Хутби 2020 

Хазрети Алија р.а. – Четвртиот Халифа на исламот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делото на хазрети Алија р.а..

Продолжувајќи од минатата хутба, во која хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна за убиството на хазрети Осман р.а. и за настанатите недоразбирања, наведе исечок од хазрети Халифа-тул Месих II, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а., кој рекол, за да се избегне таквиот неред муслиманите мора да бидат добро образувани и секогаш мора да бидат поврзани со заедницата и Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во денешно време сме благословени што ја имаме МТА телевизијата, на која се емитуваат хутби и разни други верски програми ширум светот.

Значи, освен проучувањата на книгите на Ветениот Месија а.с. потребно е да се прати и учи од МТА телевизијата, посебно со следење на хутбите, секој петок.

Битката кај камилата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека случувањата, кои се случувале во битката кај камилата, се однесуваат на односите помеѓу хазрети Алија р.а. и хазрети Ајша р.а..

Се пренесува дека хазрети Ајша р.а. јавала на камила во текот на битката, поради што битката се нарекува Битката кај камилата.

После смртта на хазрети Осман р.а. бунтовниците се рашириле и кренале во различни правци. Некои од нив, кои се придружиле на хазрети Ајша р.а. за да се осветат, додека, друга група од тие бунтовници му се придружиле на хазрети Алија р.а..

Кога дознала за смртта на хазрети Осман р.а., хазрети Ајша р.а. ги охрабрила придружниците да се осветат за смртта на хазрети Осман р.а.. Поради тоа, таа отишла за Басра со војската која ја собрала. Кога тоа го дознал, хазрети Алија р.а., исто така, заминал за Басра со својата војска. Тогаш и се случила битката помеѓу двете војски.

Договор после примирјето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога двете војски стигнале во Басра хазрети Алија р.а. пратил гласни кај хазрети Ајша р.а., хазрети Зубаир р.а. и хазрети Талха р.а., кои се придружиле на војската бидејќи почувствувале дека хазрети Алија р.а. не бил доволно брз да преземе мерки за одмаздата.

Гласникот ги прашал какви им се намерите, на што одговориле дека ќе се борат со цела да ја исполнат реформата. После тоа, гласникот ги советувал дека, ако влезат во судир, нередите и несогласувањата повеќекратно ќе се зголемат. Подоцна, и самиот хазрети Алија р.а. отишол и се состанал со противничкиот табор, и по средбата дошло до договор дека нема потреба од борба и крвопролевања.

Интриги на бунтовниците

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, увидувајќи го фактот оти е постигнат договор, се загрижиле дека не би било добро за нивните сопствени мотиви ако муслиманите се обединат. Поради тоа, тие смислиле план, и бунтовниците кои се преставувале како поддржувачи на хазрети Алија р.а. и поддржувачите на хазрети Ајша р.а. се напаѓале меѓусебно. Тоа предизвикувало метеж и нереди и се чинело како битката помеѓу двете страни да започнала. После таквите случувања хазрети Алија р.а. пратил гласник кај хазрети Ајша р.а. да се сретнат и да разговараат за тоа да ја избегнат битката.

Кога се доближила нејзината камила, бунтовниците забележале дека нивниот план може да пропадне и почнале да ги насочуваат своите стрели кон камилата на хазрети Ајша р.а.. Хазрети Ајша р.а. ги повикала да престанат со борбите и да ги избегнат битките, меѓутоа, групата бунтовници продолжиле да стрелаат кон камилата.

Кога приврзаниците на хазрети Ајша р.а. го виделе немилосрдниот напад, не можеле да поднесат сопругата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да биде нападната на таков начин, преземале контра напад, а камилата на хазрети Ајша р.а. била мета на нападот.

Борбата завршила кога некој ја удрил и подгонил камилата на хазрети Ајша р.а..

Хазрети Зубеир р.а. и хазрети Талха р.а. даваат Баиат (заклетва) на хазрети Алија р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Алија р.а. ја видел состојбата на терен бил многу тажен. Хазрети Зубеир р.а. и хазрети Талха р.а. го напуштиле бојното поле бидејќи ја сфатиле грешката за развојот на настаните и за она што се случува, но и двајцата во текот на битката станале шехиди.

Меѓутоа, пред да бидат убиени, и двајцата му ја дале својата заклетва на хазрети Алија р.а..

Подоцна, хазрети Алија р.а. ги преземал сите мерки хазрети Ајша р.а да биде безбедна и отишол самиот да ја испрати од бојното поле.

При враќањето, хазрети Ајша р.а. и хазрети Алија р.а. меѓусебно се согласиле дека нивниот проблем бил ништожен и се однесувал на некои неважни работи, кои обично се случуваат помеѓу членови на фамилијата и понекогаш излегуваат од контрола.

Битката кај Сиффин  

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе неколку детали кои се однесуваат на битката кај Сиффин, која се водела помеѓу хазрети Алија р.а. и хазрети Му’авиј р.а.. Сиффин е место сместено помеѓу Сирија и Ирак, Кога двете завојувани страни дошле до Сиффин хазрети Алија р.а. јасно изјавил дека дошол да склопи примирје со хазрети Му’авиј р.а., но хазрети Му’авиј тоа го одбил и инсистирал убијците на хазрети Осман р.а. да се предадат нему.

Направени се сите можни напори борбата да се избегне, но, сетот тоа било безуспешно.

Еден од обидите бил од двете страни да се именуваат претставници кои, според Чесниот Кур’ан, требало да одлучат што ќе се случи со оние кои го убиле хазрети Осман р.а.. Хазрети ‘Амр бин ‘Аас р.а. бил именуван како претставник на хазрети Му’авиј р.а., а хазрети Ебу Муса Еш’ари бил именуван од страна на хазрети Алија р.а.. Кога двајцата се состанале, прво одлучиле хазрети Му’авиј р.а. и хазрети Алија р.а. да бидат разрешени од своите раководни места.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа не било целта поради која биле именувани од двете страни да преговараат, па одлуката, од секој аспект на посматрање, била погрешна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека двајцата преговарачи требало да ја кажат својата одлука.  Хазрети  ‘Амр бин ‘Аас р.а. објавил дека нивната одлука била хазрети Алија р.а да не бидеде повеќе Халифа, но тогаш, хазрети Му’авиј р.а. рекол дека треба да остане како Емир.

Од било која причина, можеби поради влијанието на другите, донел погрешна одлука. Хазрети Алија р.а.  го одбил тоа и рекол и рекол дека тоа не целта за која тие биле именувани.

Група бунтовници отишле кај хазрети Алија р.а. и му рекле дека погрешил што воопшто именувал преговарачи, иако тоа го прифатил на нивни наговор. Хазрети Алија р.а рекол дека не преставува ништо погрешно во именувањето на личности за преговарање кои ќе одлучат за случајот за убиството на хазрети Осман р.а., но јасно ставил до знаење дека нивната одлука ќе биде прифатена ако биде во согласност со Чесниот Кур’ан, но, за волја на вистината, нивната одлука не била вистинска.

Овие луѓе тоа не го прифатиле и ја напуштиле лојалноста кон хазрети Алија р.а. и станале познати како Хавариџ, и рекле дека нема потреба од лидерство.

Битката кај Нахраван

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе информации за инцидентите кои се случиле во текот на битката кај Нахраван, кој се случила помеѓу хазрети Алија р.а. и Хавариџ.

Хавариџ почнал да прави проблеми и да извршува бесмислени убиства, кој во бес убивал и жени. Кога хазрети Алија р.а дознал за овие проблеми пратил извидник за да види реално што се случува на терен. Но, Хавриџ кога го сретнал. извидникот го убил.

После тоа, самиот, хазрети Алија р.а. отишол во Нахраван и го повикал Хавариџ да преговараат за примирје.

После овој настан, неколку стотини, од четирите илјди придружници на Хавариџ, му се придружиле на хазрети Алија р.а., а голем број од останатите се повлекле од битката. Останатите, кои останале верни на Хавариџ, биле убиени во текот на борбата која се водела.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да говори за животот и делото на хазрети Алија р.а..

Молба за молитва за Ахмади муслиманите во Алжир и Пакистан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно упати молба за молитва за Ахмади муслиманите кои живеат во Алжир и Пакистан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека последните денови стигнале добри вести од Алжир, каде во два суда се ослободени многу Ахмади муслимани кои претходно биле лажно обвинети.

Тој упати молитва кон Аллах за судиите кои го превземале овој чекор за праведна постапка и за понатаму да се однесуваат праведно.

Спомна, дека многумина кои имаат моќ во Пакистан постапуваат неправедно, и нека Аллах џ.ш. ги поправи и нека им подари разум и да се ослободат од злобите и предрасудите.

Меѓутоа, за оние за кои Аллах џ.ш. смета дека не сакаат да се реформираат и исправат нека бидат казнени. Нека Аллах џ.ш. им даде олеснување на сите Ахмади муслимани во Пакистан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ахмади муслиманите во Пакистан треба да посветат посебно внимание да ги клањаат своите намази, а посебно внимание да обрнат на клањање на доброволните намази. Тој наведе на кои намази треба да обрнат посебно внимание.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после џума намаз ќе клања џенази во отсуство.

Хумда Аббас сахиба

Хумда Аббас сахиба била сопруга на Аббас бин Абдул Кадир Схахеен од Кхаирпур. Починала на 20 Декември 2020 година. Нејзиниот сопруг бил шехид, и после неговото заминување таа покажала големо трпение.  Кога нејзиниот маж бил убиен еден од нејзините браќа, кој не бил Ахмади муслиман, рекол дека нејзиниот сопруг бил убиен додека бил на правиот пат, меѓутоа, таа одговорила дека е почестена што сопругот бил шехид додека ја следел вистината и правиот пат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече делка една од нејзините најблиски пријателки од училиште се омажила за Зиа-ул-Хак. Меѓутоа, никогаш не ја посетила, говорејќи дека не е заинтересирана да ги одржува односите со сопругот на некој кој се спротивставувал и го злоупотребил Ветениот Месија а.с..

Хумда Аббас сахиба била многу побожна, редовно клањала намази и финансиски ги помагала другите. Истите навики ги пренела на своите деца. Доста го почитувала Халифатот. Сите кои ја знаеле многу ја сакале. После неа останале три ќерки и два сина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за нејзиното пшотомство да продолжи да ги спроведува нејзините добри дела, и нека Аллах џ.ш. го воздигне нејзиното место на Ахирет.

Ризван Саед Наееми сахиб

Ризван Саед Наееми сахиб починала на 13 Октомври 2020 година. Еднаш, во сон го видел Сеид Абдул Кадир Џилијан р.х. во сон, во кој покажал за некоја личност и фактот дека треба да се придружи на неговата заедница.

Така, сфатил дека тоа била Заедницата на Ветениот Месија а.с. и неговиот Халифа, па Ахмадијатот го прифатил во 2011 година.

Бил честита личност и со задоволство го ширел Ахмадијатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да останат непоколебливи и да продолжат да јги наследат неговите добри дела, и нека Аллах џ.ш. го воздигне неговото место на Ахирет.

Мали Али Мухаммад сахиб

Мали Али Мухаммад сахиб починал на 20 Август 2020 година. Имал чест да биде затвореник на Аллаховиот пат во Пакистан. Бил редовен во клањањето на намази и пост, бил гостољубив, ги чувал сиромашните, редовно го учел Чесниот Кур’ан и дал голем придонес и други да го учат.

После него останале три сина и единаесет внучиња. Еден од неговите синови служи како мисионер во Кенија и не можел да присуствува на џеназата на својот татко.

Нека Аллах џ.ш. му подари трпение и нека го воздигне статусот на неговиот татко на Ахирет.

Ехсан Ахмад сахиб

Есхан Ахмад сахиб починал на 27 Октомври 2020 година поради последици и компликации од корона вирусот.

Тој, на Ахмадија заедницата и служел во разни својства. Сакал да ја шири пораката на исламот и успеал да помогне на осуммина да го прифатат Ахмадијатот.

После него останала сопругата, два сина, ќерка, родители и тројца браќа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се помоли Аллах џ.ш. да им подари трпение на останатите од семејството и неговиот статус да го воздигне на Ахирет.

Риаз-уд-Дин Шамс сахиб

Риаз-уд-Дин Шамс сахиб бил најмлад син на Ѓалал-уд-Дин Шамс сахиб. Имал голема љубов кон Халифатот. За себе не се грижел, туку, потполното внимание го насочувал кон своите ќерки во време на болеста.

Сите кажуваат дека постојано имал насмевка на лицето, без оглед во каква ситуација се наоѓал.

После него останале две ќерки и син. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им подари трпение на потомството и Аллах џ.ш. да се смилува , да му прости и да го воздигне неговото место на Ахирет.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap