Хутби 2021 

Хазрети Осман р.а. II Борец на Божјиот пат

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а. во врска со борбите во кои учествувал.

Битката на Бедр

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. физички не можел да учествува во битката на Бедр бидејќи неговата сопруга хазрети Рукајја р.а. била болна. Поради тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил да остане покрај неа и да се грижи за неа.

Подоцна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го вклучил во распределбата на воениот плен и така и самиот тој станал дел од битката.

Битката кај Гатафан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тргнал кон Гатафан, за свој заменик во Медина го поставил хазрети Осман р.а., така што повторно хазрети Осман р.а. физички не присуствувал во битката.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за позадината на оваа битка, за тоа како одредени племиња на Бану Гатафан имале намера да ја нападнат Медина. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал за нивните планови и, за да ја неутрализира заканата со војската, тргнал на кај Бану Гатафан. Кога дознале за доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. останатите племиња се сокриле во планините. Иако биката не се случила, сепак, заканата над Медина била неутрализирана.

Инцидент во текот на битката на Ухуд

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Осман р.а. учествувал во битката на Ухуд.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека во текот на битката имало муслимани кои боиштето го напуштиле по лажните гласини дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. загинал, и тоа по ненадејниот напад кој го извел Абу Суфијан со своите трупи. Останало забележано дека хазрети Осман р.а. бил меѓу тие кои го напуштиле боиштето.

Неговата светост, Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше следниот ајет од Чесниот Кур’ан, кој се однесува на оние кои избегале од битката.

        „Оние од вас кои го свртеа грбот во денот кога две групи се судрија, навистина, шејтанот ги навел да потклекнат поради     своите дела кои ги направија. Но, нив Аллах сигурно веќе им    простил. Навистина, Аллах најмногу простува (и) и благ е.“

                                                                                        (3:156)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ракажа за одредени детали од битката на Ухуд, објаснувајќи дека Курејшиите прошириле лажна вест дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. загинал од нивната рака. По  слушањето на таа вест некои асхаби обесхрабрени, иако релативно мал број од нив, го напуштиле боиштето и се упатиле кон Медина. Меѓутоа, поради нивната искреност, Семоќниот Аллах во Чесниот Кур’ан спомна дека им е простено. Имало уште една група на асхаби кои по оваа лажна вест не се вратила во Медина, туку поради тешката тага поминала на една страна од боиштето. Постоела и трета група која, наспроти лошата вест, продолжила да се бори. Подоцна, меѓутоа, припадниците на првите две групи штом слушнале дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сè уште е жив, веднаш се вратиле во борба. Забележано е дека хазрети Осман р.а. бил дел од втората група која не се вратила во Медина, туку се преселила на една страна од бојното поле.

Договорот на Худејбија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го спомна хазрети Осман р.а. и во врска со договорот на Худејбија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сонувал сон во кој кружел околу Ка’ба и сфатил дека заедно со своите асхаби треба да оди на Умра (помал аџилак). Тоа бил месец Зул-Ка’дах, еден од светите месеци во кој борбата била забранета, и затоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на своите асхаби им наредим мечевите да ги држат во кориците. И така, Чесниот Пратнеик Мухаммед с.а.в.с. со преку четири стотини асхаби тргнал кон Мека.

Попат, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сопрел кај Зул-Хулаифа, каде што тој и неговите асхаби претпоставиле дека е Ихрам. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил еден асхаб кон Мека за да прибави информации и да се осигури дека Меканците не подготвуваат нешто. Овој асхаб се вратил со информација дека Меканците имаат намера да ги спорат муслиманите и дека се подготвени и на борба. Тие дури и пратиле група која муслиманите ги фатила на нивниот пат. Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил да не се оди по познатиот пат кон Мека, туку, да се тргне по друг пат за да се избегне било каков вид на борба.

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговите асхаби се зауставиле во долината на Худејбија. Таму, човекот од Мека му кажал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека главатарите никогаш нема да му дозволат да влезе во Мека, дури ако е потребно и ќе се борат со него. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека нема намера да се бори со нив, туку е подготвен да склопи договор. Одржал говор кој го трогнал човекот од Мека, по име Будаил, и тој рекол дека ќе ги извести и ќе се обиде да ги увери главатарите од Мека. Главатарите биле уверени дека главатарот, по име Урвах бин Мас’уд, ќе се согласи со тоа и кој во името на Меканците отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Кога се вратил во Мека, Урва рекол дека посетил многу кралеви и лидери, но никогаш не сретнал некого кој добивал толку чест и почит како што добивал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. од страна на своите асхаби.

Потоа, Курејшиите пратиле претставници кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за да преговараат за договорот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Мека пратил и муслимански претставник кој требало да им го објасни муслиманското гледиште по тоа прашање и добро да им го објасни нивниот став. Меѓутоа, додека претставникот патувал неговата камила била нападната и повредена, и, иако Меканците и него самиот сакале да го повредат, сепак го пуштиле и го натерале да се врати назад во муслиманскиот логор.

Курејшиите тогаш решиле да пратат трупи, тајно да го опколат муслиманскиот логор и да најдат прилика да ги нападнат. Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал за овој план, и наспроти тоа што го направиле во светиот месец, сепак им опростил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во овие инциденти може да се види крајното ниво на трпение кое Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го покажал и да се препознае неговата желба за воспоставување на мирот.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не бил обесхрабрен со овие случки и решил дека, сепак, треба да прати влијателна личност со потекло од Мека која ќе помогне Меканците да ја разберат вистинската намера на муслиманите.

Така, хазрети Осман р.а. бил пратен во Мека во името на муслиманите и со пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. упатена на Меканците.

Хазрети Осман р.а. отишол се сретнал со луѓето од Мека и им ја пренел пораката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Меѓутоа, Меканците останале тврдоглави и кажале дека нема да им дозволат на муслиманите да влезат, но сепак, на хазрети Осман р.а. ќе му дозволат да направи теваф околу Ка’ба. Хазрети Осман р.а. прашал како тоа да го направи кога на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му забраниле да влезе. Така, хазрети Осман р.а. почнал да се подготвува за заминување во муслиманскиот логор, но Меканците го спречиле во тоа. 

Потоа, се прошириле лажни вести дека хазрети Осман р.а. бил убиен. Кога тоа го слушнал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги собрал асхабите и побарал да се заколнат дека сега ќе продолжат и нема да сопрат ниту по цена на животот. При заклетвата, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. испружил рака и сите останати асхаби ги ставиле своите раце преку неговата. Тогаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. својата друга рака ја ставил преку нивните раце и рекол дека таа ја симболизира раката на хазрети Осман р.а., бидејќи, ако бил тука и тој самиот би учествувал во заклетвата. Оваа заклетва е позната под името Баи’ат-и-Ридван.

Исто така, се спомнува и во Чесниот Кур’ан:

        „Навистина, Аллах беше задоволен со верниците кога тие се         заколнаа на верност (дале Баи’ат) кон тебе под Дрвото, и Он      знаеше што е во нивните срца, и спушти мир над нив, и им         подари блиска победа.“                                               (48:19)

Откако слушнале за оваа заклетва Меканците се исплашиле и веднаш пристанале на договор со тоа што на муслиманите им дозволиле да влезат дури наредната година, и така, го пратиле Сухаил бин Амр за да ги финализира условите за договорот со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Така е формиран договор кој е познат како Договорот на Худејбија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и понатаму ќе зборува за животот на хазрети Осман р.а.

Апел за молитви

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно го сврти вниманието на Заедницата кон молитвата, посебно за условите кои се во Пакистан, каде Ахмади муслиманите не се сигурни ниту во ѕидовите на сопствените домови. Полицијата е под влијание на нивната улема.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат добри полицајци кои кажуваат дека се присилени да се однесуваат според наредбите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Ахмади муслиманите да бидат заштитени од таквите луѓе и да им се овозможи полесен живот. Тој рече дека ако продолжиме со молитвите кон Бог наскоро ќе ја видиме несреќната судбина на тие луѓе. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше да ни се овозможи да продолжиме со молитвите во тој поглед.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap