Ветениот Месија

Veteniot Mesija

Хазрети Мирза Гулам Ахмад е роден на 13 февруари 1835 година во Кадијана, Индија.    Како млад човек бил длабоко задлабочен во проучувањето на Чесниот Кур‘ан и често го  гледале во џамија како силно и понизно му се моли на Бог, така што луѓето имале обичај да  го нарекуваат „Масеетар“, личност која е вљубена во џамијата. Во 1882 година хазрети  Ахмад, по пат на објава, за прв пат дознал дека Аллах него го одредил да биде возвишениот  Реформатор и дека пред него стои долга и напорна задача. Во 1889 година тој, по Божја  наредба, втемелил верска организација позната како Ахмадија движење во исламот. Тој бил  даруван со Божјите објави. Една од неговите објави гласела: „Јас тебе ќе ти дадам големо здружение на исламот“. Во тоа време само мал број на луѓе го прифатилe Ахмадијатот, но денес бројот на следбениците на Ветениот Месија надминува 200 милиони. Ветениот Месија напишал 85 книги за да го покаже предимството на исламот над сите други вери, вклучувајќи го и неговото исклучително дело, монографијата „Брахеен-е-Ахмадијја“. Во 10:30 наутро, на 26 мај 1908 година, хазрети Мирза Гулам Ахмад а.с. ја испуштил душата.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap