ВЕСТИ Хуманитарни акции во Македонија 

Malesh.Net: Хуман гест за Курбан бајрам на AMJ во неколку градови во Македонија

Во последните неколку години,Ахмадија муслиманската заедница во Македонија,заедно со хуманитарната организацијата Хјумените фрст од Германија, им служи на граѓаните на Малешевијата и неколку градови од истокот, со донација на најразлична помош вов вид на лекови,хуманитарни пакети, а за празникот Курбан Бајрам излегуваат во пресрет на сите муслимани и сиромашни со донација на курбанско месо. Членовите на Ахмадија заедницата во Германија, кои немаат можност таму да принесат курбан, донираат средства за овде да се изврши чинот со принесување жртва-курбан во нивно име,за нив и за сите муслимани во Малешевскиот регион и…

Read More
ВЕСТИ 

ВЕРСКИОТ ЛИДЕР НА АМЈ ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ЕИД ПРОПОВЕДТА ОД ИСЛАМАБАД

Неговата Светост рече дека Ахмади муслиманите мора да научат лекции од пророкот Абрахам (а.с.) и неговото семејство, чии жртви се обележани на денот на Еид-ул-Ада Светскиот поглавар на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад, ја одржа проповедта на Ејд-ул-Ада на 31 јули 2020 година од џамијата Мубарак во Исламабад, Тилфорд. Само неколку Ахмади муслимани беа во можност да ја понудат молитвата на Ејд во џамијата Мубарак поради правилата за социјално дистанцирање, но ширум светот, милиони Ахмади муслимани беа во можност да ја слушаат во живо…

Read More
ВЕСТИ 

Malesh.Net: Муслиманите го слават Курбан бајрам 31 јули 2020

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или крупна стока. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој…

Read More
ВЕСТИ 

ЧЕСТИТ КУРБАН БАЈРАМ

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност, а тие кои принеле жртва, потоа им раздаваат од месото на сиромашните, соседите и на роднините. Курбан бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам…

Read More
ВЕСТИ Хутби 2020 

Луѓе со исклучителни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече: „Добив информации дека Алдершот џемаат бил на прво место за Вакф-е-Џадид во Велика Британија.“ Потоа, Хузур а.т.б.а. продолжи да зборува за асхабите кои учествувале на битката кај Бедр. Хузур а.т.б.а. појасни одредени информации во врска со хазрети Са‘д бин Убадах за кого зборуваше на 27 декемвр, 2019 година. Кога се водела битка кај рововите, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се советувал само со двајца асхаби, хазрети Са‘д бин Му‘аз и хазрети Са‘д бин Убадах…

Read More
ВЕСТИ Хутби 2020 

Патиштата кон Аллах – Финансиско жртвување – Вакф-е-Џадид 2020

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече: Во својот магнум опус „Филозофија на учењето на исламот“ Ветениот Месија а.с. спомна осум начини на пронаоѓање и препознавање на Семоќниот Аллах и зајакнување на верата во него. Тие средства се потребни и за исполнување на целта за човечкото создавање. За тие средства Ветениот месија а.с. вели: „Петто средство за постигнување на животната цел која Семоќниот Аллах ја одредил за истрајност на Неговиот пат е: ’Треба да го бараме Аллах џ.ш. трошејќи го…

Read More
ВЕСТИ Хутби 2020 

Луѓе со исклучителни особини

По пручениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече: Асхабот кој денес ќе го спомнам е хазрети Абдуллах бин Раваха р.а.. Името на неговиот татко било Раваха бин Салабах. Хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. учествувал во баи‘ат (заклетва) на акаба и бил водач на Бану Харис бин Хазраѓ. Титулата му била Абу Мухаммед. Хазрети Абдуллах бин Раваха р.а. учествувал во сите битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., вклучувајќи ги и битките на Бедр, Ухуд, Хендек, Худебијски договор, Хајбер и ‘Умратул Кадаа.…

Read More