ВЕСТИ Хуманитарни акции во Македонија 

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО БЕРОВО И ПЕХЧЕВО

Ахмадија Муслиманската Заедница во Македонија заедно во соработка со хуманитарната организација Humanity First од Германија во петокот на 25.01.2018 година организираа хуманитарна акција во Берово и Пехчево. Во организација оваа хуманитарна акција свое активно учество зеде и претседателот на Ахмадија Заедницата за Германија, г-н Абдулах Вагусхаузер . Во оваа хуманитарна акција на Ахмадија Муслиманската Заедница беа поделени 135 тренерки за социјално ранливи категории на луѓе од Берово и Пехчево. Донациите најголема радост донесоа кај децата со посебни потреби.

Read More
Хуманитарни акции во Македонија 

ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ, ПОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ВО ПЕХЧЕВО

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмадија Муслимански Џемаат во Македонија додели хуманитарни пакети по повод празникот Рамазан Бајрам. Беа поделени 600 пакети со храна во Берово, Пехчево, Виница, Кочани и Куманово. Мисионерот Васим Ахмад во Пехчево, истакна дека вакви хуманитарни пакети, организацијата дели за двата големи муслимански празници. – Пораката е Рамазан Бајрам да ни донесе среќа и бериќет на сите. Со таа цел денес беа поделени хуманитарни пакети на социјално загрозените лица во Пехчево, но исто така беа извршени и лекарски прегледи на дел од населението и…

Read More