Хазрети Мухамед с.а.в.с.

Нашиот Пратеник Хазрети Мухаммед с.а.в.с. бил роден во Мека во август 570 година АД. Му било дадено име Мухамед, што значи фален. Кога Пратеникот имал повеќе од триесет години љубовта кон Бог се повеќе го обземала. Спротивувајќи му се на многубоштвото и на бројните пороци на луѓето во Мека, тој одбрал редовно да размислува во пештера оддалечена две или три милји. Во своите четириесет години ја примил првата објава. Во првите ајети од Кур‘анот (96:2-6) му било наредено да го прогласи името на Едниот Бог, Кој го создал човекот и го засеал семето на Својата љубов и преку моливот светот ќе биде учен на секаков вид на знаење. Овие ајети претставуваат скратен приказ на Кур‘анот.

„Навистина ви дојде Пратеник од вас; тој е тажен поради тоа дека ќе западнете во неволја; тој копнее кон вас (барајќи добрина); (и) кон верниците (е) Сомилосен, Милостив.“

(Сура 9:128)

„А ние тебе не те пративме освен како милост на сите светови.“

(Сура 9:128)

„Навистина, Пратеникот ви е убав пример за оној кој се надева во Аллах и Судниот ден и кој многу го спомнува Аллах.“

(Сура 33:22)

„Мухаммед не е татко на ниту еден од вас луѓето, туку Аллахов Пратеник и Печат на Веровесниците; а Аллах има добро знаење за сите нешта.“

(Сура 33:41)

„О Веровеснику, Ние тебе те пративме како сведок и донесувач на радосни вести и како оној кој повикува;

(Сура 33:46)

и како оној кој повикува кон Аллах по Неговата наредба, и како сјајно сонце.“

(Сура 33:47)

„Аллах и Неговите мелеки праќаат милост на Веровесникот. О вие кои верувате! И вие повикувајте милост (со салаватите) на него и поздравувајте го многу со селам.“

(Сура 33:57)

„Он е Тој кој го пратил Својот Пратеник со Упатство и Вера во вистинита, да Он направи таа да преовлада над сите светови. А Аллах е доволен Сведок.“

(Сура 48:29)

„И ти несомнено поседуваш високи морални одлики.“

(Сура 68:05)

Слушнете ја салватата на Светиот Пратеник:

 

Share via
Copy link
Powered by Social Snap