Хутби 2020 

Хазрети Алија р.а. – Почеток на Халифатот

Откако го проучи шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Мирза Масрур Ахмад (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за деталите од животот на хазрети Алија р.а..

Во текот на последните денови од животот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога одел во џамија, одел со помош на двајца асхаби, од кои едниот бил хазрети Алија р.а.. По смртта на Чесниот Пратеник с.а.в.с., хазрети Алија р.а. бил меѓу асхабите кои го спуштиле во мезар.

Давањето на баи’ат (заклетва) на хазрети Абу Бекир р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе некои хадиси во врска со давањето на заклетвата на хазрети Алија р.а. и на хазрети Абу Бекир р.а., како прв Халифа по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с..

Го наведе хадисот во кој се раскажува дека, кога муслиманите му давале заклетва на хазрети Абу Бекир р.а., тој погледнал околу себе и не го видел хазрети Алија р.а. Тој се распрашал за хазрети Алија р.а. и пратил по него и хазрети Алија р.а стасал и му дал заклетва на хазрети Абу Бекир р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. претстави уште еден хадис во кој се наведува дека хазрети Алија р.а. заклетвата му ја дал на хазрети Абу Бекир р.а., првиот или вториот ден по смртта на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и засекогаш му останал верен на хазрети Абу Бекир р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Алија р.а. толку многу брзал да го напушти домот, што не бил ниту потполно облечен ниту го ставил турбанот на глава.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе хадисите во кои се раскажува дека хазрети Алија р.а. повторно, по шест месеци, ја повторил заклетвата по смртта на хазрети Фатима р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе уште еден цитат на Ветениот Месија а.с., во кој, тој раскажува за мислењето на другите кои верувале дека, всушност, хазрети Алија р.а. требало да биде прв Халифа, наместо хазрети Абу Бекир р.а.. Меѓутоа, Ветениот Месија а.с. напишал дека тоа не можело да се случи, бидејќи не само што хазрети Алија р.а. дал заклетва на верност на Абу Бекир р.а., туку, останал непоколебливо и верно покрај хазрети Абу Бекир р.а..

Никогаш не им се придружил на оние кои се обидувале да кренат побуна против хазрети Абу Бекир р.а., туку напротив, им се спротивставувал.

Ветениот Месија а.с. исто така изјавил дека хазрети Алија р.а. имал многу сојузи ширум Арабија; и, ако навистина и тој сметал дека треба да биде прв Халифа, лесно можел да се пресели, собере сојузници  и да започне војна. Сепак, тој никогаш не направил такво нешто и останал верен до крај.

Секогаш, своите намази ги клањал зад хазрети Абу Бекир р.а., и никогаш не престанал со тоа, ниту некогаш изговорил било каква поплака.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Алија р.а. никогаш не бил непослушен ниту на еден Халифа пред него; и, ако речат дека не дал заклетва на хазрети Абу Бекир р.а., тоа е против неговата чест.

Разни услуги на хазрети Алија р.а. по смртта на Чесниот Пратнеик Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потоа спомна различни услуги кои ги давал хазрети Алија р.а. во текот на времето на трите Халифи.

Хузур а.т.б.а. рече дека по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имало такви кои заталкале, а биле и такви кои се придружиле на лажов кој го тврдел пратеништвото на личност по име Мусаилима. Тој претставувал закана за сигурноста на Медина бидејќи планирал да ја нападне. Затоа, хазрети Абу Бекир р.а. осмислил план да прати војска на сите влезови во Медина, а хазрети Алија р.а. имал задача тоа да го надгледува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во времето на Халифатот на хазрети Омер р.а. тој, кога одел на експедиции, го поставувал хазрети Алија р.а. за водач на Медина, наместо него.

Во текот на Халифатот на хазрети Осман р.а. имало многу немири. Во тоа време хазрети Алија р.а. послушно застанал покрај хазрети Осман р.а. и му давал искрени и мудри совети за разни работи.

Еднаш, домот на хазрети Осман р.а. бил опседнат со бунтовниците кои на хазрети Осман р.а. не му дозволувале, дури, ниту да јаде бидејќи сопирале било каков извор на храна до него. Тоа силно го вознемирило хазрети Алија р.а. и отишол кај нив да ги моли зборувајќи дека и неверниците им допуштат на своите заробеници да јадат. Хазрети Алија р.а. се обидувал на сите можни начини да ги измоли.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога хазрети Алија р.а. дознал за намерата да се убие хазрети Осман р.а. и ги пратил двата сина да стражарат на вратата на хазрети Осман р.а.. На крајот, кога бунтовниците влегле во куќата и го убиле хазрети Осман р.а., хазрети Алија р.а. бил исклучително вознемирен и тажен.

Во една прилика хазрети Алија р.а. му рекол на хазрети Осман р.а. како стравува дека се подготвува атентат врз него. Потоа, побарал дозвола од хазрети Осман р.а. да се бори против нив, но хазрети Осман р.а. рекол дека поради него самиот нема да дозволи да се пролее ниту капка крв.

Почеток на Халифатот на хазрети Али р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите по смртта на хазрети Осман р.а. побрзале кај хазрети Алија р.а. зборувајќи му дека тој е следниот Халифа. Хазрети Алија р.а. одговорил дека слениот Халифа ќе биде оној кого асхабите од Битката на Бедр ќе го одберат. Сите инсистирале на тоа следниот Халифа да биде хазрети Али р.а.. Хазрети Алија р.а. се распрашувал за хазрети Са’д р.а. и хазрети Зубаир р.а., но сепак, хазрети Са’д р.а. се издвоил и му дал заклетва на Баи’ат на хазрети Алија р.а. После тоа, хазрети Алија р.а. отишол во џамија, каде сите му дале заклетва (Баи’ат) на верноста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита некои цитати од хазрети Муслех Мауд р.а. во кои изјавил дека хазрети Алија р.а. во времето на земањето на наметката на Халифатот бил жртва на тешки околности, но сепак, било пресудно тоа да се направи за да опстане институцијата на Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Алија р.а..

Молба за молитва за Ахмади муслиманите во Алжир и Пакистан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. повторно го обрна вниманието на Заедницата кон молитвата за Ахмади муслиманите во Алжир и во Пакистан.

Условите на Ахмади муслимани во Алжир и понатаму се тешки; против нив секојдневно се креваат лажни обвиненија.

Со слични тешки околности се судруваат и во Пакистан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за тие што се одговорни за тешкотиите на Ахмади муслиманите да бидат повикани на одговорност пред Семоќниот Аллах, а на Ахмади муслиманите тешкотиите да им бидат намалени.

Исто така, им се обрати на Ахмади муслиманите во Пакистан и им порача дека мора, повеќе од кога и да е, вниманието да го насочат кон молитвата. Тој се молеше за олеснување и отворено проповедување на вистинската порака на исламот, не само во Пакистан туку ширум светот.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по џума намаз ќе клања џенази во отсуство.

Др. Тахир Ахмад сахиб

Др. Тахир Ахмад сахиб починал на 4 декември 2020 година. Тој бил специјалист за очни болести кој служел во болницата Махди. Понекогаш, и во слободни денови одел во болницата за да им биде при рака на болните. Наспроти нарушената здравствена состојба, продолжувал со работата и внимавал на пациентите.

Бил побожна, грижлива личност која сите ја сакале.

Имал голема љубов кон Халифатот и секогаш придонесувал кон различни потреби на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му опрости, како и да го воздигне неговиот статус на Ахиретот, и на неговите деца да им овозможи да продолжат со неговите добри дела.

Хабибуллах Мазхар сахиб

Хабибуллах Мазхар сахиб починал на 24 октомври 2020 година. Пред тоа бил заробеник на Аллаховиот пат. Неговото служење во Заедницата траело преку педесет години, и за тоа време служел во разни канцеларии.

Тој е прв човек кој бил обвинет на смртна казна според законите за богохулие во Пакистан, и така, му била дадена прилика да поднесува тешкотии за лажно обвинет во затворот, само поради Аллах џ.ш.. Останал позитивен во тоа време, а подоцна бил ослободен.

Редовно ги клањал своите намази. Бил многу љубезна и грижлива личност и многу го сакал Халифатот. Зад него останал сопруга, пет сина и ќерка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му опрости и да го крене неговиот статус на Ахирет, а на неговите деца да им овозможи да ги продолжат неговите добри дела.

Башир-уд-Дин Ахмад сахиб

Башир-уд-Дин Ахмад сахиб починал на 30 ноември 2020 година. Тој бил вклучен во служењето на Заедницата на разни начини и ги повикувал не Ахмади муслиманите во својот дом за да им ја проповеда верата.

Секоја година доаѓал во Велика Британија и учествуал на Џалса Салана. Зад него останала сопруга, три ќерки и два сина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му опрости и да го крене неговиот статус на Ахирет, а на неговите деца да им овозможи да ги продолжат неговите добри дела.

Амина Ахмад сахиба

Амина Ахмад сахиба починала на 19 октомври 2020 година. По потекло била од Гвајана. Ахмадијатот го прифатила доека студирала во Велика Британија.

Таа била сочувствителна, љубезна и гостопримлива. Редовно ги клањала своите намази. Исто така, редовно го учела Чесниот Кур’ан, и, иако здравствена состојба не и била добра, секоја година доаѓала на Џалса Салана во Велика Британија. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува, да и опрости и да го крене нејзиниот статус на Ахирет а нејзините деца да им овозможи секогаш да останат во верата.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap