Хутби 2021 

Вакф-е-Џадид – Трошење на Аллаховиот пат

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) го проучи следниот ајет:

        „Кој е оној кој на Аллах му дава убав заем за да Он тоа        повеќекратно да го зголеми? А, Аллах ги намалува и зголемува (наградите), и вие Нему ќе му се вратите.“

(2: 246)

Значењето на зборовите ’убав заем‘

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во овој ајет се спомнува давањето на заем на Аллах, меѓутоа, тоа не значи, не дај Боже, дека на Бог му треба нашето земско богатство.

Другото значење на зборот карз, (заем) значи добар или лош надоместок.

Значи, во овој контекст, во овој ајет се нагласува:

„Кој е оној кој ќе троши на Алллаховиот пат, и поради тоа да биде награден.“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на многу места во Чесниот Кур’ан се спомнува финансиското жртвување.

Навистина, трошењето на патот кон верата, или, трошењето за подобрување на Божјите созданија, е еквивалентно на трошењето за Аллах џ.ш..

А, сè што се потроши на Аллаховиот пат никогаш не пропаѓа, туку, тоа е вид на заем кој Аллах џ.ш. повеќекратно го враќа.

Значи, на Бог не му е потребно никакво светско богатство, туку, кога се користи зборот ’заем‘ кој упатува на трошење на Неговиот пат, се мисли на тоа како тој ’заем‘ може да ни се врати  и да се награди со повеќекратни благослови кон нас. 

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, користејќи ги зборовите  ’убав заем‘, Бог ги поврзува со тоа на што човекот троши и се жртвува со сопствената волја и труд, и што потоа Бог повеќекратно го враќа.

Оттаму, зборот ’заем‘ значи дека она што го трошиме на Аллаховиот пат за возврат од Него ќе ни се врати повеќе од она што сме го дале.

Тоа е начинот на изразување, бидејќи заемите се враќаат.

Овој концепт, понатаму е објаснет во вториот ајет од Чесниот Кур’ан во кој Семоќниот Аллах кажува дека ќе добиете награда соодветна на атомската тежина на добрата кои сте ги направиле.

Значи, Бог за возврат ги наградува добрите дела и постапки, и оттаму потекнува метафората ’заем‘.

Примери за финансиско жртвување кај Ахмади  муслиманите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, што се однесува до финансиското жртвување никој на светот нема повеќе искуство од Ахмади муслиманите. Нивните жртви се однесуваат само на постигање на Аллаховото задоволство. Тие не се жртвуваат само поради сознанието дека Бог ќе им возврати повеќекратно од земското богатство, туку, тие тоа го чинат поради Аллах џ.ш.. Постојат и такви кои се наоѓаат во лоша финансиска состојба, но сепак, и покрај тоа, учествуваат во финансиското жртвување верувајќи дека Аллах џ.ш. ќе се погрижи за нив и ќе ги задоволи нивните потреби.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе изнесе неколку примери за оние кои имале корист од Аллаховите ветувања, оние кои принесувале жртви само поради Аллах џ.ш. не размислувајќи за тоа на кој начин ќе ги прехранат своите семејства, своите деца и самите себе, но Семоќниот Аллах нивните проблеми ги преземал во Свои раце и повеќекратно ги наградил.

Вакви примери на барање на Аллаховото задоволство се наоѓаат само во рамките на Ахмадија муслиманската заедница.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе различни примери за такво однесување од целиот свет.  

Еден таков пример се случил во Гвинеја Конакри. Кога ја преслушал хутбата која хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја одржал мината година, а која се однесувала на Вакф-е-Џадид, една личност отишла до мисионерот на Ахмадија муслиманската заедница и му дал сите пари кои во тој момент ги имал во својот џеб. Мисионерот му рекол дека треба за задржи за себе барем дел од парите за да може да се врати во својот дом. Одговорот на лицето кон мисионерот бил дека во хутбата хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитирал Ветениот Месија а.с. кој рекол оти во срцето на верниците не може во исто време да има љубов кон Бог и кон земското богатство, и тоа го инспирирало да се однесува така за да добие благослови поради љубовта кон Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тоа е вистинскиот дух не само на жртвувањето, туку и на вниманието со кое треба да се пратат хутбите, како што се наведува во примерот со оваа личност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави пример со некоја жена од Франција, која рекла дека подолго време барала добра и постојана работа. Во меѓувреме таа го дала својот придонес за Вакф-е-Џадид иако немала работа. Таа рекла дека, само десет минути откако го предала својот износ, добила повик од голема компанија која и понудила работа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека понекогаш луѓето се прашуваат зошто акви случаи на наградување и благослови не се случуваат и кај нив.

Хузур а.т.б.а. рече дека сите треба да бараат прошка и самите да се анализираат како би дознале дали нивните намери во време на финансиското жртвување биле исклучиво наменети за постигнување на Божјото задоволство. Кога со таква вистинска намера го прават финансиското жртвување, тога Бог секогаш ги наградува на овој или на оној начин, и Он проценува дали веднаш, или покасно, тоа го прави.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави примери на жртвување на млади ученици од Сиера Леоне.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. минатата година ги охрабрил членовите на Заедницата во Сиера Леоне, велејќи дека поседуваат голем потенцијал.

Потоа, изнесе пример за една млада девојка која понудила педесет илјади Леони барајќи само да пренесат од нејзино име хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. да се моли за неа.

Двајца млади работеле некоја работа само за да дојдат до пари за да можат да ги понудат како свој придонес во финансиското жртвување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. дека на овој начин се изразува вистинската љубов кон Халифатот, а дека ова се примери на однесување кои го послушале советот на својот Халифа.

Иако, најверојатно никогаш не го запознале својот Халифа, тие се понапред од другите кои ги послушале Неговите зборови, совети и упатства.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави пример и од Танзанија за личност на која и е обратено внимание за придонесите за Вакф-е-Џадид кои ги дала минатата година. Таа личност, минатата година немала ниту работа ниту пари. Меѓутоа, тој рекол дека треба неговото име да го запишат меѓу оние кои го дале својот полн придонес. Само два дена подоцна, се вработил како возач и, само после првиот работен ден, го исплатил целиот износ за Вакф-е-Џадид.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави уште еден пример за лице, од регионот Иринг во Танзанија, кое ветило 600.000 шилинзи за Вакф-е-Џадид. Меѓутоа, во тоа време се наоѓал во неповолни финансиски околности и на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. му напишал писмо и од него побарал помош да се моли за него за да може да ги исполни своите ветувања.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. коментираше дека луѓето не му пишуваат само од лични причини, туку му пишуваат за молитви како би можеле да ги исполнат своите обврски.

Лицето кое му го пратило писмото на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекло дека после тоа почувствувал дека ќе дојде до одредени средства. Само ден подоцна, стапил во контакт со свој стар школски другар и со него разговарал за можности за негово вработување. Како резултат на овој контакт лицето добило работа и договор од 6.000.000 шилинзи, после што бил во можност веднаш да го исполни своето ветување.

На тој начин, Бог му дал сума десет пати поголема од ветената.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави пример за една жена од Австралија, која после преселувањето во својата куќа немала доволно пари да купи доволно мебел, со оглед на сумата која морала да ја плати претходно за станарината. Меѓутоа, пред завршувањето на финансиската година за Вакф-е-Џадид таа го дала износот кој го ветила, доделувајќи својата доверба потполно на Аллах џ.ш.. После извесно време, таа добила бонус од работодавачот кој рекол дека таа е единствената која го добила тоа. Износот што го добила бил двојно поголем од оној кој го дала за Вакф-е-Џадид. 

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. зборуваше за пример за едно десет годишно момче од Индија кој, со тек на време, заштедил солидна сума на пари. Момчето одлучило целата заштеда да ја даде за Вкаф-е-Џадид. Неговите блиски му рекле дека вообичаено е децата кои заштедат пари истите да ги искористат за свои потреби, и го прашале која е причината така да постапи? Момчето одговорило дека тоа го сторил бидејќи тоа од сите нас го бара Бог, Неговиот Пратеник и Неговите Халифи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. тоа го прокоментира на свој начин:

„Ако  тоа е менталитетот на нашата младина, каква штета можат да ни нанесат противниците на Ахмадијатот?“

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави многу други примери за финансиско жртвување низ целиот свет и начинот на кој Семоќниот Бог ги ’враќа заемите‘.

Хузур а.т.б.а. се молеше членовите на Заедницата секогаш да бидат во состојба да принесат такви жртви и да ги почувствуваат благословите на Семоќниот Аллах.

Најава за Новата година за Вакф-е-Џадид и извештајот за 2020 година

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го најави почетокот за новата година за Вакф-е-Џадид, 63-та година завршила и сега започнува 64-та година за Вакф-е-Џадид, на 31 декември 2020 година.

Со Аллаховата милост, во текот на минатата година се собрани 10,53 милиони фунти за Вакф-е-Џадид, што преставува зголемување за 887,000 фунти во однос на претходната година.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го потенцираше  зголемувањето на приходот и посебно напорите кои ги превземале одредени земји.

Редоследот на земјите во однос собирањето на придонесите е следниот:

На прво место е Велика Британија, па следуваат Германија, Пакистан, Канада, Соединетите американски Држави, Индија, Австралија, земји од Блискиот Исток, Индонезија и Гана.

Хузур а.т.б.а. рече дека вкупниот број на учесници кои учествувале во придонесите и финансискиот жртвување за Вакф-е-Џадид е 1.452.000.

Хузур а.т.б.а. се молеше за сите оние кои учествувале во финансиското жртвување.

Молби за дови

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., уште еднаш, упати молба за дови за сите Ахмади муслимани во Пакистан, кои се соочуваат со големи тешкотии, како и за Ахмади муслиманите во Алжир, посебно за оние кои се наоѓаат во затвор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сите се насочени кон клањање на нафила намаз и давање на садаки.

Хузур а.т.б.а. истакна да се молат за општата состојба во целиот свет, која и понатаму се влошува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да се смилува на целото човештво.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap