ВЕСТИ 

РАМАЗАН БАЈРАМ ОВАА ГОДИНА НЕКА БИДЕ ПРАЗНИК ЗА ОБНОВА НА ДУХОВНАТА СИЛА

Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности. Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потреби и суети, со цел приближување и возвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како…

Read More
ВЕСТИ 

ЧЕСТИТ КУРБАН БАЈРАМ

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. Ахмади услиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. Овој ден, како што уште се нарекува Празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз,…

Read More
ВЕСТИ 

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник. Верниците кои денес празнуваат нека ги споделуваат вредностите на простувањето и солидарноста, бидејќи овие универзални вредности се темелот на традицијата која на овие простори се одржала низ вековите. Љубовта и подадената рака кон својот ближен, роднина, сосед и пријател го прави нашето општество подобро и ги зацврстува врските меѓу луѓето. Вредностите на толеранција, разбирање и меѓусебна помош кои нашите предци ги пренесувале од колено на колено се доказ за богатството на нашето мултикултурно и мултиконфесионално општество кое е градено низ годините…

Read More