку од тоа ќе заработи и тие кажале еден или два дирхеми повеќе од вистинските трошоци. Хазрети Осман р.а. рекол дека постои некој кој дава повеќе. Тие го прашале кој е тој што му нуди поголема цена на што хазрети Осман р.а. одговорил дека Аллах џ.ш. е тој што дава повеќе. Потоа, им ја дал пченицата и житарките како милостина за да можат да ги поделат на сиромашните.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека подоцна, таа ноќ, Ибн Аббас р.а. го сонувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и видел дека му се брза. Хазрети Ибн Аббас р.а. го прашал зошто брза и во сон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека хазрети Осман р.а. дал милостина а Џеннетот тоа го прифатил, и дека Аллах џ.ш. го склопил неговиот брак во Џеннетот, и сите биле поканети.

Изборот на хазрети Осман р.а. за Халифа

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека по повредувањето на хазрети Омер р.а. побарале тој да постави Халифа после него, но, тој тоа не го направил. Наместо тоа, еден ден објавил дека ако починат шест луѓе треба да го изберат новиот Халифа.

Потоа, ги именувал тие луѓе со кои Ресуллулиллах с.а.в.с. пред смртта бил задоволен; Али бин Аби Талиб р.а., Зубаир бин Аввам р.а., Абдур Рахман бин Ауф р.а., Осман бин Аффан р.а., Талиха бин Убаидиллах р.а., Са’д бин Ваккас р.а..

Хазрети Омер р.а., исто така, дал насоки како да се одржат изборите.

Хазрети Халифа-тул Месих V, потоа, детално го опиша изборот на хазрети Осман р.а. за следниот Халифа и го прочита првото обраќање на хазрети Осман р.а. како Халифа.

Апел за дови

Хазрети Халифа-тул Месих V повторно упати апел за дови за сите Ахмади муслимани кои живеат во Пакистан, Аллах џ.ш. да им ја олесни ситуацијата и темните денови да им ги претвори во светлина.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap