Хутби 2015 

РАМАЗАН: Личното поправање и нашите одговорности

Ветениот Месија а.с. рекол дека нашиот Џемаат не треба да се ограничи на дискусии и дебати бидејќи тие не се вистинската цел. Тој рекол дека неопходно е лично прочистување и поправање и дека тоа е целта поради која Аллах го пратил.

Тој сакал праксата на Џемаатот да се промени. Велејќи да не се ограничуваме на дискусии и дебати тој мислел да не се ограничуваме само на зборови и така да го менуваме своето гледиште како нам ни одговара, а да не сме во состојба да се држиме до добрите морални стандарди.  Тој сакал личното чистење да ни стане дел од животот со цел да ја исполниме должноста кон заветот на баи‘атот. Ахмади муслиманите треба да запомнат дека треба да се држат до Божјите наредби и да ги вметнат во пракса со цел да ја исполнат должноста на баи‘атот. Ние стално треба да водиме сметка и да го имаме предвид Божјото задоволство. Во последната хутба во петок беше објаснето дека наредбата: „…Затоа тие треба Мене да ми се огласат…“ (2:187), треба да ја практикуваме со сите наши можности и својот живот да го трошиме во склад со божјите наредби за да го доживееме прифаќањето на довата. Треба да размислуваме за себе во посебна духовна атмосфера на рамазанот да согледаме до која мера Божјите наредби сме ги направиле дел од својот живот, инаку нашите изјави дека се држиме до Божјите наредби ќе бидат само вербални тврдења.

Чесниот Кур‘ан има бројни наредби кои постојано треба да ги имаме предвид за да можеме да водиме сметка за постојаното поправање.  Денес беа разјаснети одредени наредби од хутбата во петок кои се однесуваат на личното прочистување и исто така создаваат љубов и мир во општеството.

Аллах во Кур‘анот вели: „А робовите на милостивиот понизно одат по земјата, и кога неуките ќе им се обратат тие велат: ’Мир‘ (селам)!“ (25:64), односно тие не одат горделиво, всушност одат нежно. Овој ајет накратко, во главни црти, општо ја прикажува големата морална и духовна револуционерна промена која ја извршил Чесниот Пратеник с.а.в.с. и која неговите асхаби ја прифатиле. Постоело време кога светот зачекорил во морален мрак и влијанието на шејтанот било доминантно. Светот бил во немир и турканица поради егоизмот, себичноста и злото. Тоа е времето кога човекот подучен на висок морал и понизност станувал олицетворение на понапред спомнатиот  ајет.  Денес светската ситуација е слична и со праќањето на вистинскиот поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с., Ветениот Месија а.с., Бог сакал  да бидат создадени слични робови на Милостивиот Бог. Од оваа причина ние треба да го имаме во вид достоинството, нежноста и понизноста и да се лишиме од секаква горделивост. Вистинските робови на Милостивиот Бог треба да водат сметка за тоа. Таквите луѓе  шират љубов и стануваат гаранција на мирот во општество. Тие на провокациите на неуките одговараат со поздрав и наместо одговор тие го молат (Бог) за сигурноста на неуките. Да се одговори на овој начин поради Милостивиот Бог кога човекот има моќ и власт е многу висок морал кој човекот го прави вистински Божји роб. Луѓето кои ова го следат го доживуваат примањето на довата и тие се луѓе за кои Ветениот Месија а.с. рекол дека тоа се оние кои себе се прочистуваат, го барат Божјото кралство и го втемелуваат Божјото кралство на Земјата.

