Хутби 2020 

Хазрети Алија р.а. – Борец на Божјиот пат

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека и понатаму ќе зборува за животот на хазрети Алија р.а..

Во времето на битката на Ухуд, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. знамето на исламот му го дал на хазрети Алија р.а., по хазрети Мус’аб  бин Умаир р.а., кој претходно го носел знамето и кој станал шехид.

Во текот на оваа битка, човекот кој го носел знамето на неверниците истапил и го нападнал хазрети Алија р.а., против кого хазрети Алија р.а. се борел и победил.

Како што се доближувала друга група на Курејшии, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наредил на хазрети Алија р.а. да се бори против нив.

Во тоа време, мелекот Џибрил дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. и му рекол дека со хазрети Алија р.а. треба да биде сомилосен.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Јас сум тој Али, а Алија е од мене.“

Љубов на хазрети Алија р.а. спрема Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. раскажа за големата љубов која хазрети Алија р.а. ја имал спрема Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.; љубов која продолжила да се развива и зголемува од самото негово детство.

Во текот на битката на Ухуд, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил ранет. Се пренесува дека хазрети Фатима р.а. ги чистела раните на Пратеникот с.а.в.с. додека хазрети Алија р.а. истурал вода од својот штит. Се наведува дека тој ден хазрети Алија р.а. се здобил со шеснаесет рани.

На хазрети Алија р.а му е доделен мечот на Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с.

Во текот на битката кај Хендек, кога некои Курејшии го поминале ровот, ‘Амр бин’ Абд Вудд Курејшија повикал на двобој. Хазрети Алија р.а. одговорил на тој повик и побарал од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Алија р.а. му го дал својот меч и се помолил за неговата победа, со што хазрети Алија р.а. го победил Амр а останатите Курејшии избегале.

Писарот на Чесниот Пратеник с.а.в.с. во текот на Договорот на Худејбија

Во времето на Договорот на Худејбија, хазрети Алија р.а. бил писар на договорот. Додека договорот бил пишуван, хазрети Алија р.а. напишал:

„Мухаммед, Аллаховиот Пратеник“,

на што претставникот на неверниците се спростивавил бидејќи тие не го прифаќале како Аллаховиот Пратеник.

Главната цел на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш била формирање на овој договор и воспоставување на мир, и затоа му кажал на хазрети Алија р.а тоа да го избрише. Очите на хазрети Алија р.а. се исполниле со солзи и не можел да го избрише Мухаммед, Аллаховиот Пратеник.

Така, самиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с. морал тоа да го направи.

Во времето на битката кај Хајбер, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. најавил дека знамето на исламот ќе го додели на оној кој го сака Пратеникот с.а.в.с. а и Пратеникот с.а.в.с. го сака него, (според другиот хадис, оној кој го сака Аллах џ.ш. и кого Аллах џ.ш. го сака) и победата ќе биде постигната со неговата рака.

Во тоа време, хазрети Алија р.а. имал болест на очите. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ставил малку од неговата благословена плунка на неговите очи, што го ослободило од болката, и после тоа знамето на исламот му го доделил на хазрети Алија р.а..

Во текот на битката хазрети Алија р.а. се соочил лице во лице со еврејски војник и тие се бореле. Бидејќи и двата биле искусни во војувањето, тоа била долга битка, но на крајот хазрети Алија р.а. го совладал противникот и клекнал над него. Токму, кога хазрети Алија р.а сакал да го зададе последниот удар, противникот плукнал во лицето на хазрети Алија р.а.. Хазрети Алија р.а. веднаш се тргнал и го поштедил човекот.

На прашањето зошто го направил тоа, хазрети Алија р.а. објаснил дека во тој момент се борел само за Аллах џ.ш.; но кога човекот му плукнал во лицето, се разлутил и се загрижил дека од лична причина би можел да го убие. Така, се тргнал и го поштедел.

Довербата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  во хазрети Алија р.а.

Хазрети Алија р.а. бил дел од амбасадорите кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги пратил да го одземат писмото од Курејшиите, во кое детално биле наведени планови за освојување на Мека. Хазрети Алија р.а. и другиот амбасадор го преземале ова писмо пред да стаса до Курејшиите и му го вратиле на Чесниот Пратеникк Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека во текот на битката кај Хунаин, хазрети Алија р.а. го добил знамето на Мухаџирите. Во текот на битката имало момент кога покрај Чесниот Пратеник с.а.в.с. останале само неколку асхаби меѓу кои бил и хазрети Алија р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. тргнал во битката на Табук, на хазрети Алија р.а. му дозволил, наместо него, да биде Емир во отсуство. Хазрети Алија р.а. го прашал Чесниот Пратеник с.а.в.с. дали тоа значи дека го остава меѓу жените и децата. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека хазрети Алија р.а. би требало да биде среќен, бидејки тој нему му е како што  Харун а.с. му бил на Муса а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Алија р.а. во Јемен како судија. Хазрети Алија р.а. рекол дека му посочил на Чесниот Пратеник с.а.в.с. како се уште е млад и деке не е доволно упатен во тие работи. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го уверил дека Аллах џ.ш. ќе му даде способност и се помолилл за него.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. го советувал хазрети Алија р.а., секогаш кога двете спротивставени страни ќе ги изнесат аргументите пред да се реши спорот помеѓу нив, никогаш да не одлучува додека не ги сослуша и двете страни. Хазрети Алија р.а. рекол дека после ова, и следејќи ги советите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., никогаш немал тешкотии да биде судија.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека во иднина ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Алија р.а..

Молба за дови

На крајот, хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. упати апел за молитви. Рече дека во минатата хутба не успеал да го спомне Алжир, каде Ахмади муслиманите се соочуваат со тешка ситуација, а некои од нив се и во затворите поради својата вера.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. се молеше владата да биде мудра и да престане со такви тужби против Ахмади муслиманите.

Исто така, упати апел за молитва за Пакистан каде условите стануваат сè полоши. Тој се молеше, ако улемата и владините службеници не престанат, нека Аллах џ.ш. направи брзо да платат за последиците на своите дела.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на следниот починат член на Заедницата.

Рашид Ахмад од Рабва

Рашид Ахмад од Рабва, Пакистан, починал на 28 октомври 2020 година. Бил татко на Тахир Надим кој служи во арапската канцеларија во Велика Британија. Дедото на Рашид Ахмад сахиб ја имал честа да го прифати Ветениот Месија а.с. и дал заклетва на неговата благословена рака.

Рашид Ахмад сахиб бил многу праведен, љубезен и гостопримлив. Секогаш се грижел за сиромашните и слабите. Зад себе остава сопруга, три ќерки и два сина. Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. се молеше Аллах да му даде прошка, да биде милостив и да го крене неговиот статус на Ахирет.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap