Честитки за Рамазан Бајрам
Почитувани сограѓани од исламска вероисповед и членови на Ахмадија Муслиманската Заедница,
По завршувањето на Рамазанскиот пост, време е да му се препуштиме на радувањето и празнувањето на Нашиот голем верски празник Рамазан Бајрам.
Се надеваме дека празничната радост и среќа, онака како што доликува, најпрвин ќе ја споделиме со членовите на семејството, потоа со пријателите и сродните луѓе по вера, а на карајот и со сите останати сограѓани, оти суштината на нашето живеење е во заедништвото, разбирањето и споделувањето на вредностите.
Ви посакуваме убави празнични денови исполнети со мир, љубов, милост, спокој, благосостојба, солидарност, верност кон Бога и уште многу причини за радост во вашите срца и души.
Нека е честит и вековит Рамазан Бајрам.
Ахмадија Муслиманска Заедница – Македонија