Бог сака љубовта, мирот и братството на човекот да се шират во светот и човекот да се ослободи од замките на шејтанот и овој свет да стане џеннетски (рајски). Од таа причина Тој ги праќа пратениците и меѓу нив Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил најдобар да ги научи луѓето како да станат вистински Божји робови. Тој подучувал, дека ако бараме Џеннет на овој свет, тогаш прво светот треба да стане џеннетски (рајски) а ние да бидеме како оние за кои Бог во Кур‘анот вели: „Затоа влезете меѓу Моите робови, и влезете во Мојот Џеннет.“ (89:30-310)

Рамазан носи радосни вести дека вратите на Џеннетот се ширум отворени во текот на овој месец и дека вратите на Џехеннемот се затворени и дека  на човекот Бог му доаѓа поблиску. Цело време Бог на човекот навистина му е блиску, и Тој во текот на рамазан ги зголемува наградите за добрите дела. Секој Ахмади муслиман, кој е вистински муслиман, кој  дал завет на Ветениот Месија а.с. дека ќе стане роб на Милостивиот Бог, треба да ја напушти горделивоста, вообразеноста и отуѓувањето и со понизност да доведува до помирување и да го шири мирот дома и во општеството.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. нè подучил да бидеме понизни до тој степен што никој за ништо да не биде горделив. Не постои некаков надворешен начин ова да го оцениме и секоја личност која тврди дека има вера треба да размисли за себе и да согледа дали е ослободена од целата гордост: гордоста поради потеклото, гордоста поради имотот, бидејќи има високо образовани деца, гордоста поради академските способности итн. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека Арапот не е повисок од оној кој не е Арап, ниту тој што не е Арап е повисок од Арапот. Главниот аспект е исправноста и оној кој е исправен нема да негува никаква форма на горделивост. Понекогаш некој може да биде горделив поради своето академско знаење и да стане оддалечен од верата. Кога Бог на Чесниот Пратеник му наредил да објави: Ја сум главатар на целото човештво, тој додал: Јас во вој поглед воопшто не сум горделив. Тоа било неговото ниво на понизност откако досегнал висока положба која никој друг не може да ја досегне. Неговата желба била да го сочува мирот и братството меѓу луѓето и кога еднаш еден Евреин рекол дека е обесправен кога се обидел на некој муслиман да ја докаже надмоќноста на хазрети Муса а.с, овој муслиман одговорил грубо говорејќи дека положбата на Чесниот Пратеник с.а.в.с. е повисока, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Не давајте ми предност пред Муса“. Тоа бил благословен пример за одржувањето на мирот во општеството и исто така е одговор за оние кои изнесуваат обвиненија против Чесниот Пратеник с.а.в.с. и одговор за оние кои спроведуваат  суровост во неговото име.

Ние, кои го прифативме Ветениот Месија а.с. обврзани сме да ги одбиеме обвиненијата против оваа благословена личност. Поради тоа треба да станеме олицетворение на вистинските учења на оној за кого тврдиме дека сме го прифатиле. Навистина, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол: „Бог кажа, кој и да покаже понизност поради Мене толку“ и ја спуштил раката кон земјата што скоро го допрел, „Јас ќе го воздигнам до овие височини“ и ја кренал раката многу високо. Бог дарува незамислива возвишеност на оние кои поради Него ќе присвојат понизноста, кои поради Него ќе ја отфрлат горделивоста и поради Него ќе настојуваат да ја искоренат омразата од општеството со цел да создадат мир и сигурност.

Ние во текот на рамазан треба да размислиме за себе и поради Аллах да ги завршиме семејните расправии и да создадеме мирно опкружување. Караниците помеѓу браќата често се предизвикани од егоистични причини и треба да се завршат и треба да се прават дови за нашите противници и нередот и хаосот во светот ќе го снема. Ние многу зборуваме за мирот но тој доаѓа во клучниот час кога и вие сте вплеткани во караници и кога поради Аллах ги прекинувате.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Јас ја предупредувам својата заедница да ја отфрли горделивоста бидејќи горделивоста е најомразена во Божјите очи, во очите на Господарот на славата… Оној кој својот брат не го слуша љубезно и се свртува од него е горделив. Настојувајте, затоа, да не го покажувате делот од горделивоста во ниеден поглед  за да ја избегнете пропаста и за и вие и вашите да го стекнете спасот. Наклонете се кон Бог и сакајте Го до највисок можен степен и стравувајте од Него толку колку што човек може да стравува во својот живот. Бидете со чисто срце и со чисти намери и меки и понизни и без никакво сомневање дека примате милост.“ (Суштината на исламот, том I, стр. 355-357; Нузул-ул-Месих, Рукхани Кхаза‘ин, том 18, стр. 402-403)

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Не е тоа начин Возвишениот Аллах да го понижи човекот кој Нему му се обраќа со понизност и да му даде нечесна смрт. Оној кој се свртува кон Бог никогаш не е изгубен. Од почетокот на времето не постои пример каде личноста која искрено била поврзана со Семоќниот Бог умира неуспешна. Семоќниот Бог не бара од човекот само да прави дови и да се моли за своите себични желби туку искрено да се сврти кон Него. Оној кој се свртува кон Него  нема никакви тешкотии и наоѓа излез од секоја тешкотија. Тој Лично вели: ’…А оној кој стравува од Аллах – Тој за него направил излез за спас  и ќе го обезбеди…‘ (65:34-4) Овде обезбеди не значи едноставно со леб и вода туку исто така и со почит, знаење итн. кои му се потребни на човекот. Оној кој има само малку врска со Семоќниот Бог никогаш не е изгубен.“

Ветениот Месија а.с. исто така рекол дека човекот е понизно суштество но поради лошата пракса самиот себе се смета за висок и моќен и развива гордост и арогантност. На Божјиот пат човекот никаде не може да стаса доколку себе си не се смета за најнизок од сè. Ветениот Месија а.с. го дал примерот на Кабир (Индиски мистични поет од 15 век) кој напишал дека е среќен бидејќи е роден во понизен дом и бил полн со почит кон секого. Додал, дека ако бил роден во господски сталеж не би го спознал Бог. Ветениот Месија а.с. рекол дека човекот секогаш мора да води сметка за својата нискост. Не е важно колку некој е благородник, кога ќе се замисли над себе сигурно ќе увиди дека од оваа или онаа причина е неспособен и низок во целата вселена. Тој исто така рекол дека доколку човекот не ја искаже истата љубезност на сиромашна и беспомошна стара жена која ја искажува на благородникот и не го  отфрли секој вид на гордост и вообразеност тој никогаш не може да влезе во Божјото кралство.

Во деновите на рамазан кои ни се на располагање  треба да извршиме чисти промени и да се стекнеме со прифаќањето на довите и треба да се замислиме над овие нешта. Треба да се свртиме кон Бог, да ја бараме Неговата помош и да го отстраниме секој вид на гордост и ароганција кои можеби ги негуваме и кои се пречка во развивањето на понизноста и кои имаат улога во ширењето на вознемиреноста и нередот. Треба да се шири мир и склад и никој не смее да биде вознемирен поради нас.

Бог наредува: „И обожавајте го Аллах и не припишувајте Му никаков партнер, и правете им добро на родителите, и на блиската роднина, и на сирачиња и сиромашните и на соседот кој ви е роднина и на соседот кој не ви е роднина и на пријателите и на патникот и на оние кои вашите десни раце ги поседуваат  (над кои имате власт). Сигурно Аллах не ги сака горделивите и фалбаџиите.“ (4:37). Овде, после свртување на вниманието на обожавање и избегнување на придружување  партнер на Него, Бог исто така го свртел вниманието и на другите нешта. Исто така рамазан  го свртува нашето внимание на добрите друштва и во овој месец треба да ги прифатиме на цврсти основи. Ако овие права не се исполнети, самиот ибадет (обожавање) не може да ги оствари сите цели на рамазан. Навистина,  обожавањето на Бог е целта на овој месец и треба да се практикува како и во остатокот на годината. Слично на тоа во овој месец правата на луѓето треба да се исполнат како и во текот на годината.

Во текот на рамазан великодушноста на Чесниот Пратеник с.а.в.с. била толку зголемена што може да се спореди со силниот ветер. Неговата великодушност во остатокот од годината исто така била беспрекорна; затоа примерот на нејзината силина е поврзан со силниот ветер бидејќи не постои друга посоодветна споредба.

Откако зборува првин за обожавањето на Бог, напред спомнат ајет (4:37), им се обраќа на обожавателите на Бог и на робовите на Милостивиот Бог и го свртува вниманието на правата на луѓето. Доколку и двете права – и Божјото и правото на луѓето – не бидат исполнети, човекот не може да биде вистински верник туку всушност станува горделив. Исполнувањето на овие права не е нешто возвишено туку е обврска на секој вистински верник и единствено исполнувањето на овие права води кон тоа довите на човекот да бидат исполнети. Тоа се правата на родителите, роднините, сиромашните, соседите, патниците, останатите познаници и на оние под ваша грижа. Така еден ајет го свртува вниманието на наредбите на правата на целото човештво. Чесниот Кур‘ан исто така ги спомнува правата на родителите и на други места. Тоа е должност на децата а не услуга. Тука исто така се и правата на роднините; ако мажот и жената ги исполнуваат должностите кон семејството на својот брачен другар како што Бог  наредува да ги исполниме правата на блиските семејни врски (рехми рисхтај) многу караници и неслоги ќе бидат решени. Треба да се посвети внимание на овие нешта во текот на овие денови на рамазан.

Грижата за сираците и како да ги направиме корисен дел од општеството е најважната обврска. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека оној кој се грижи за сираче ќе биде заедно со него во Џеннет. Џемаатот основал систем за грижа на сирачиња. Тука се и правата на сиромашните и оние во неволја; за да ги задоволи сите нивни потреби Џемаатот има одвоени, посебни фондови за тие намени. Богатите треба да даваат пари за овие фондови. Тука се и правата на роднините и соседите; соседот кој живее во ваша близина како и соседот со кој имате врски, исто така како и оние кои не ги познавате добро и оние кои се во неволја но со кои не сте во добри односи. Така учењето на овој ајет е учење на помирение и мир. Тогаш тука се и правата на блиските пријатели, другари и патници. Овие зборови ги нагласуваат правата на мажот и жената и ги опфаќаат правата на пријателите, познаниците и соработниците. Исто така свртено е внимание на правата на оние кои се на наша грижа и тогаш е кажано: кој не се држи до ова горд е,  тоа Бог не го сака. Така ова прекрасно учење на исламот е за секој слој на општеството.

Во текот на рамазан Бог подарува на оние кои ги исполнуваат Неговите права како и правата на луѓето. Ние крајно треба да се сосредоточиме на тоа. Посебната атмосфера на рамазан го свртува вниманието на ибадетот и на други побожни дела и треба да земеме максимална корист од нив.

Ветениот Месија а.с. рекол: „Ако сакате  Бог на небесата да биде задоволен со вас тогаш еден со друг бидете како двајца браќа во мајчината утроба. Бидете љубезни кон своите потчинети, своите жени и кон своите сиромашни браќа за да ви биде покажана љубезност на небото. Ако навистина станете Негови и Тој ќе стане ваш.“

На друго место тој рекол дека секој што сака да биде долговечен треба да пропагира побожни дела и да биде од корист на Божјото создавање.

Нека Аллах нè оспособи да Го обожаваме и исто така да ги исполниме правата на луѓето и сите вистински да станеме робови на Милостивиот Бог.

Најавена е џеназа за две личности.

Хадајјат Биби сахиба, жена на дервишот на Кадијана која починала на 4 јуни по кратко боледување. Таа била муси.

Маулви Мухаммед Ахмад сакиб сахиб кој починал на 18 мај во 98-та година од животот. Тој својот живот го  посветил на исламот во 1939 и му служел на Џемаатот во долга служба со почести. Бил муси.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap