Хутби 2021 

Уважениот статус на хазрети Осман р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Осман р.а..

Сонот за смртта на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Медина останала во рацете на бунтовниците и тие не дозволиле три дена телото на хазрети Осман р.а. да се погребе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во сон бил известен за смртта на хазрети Осман р.а., и му било кажано дека ќе стане шехид и ќе мине низ големи тешкотии.

Хазрети Анас р.а. пренесува дека еднаш планината Ухуд се тресела и дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол да престане бидејќи на неа се наоѓал пратеник, сидик (вистинољубив) и двајца шехиди. Ова, исто така, покажало дека хазрети Осман р.а. ќе стане шехид.

Што се однесува до наследството кое хазрети Осман р.а. го оставил, на денот на неговото убиство во благајната имало 30.500.000 дирхами и 150.000 динари, и сето ова било ограбено. Исто така, зад себе оставил 1.000 камили, во палатата наречена Рабазах. Имало и други места во кои тој давал садака.

Како и да го стекнувал богатството, хазрети Осман р.а го трошел на добробит на луѓето и го давал во добротворни цели.

Хадиси во врска со хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., потоа, кажувал за хадисите во врска со хазрети Осман р.а..

Хазрети Али р.а. изјавил дека хазрети Осман р.а. бил сметан за Зун-Нураином (сопственик на две светлини) на земјата и на небото. Секогаш се трудел да создава мир меѓу луѓето.

Кога хазрети Ајша р.а. ја примила веста за неговата смрт рекла дека, иако го убиле, тој сепак најдобро ги помирувал луѓето, и од сите луѓе бил најпобожен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потоа, кажа дека постои дова на Чесниот  Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во врска со неговите зетови во која го молел Аллах џ.ш. никој од нив да не влезе во огнот, ниту некој друг кој им бил зет.

Изгледот и облеката на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., потоа, прочита неколку хадиси во врска со облеката на хазрети Осман р.а.

Еден од асхабите го видел како јава на мазга, завиткан во две жолти платна. Уште еден асхаб сведочел како хазрети Осман р.а. додека бил облечен во црна ткаенина држел хутба. Во другиот хадис еден асхаб го видел како носи јеменска облека која вредела 100 дирхеми.

Во врска со изгледот на хазрети Осман р.а. асхабите пренеле дека не бил ниту висок ниту низок, имал убаво лице, мека кожа, гаста брада, силни зглобови, широки рамиња, на главата гаста коса и на брадата ставал кана.

Еден асхаб пренесува дека хазрети Осман р.а. кога држел хутба, го земал стапот и се ослонувал на него.

Друг асхаб пренесува дека хазрети Осман р.а. бил најзгоден маж.

Прстенот на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за инцидентот поврзан со прстенот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кога Пратеникот с.а.в.с. решил да му напише писмо на гувернерот на Рим.

Хазрети Осман р.а. рекол дека, ако на писмото не постои печат тој нема да го прочита. По тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. наредил да му се направи сребрен прстен на кој било изгравирано ’Мухаммед Расулуллах‘. Тој прстен потоа го носел Абу Бакр р.а., потоа Омер р.а., а потоа и Осман р.а. Прстенот, сепак, случајно бил загубен. Хазрети Осман р.а. понудил голема награда за тој што ќе го пронајде прстенот. По безуспешна потрага и неможноста да се најде, хазрети Осман р.а. наредил да се направи ист таков прстен и го носел сè до смртта. Сепак, тој прстен по тој ден бил ограбен.

Уважениот статус на хазрети Осман р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека хазрети Осман р.а. бил еден од десетте луѓе на кои им била дадена радосна вест за Џеннетот.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зборувал дека хазрети Осман р.а. ќе биде со него во Џеннетот. Зборувал дека секој пратеник во Џеннетот има драг пријател, а негови пријател во Џеннетот ќе биде токму хазрети Осман р.а..

Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил со група мухаџири во кои имало многу ценети асхаби. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол сите да застанат до својот пријател а тој самиот застанал покрај хазрети Осман р.а., зборувајќи му дека тој му е пријател во овој и во идниот живот.

Кога бунтовниците ја опколиле куќата на хазрети Осман р.а. неговиот ослободен роб го советувал дека против нив треба да се борат. Хазрети Осман р.а. рекол:

„Во името на Аллах џ.ш., нема да се борам против нив бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. нешто ми има ветено и очекува тоа да се исполни.“

Лицемерите често зборувале дека хазрети Осман р.а. не учествувал во битката на Бедр, и дека избегал од битката на Ухуд. Кога тоа го слушнал, хазрети Ибн Омер р.а. застанал во негова одбрана и ја кажал вистината за секое наведено обвинение кое било во врска со него.

Улога на хазрети Осман р.а. во проширувањето и реновирањето на Пратениковата с.а.в.с. џамија

Хазрети Осман р.а. за 10.000 дихеми купил земјиште кое се наоѓало покрај Месџид Набави, а кое било потребно за проширување на џамијата, и потоа го подарил на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ова ќе го купи по цена за засолниште во Џеннетот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го поставил камен темелникот на оваа џамија уште во првата година по Хиџра. Првото проширување на џамијата се случило во седмата година по Хиџра.

Во времето на Халифатот на хазрети Омер р.а. таа била проширена, но, и првобитниот облик бил изменет. Потоа, во текот на Халифатот на хазрети Осман р.а. џамијата Месџид Набви уште еднаш била проширена, изградени се камени ѕидови и значително била разубавена. Хазрети Осман р.а. разговарал со асхабите и ги известил дека ќе ја обнови Пратениковата с.а.в.с. џамија. Освен неколку асхаби сите останати се согласиле со предлогот. Хазрети Осман р.а. не сакал никому да му се наметнува, или да го присили да се согласи, и затоа ги откупил куќите од оние кои не сакале џамијата да се обнови. Така, реновирањето било завршено во 30-та година по Хиџра.

Хазрети Осман р.а. продолжил да ја проширува џамијата во сите аспекти и ги разубавил ѕидовите и вратите. Исто така, направил ѕид околу Михраб поради сигурноста но оставил вдлабнатина за да џемматот може да го види имамот.

Ветениот Месија а.с. рекол дека хазрети Осман р.а. го споредува со хазрети Сулејман р.а., бидејќи и двата имале голема љубов кон градењето на големи објекти. Поради несогласувањето во времето на хазрети Али р.а. работата била сопрена. но поголемиот дел бил завршен во времто на хазрети Осман р.а..

Месџид-и-Харам исто така бил проширен во 26-та година по Хиџра и тоа го направил токму хазрети Осман р.а.. За таа цел тој ги откупил околните имоти и дал сè од себе да се помири со оние кои не сакале да ги продадат своите куќи. Кога се побуниле, хазрети Осман р.а. им кажал дека тоа го прават само поради сочувство кон него, бидејќи, кога истото се барало од нив, во времето на хазрети Омер р.а., тие тоа не се усудиле да го направат.

Првата морска мисија

Првата морска мисија се случила во времето на хазрети Осман р.а.. Амир Муавија во времето на хазрети Омер р.а. тоа го побарал но не добил дозвола. Потоа, во времто на Халифатот на хазрети Осман р.а. уште еднаш побарал дозвола и откако ја добил бил предупреден од страна на хазрети Осман р.а. никого да не присилува да учествува во таква битка. Под раководство на Абдуллах бин Кеис р.а. водени се 50 битки во кои ниту еден муслиман не се удавил или бил повреден.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол дека хазрети Осман р.а. најмногу приличи на неговото морално однесување. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова и го кажал и на својата ќерка, како и тоа дека со него треба да се однесува многу љубезно.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекче дека ќе клања џенази во отсуство на неколку личности.

Мубашар Ахмад Ринд

Мубашар Ахмад Ринд, синот на Ахмад Бакхш, Му’аллим од Вакф-и-Џедид Рабва, починал на 10-ти март.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. 

Тој бил од селото Ринда во Дера Газа Кхан. Работата ја започнал како Му’аллим Вакф-и-Џадид во 1990 година, и работел најразлични работи. Секогаш бил подготвен за секоја задача за која бил повикан, и никогаш не се жалел.

Сите напишале дека бил многу вреден, драг и скромен. Не толерирал никаков разговор против Заедницата. Зад него останале сопруга, два сина и три ќерки.

Нека Возвишениот Аллах му се смилува и нека му прости.

Муннер Ахмад Фаррукх

Муннер Ахмад Фаррукх, бивш Амир на џемаатот од Исламабад, починал во Канада во 84-та година од животот на 9-ти март, по подолго боледување.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Неговиот дедо бил хазрети Мунши Ахмад Бакхш сахиб, асхаб на Ветениот Месија а.с.. Таткото на Муннер сахиб бил др. Чаудхари Абдуллах сахиб кој својот живот го посветил откако Халифа-тул Месих II ја поттикнал младината да ја проучува науката. Муннер Ахмад Фаррукх сахиб дипломирал електротехника и работел за владата на Пакистан на развивање на телеграфските и телефонските услуги.

Зад него останале сопруга, два сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V се молеше неговите деца да чекорат по неговите стапки на добри дела.

Во Заедницата служел во многу својства, сè до последниот здив.

Кога Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. IV р.х. емигрирал во Англија, Муннер сахиб секоја година патувал на Џалса Салана и работел како преведувач. Неговиот син вели дека таткото секогаш ги советувал да и служат на Заедницата.

Нека Возвишениот Аллах му се смилува и нека му прости.

Бригадир Мухаммад Латиф

Бригадир Мухаммад Латиф, бивш амир од округот Равалпинди, починал на 28-ми февруари во 77-та година.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Ахмадијатот, заедно со таткото, го прифатил во 1955 година. Неговиот татко починал во 2000-та година, по што Латиф сахиб бил единствен Ахмад во своето семејство.

Зад него останала сопруга, два сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги упати неговите деца да чекорат по неговите стапки.

По пензионирањето во 2000-та година сето свое време го посветил на служењето во Заедницата и тоа го сметал за Аллахова милост. Дури и во времето на болест служел во Заедницата.

Нека Возвишениот Аллах му смилува и нека му прости.

Конок Баик Омур Бакуф

Конок Баик Омур Бакуф, Ахмад од Киргистан, починал на 22 февруари во 67-та година.

На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Национален претседател на киргистанскиот Џемаат пишува дека го познавал повеќе од 15 години. Тој бил еден од пионерите на Ахмадијатот во Киргистан, откако во 2000-та година го прифатил Ахмадијатот. Редовно ги извршувал задачите во Џемматот и редовно давал донации. Бил познат по искреноста и интегритетот и во слободно време ја продавал литературата на Џемматот.

Одиграл голема улога во лектурата на рускиот превод на Чесниот Кур’ан.

Зад него останала сопруга и седумгодишен син.

Исто така, имал деца и од првиот брак. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги упати да го прифатат Ахмадијатот и се молеше Возвишениот Аллах да биде милостив кон него, да му прости и да го воздигне статусот на сите починати.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap