Хуманитарни акции во Македонија 

Humanity First – Македонија, камп во Гевгелија

    Идејата за помош на бегалците кои беа на границите на Македонија се роди минатата година на Џалса Салана собирот во Германија. Откако беше донесена конечната одлука на Humanity First Германија и Ахмадија Заедницата, проектот за помош на бегалците во кампот Винојуг во Гевгелија започна во октомври 2015 година. Проектот се состоеше од делење на кафе, чај и млеко на бегалците кои доаѓаа секојдневно во голем број. Нивниот број понекогаш ја надминуваше бројката од 6000 бегалци за еден ден. Humanity First Германија заедно со Ахмадија Заедницата во Македонија и нивните волонтери работеа секојдневно по 12 часа во најголемиот бегалски бран во поновата историја на светот. Целиот проект беше приведен кон својот крај со стивнувањето на бегалската криза во мај 2016 година.

Во прилог можете да ги погледнете материјалите од кампот во Гевгелија:

 

 

 

Поврзани вести