MTA ТЕЛЕВИЗИЈА

Муслиманската телевизија Ахмадија (MTA) е глобалната сателитска телевизиска мрежа која се состои од 4 меѓународни канали кои се водат и финансираат од Ахмадија Муслиманската заедница. Првиот канал, MTA 1 беше официјално пуштен на 31 јануари 1992 година. Станицата започна со неделни преноси секој петок и првично беше именувана како AMP или Ахмадиска муслиманска презентација. Името потоа беше променето во Муслиманската телевизија Aхмадија или MTA International, а потоа во MTA1 (MTA Al-Ula). Таа започна со дневни преноси на 7 јануари 2004 година. Каналот го основа Мирза Тахир Ахмад. Стана Првиот интернационален муслимански канал кој емитува мноштво исламски содржини. Во Обединетото Кралство каналот  е достапен на мрежата Скај  (Канал 787) како слободен канал.

Муслиманската телевизија Ahmadiyya International е главен извор на содржини за муслиманската заедница Ахмадија и исто така има за цел да ја шири пораката за исламот низ целиот свет. Некои од главните програми кои се емитуваат вклучуваат проповед од страна на актуелниот Халифа, образовни и културни програми, светски вести и разни разговори за религијата. Содржините можат да се гледаат на аналогни и дигитални телевизори, како и преку апликации за паметни телефони за Android и iOS. Поради светската публика, голем број програми истовремено се преведуваат на различни јазици како што се германски, бенгалски, француски и урду.

Кога МТА беше лансиран во 1994 година, тоа беше прва 24-часовна некомерцијална исламска телевизиска станица што се емитуваше низ целиот свет. Оттогаш таа остана непрофитна и комерцијално слободна станица, за која главен извор на финансирање се членовите на Ахмадија муслиманската заедница. Поголемиот дел вработените се волонтери со само мал процент на платен персонал. Административната структура на МТА се состои од четиринаесет оддели со кои управуваат 150 членови од персоналот.

Освен на телевизија, МТА Internacional обезбедува онлајн сервис на различни јазици што ги опфаќа емитувањата на МТА1 и МТА3 и преку интернет. MTA, исто така, има канал на популарната социјална мрежа за споделување на видео – YouTube.

Во повеќето земји низ целиот свет во кои постои присуство на Ахмадија заедницата, честопати има национално MTA Studio. На пример, MTA International USA Studios, MTA International Canada Studios, MTA International German Studios, MTA International Nigeria Studios, MTA International Gana Studios, MTA International UK Studios и др. Основното и главното MTA Studio е со седиште во Лондон, MTA International Studios.