Хазрети Мирза Масроор Ахмад

Hazreti Mirza masroor

Сегашниот поглавар на светски раширената Ахмадија заедница, Халифа-тул Месих V е роден  на 15 септември 1950 година во Рабва, во Пакистан, внук на хазрети халифа-тул Месих II р.а..  По завршувањето на колеџот во Рабва, магистрирал на универзитетот Фаислабад во Пакистан.  Уште од рана младост својот живот му го посветил на исламот. Извршувал низа значајни и  одговорни работи во Џемаатот. Неколку години поминал во Гана како директор во  образованието, и под негово водство изградени се голем број на болници и училишта во таа  земја. Во 1985 година се враќа во Пакистан каде ја презема должноста на управител во одделот за финансии, потоа станува директор во образованието како и Амир (поглавар на локалниот џемаат). Покрај ова извршувал и многу други работи внатре во Заедницата. На 22 април 2003 година е избран за халифа-тул Месих V, петтиот халифа на Ветениот Месија а.с.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap