Хутби 2021 

Потребата за Имам – хазрети Ветениот Месија а.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) ги проучи следните ајети од Чесниот Кур’ан:

        „Он е тој кој пратил еден возвишен Пратеник на неписмениот        народ, помеѓу нив, он ги учи Неговите ајети, и ги чисти, и ги учи     на Книгата и мудроста, иако, пред тоа биле во очигледна         заблуда; и на другите (него им го пратил) помеѓу нив, кои сè      уште не им се приклучиле. Он е Моќен, Мудар“

(62: 3-4)

 Основање на Ахмадија Муслиманската Заедница

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред неколку дена бил 23-ти март, ден кое важен за нашиот Џемаат, бидејќи тој ден е основана Ахмадија муслиманската заедница.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секоја година треба да се потсетиме на целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с., т.е., оживувањето на учењето на Исламот и неговото претставување на светот.

Секој Ахмади муслиман треба да настојува да учествува во благословите на оваа мисија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за тоа да го направиме, пред тоа, треба да се реформираме.

Претскажувања во врска со Ветениот Месија а.с. 

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. претстави неколку претскажувања кои се однесуваат за Ветениот Месија а.с., а кои се исполниле, и кои ѝ понатаму се исполнуваат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кога изјавил дека Семоќниот Аллах го пратил Пратеникот с.а.в.с. во време на потполна темнина и им подарил духовна светлина.

Семоќниот Аллах сега го пратил хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. – кој имал персиско потекло – во ова доба на темнината и на заблудите уште еднаш да ја врати верата на светот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. го бранел Исламот после нападите на него од сите страни. Било судено Ветениот Месија а.с. да биде покрај муслиманскиот уммет (народ), што е во согласност со горе наведените ајети и претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека илјадници луѓе сведочеле за знакот на ѕвездата Дхус-Синеен (Dhus-Sineen), забраната на хаџџот, почетокот на железничкиот систем и избивањето на чумата – и сите тие биле претскажувања на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хузур а.т.б.а. рече дека споредбата помеѓу асхабите на Ветениот Месија а.с. и асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се многу слични, бидејќи сите морале да поднесуваат прогони и злобно постапување кон нив.

Исто онака, како што асхабите Аллахови биле предани луѓе, така и асхабите на Ветениот Месија а.с. биле предани Аллахови луѓе и Он се грижи таквите луѓе да се однесуваат побожно и често да се сеќаваат на смртта.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги спомна и останатите исполнувања на претскажувањата, како што се новите начини на превоз, помрачувањето на сонцето во месец Рамазан, зголемувањето на бројот на печатењата, зголемување на бројот на објекти за човештвото и уништувањето на одредени градови поради Аллаховата казна.

Во таа ера било и претскажувањето за Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитирање Ветениот Месија а.с. кој тврдел дека, всушност, тој е таа личност која Семоќниот Аллах ја пратил за исполнување на овие претскажувања, а Аллах џ.ш. за тоа го известил многупати што немало сомнеж дека тоа навистина е така.

Ветениот Месија а.с. видел дека ќе се исполни претскажувањето дека камилата ќе биде оставена, а до таа мера предвидел дека ќе биде изградена и железничка пруга меѓу Мека и Медина – а тоа се исполнило после повеќе од 1300 години после претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Месија како Иса а.с. и Аллаховата поддршка

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна како Ветениот Месија а.с. бил како Иса а.с., бидејќи, и двајцата биле отфрлени од своите народи бидејќи ги преставувале чистите учења на своите религии.

Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето се толку задоени и преокупирани со светот што воопшто не се загрижени за својата вера или за Чесниот Кур’ан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. не потсети дека сите ние мораме да се анализираме самите себе за таквите работи, дури и откако сме го прифатиле Ветениот Месија а.с.. Овие учења Семоќниот Аллах ги ставил под своја заштита и во оваа ера Ветениот Месија а.с. бил поставен да ја продолжи оваа задача да ги заштити учењата на Чесниот Кур’ан, откако тие учења претходно биле несфатени и занемарени од муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с., кој изјавил дека на светот му покажал како исламот има супериорност над сите останати религии. Но, кога тоа им го преставил на муслиманите тие се разбеснувале и го проколнувале.

Хузур а.т.б.а. рече дека и ден денес ситуацијата е таква.

Лажна личност можат да ја уништат сите противници, но, Семоќниот Аллах навистина се заземал и бил со Ветениот Месија а.с., го подржувал постојано цело време и всадувал љубов кон него и кон исламот во срцата на луѓето низ целиот свет.

Ветениот Месија а.с. рекол дека муслиманите треба да ја покажат својата благодарност кон Аллах џ.ш. што им ги пратил тие благодати и што ги спасил во право време, наместо да му се спротивставуваат не секаков начин.

Преродба на исламот и големата револуција

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжи да го цитира Ветениот Месија а.с., кој изјавил дека животот на исламот лежи во верувањето и прифаќањето на смртта на Иса а.с., и, како што Семоќниот Аллах разговарал со претходните пратеници, така и он зборува со нив, но тоа било и се случувало исклучиво поради неговата послушност и вера во Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Ветениот Месија а.с. бил одраз на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на неговиот уммет (народ), поради што бил пратен како Божји пратеник.

Ветениот Месија а.с. изјавил дека, откако бил поставен од Аллах џ.ш., пред неговите очи се одвивала револуција додека луѓето го напуштале ширк (припишување партнер на Аллах џ.ш.), во што биле претходно задоени и во што верувале, и се свртувале кон единството на Аллах џ.ш..

Тој рекол дека тоа ги допира сите луѓе и дека еден ден сите ќе бидат едно.

Молби за дови

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше сите луѓе, посебно муслиманите, да ја разберат пораката и да го прифанат Ветениот Месија а.с. кој дошол да ја оживее верата.

Хузур а.т.б.а. рече дека сите ние треба да се молиме за Ахмади муслиманите во Пакистан и Алжир, каде што ситуацијата и натаму се влошува. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Семоќниот Аллах да ги заштити сите, и секој Ахмади муслиман мора да  се обраќа кон Семоќниот Аллах, да ги исполнува должностите кон Него и човештвото и да создаде посебен однос со Него.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap