ВЕСТИ 

43-та ЏАЛСА САЛАНА ВО ГЕРМАНИЈА

Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница ја отвори овогодинешната Конвенција

43-та Џалса Слана (Годишна Конвенција) на Ахмадија Муслиманската Заедница во Германија започна на 07 септември 2018 со официјално отворање од страна на духовниот лидер на Заедницата, петтиот халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Официјалниот старт на манифестацијата беше означен со тоа што Неговата Светост го крена знамето на Ахмадија Муслиманската Заедница (Liwa-e-Ahmadiyyat) и со тоа официјално го означи стартот на Џалса Салана. Во исто време беше кренато и Германското знаме.

За време на почетокот на Конвенцијата, Хазрети Мирза Масроор Ахмад имаше свое обраќање кон гостите.

На оваа Џалса Салана предвидено е да бидат угостени околу 40 000 гости од сите континенти вклучувајќи многу верници од Ахмадија Заедницата, но и припадници на другите религии.

За успешна организација на манифестацијата се грижат околу 4000 до 5000 волонтери поделени во неколку категории. Волонтерите свој придонес даваат во организација на пристигнувањето на гостите, подготовката на храната, безбедноста на гостите и тн.

Како за сите претходни Конвенции така и за оваа е каректиристично големото ниво на безбедност. За целокупната безбедност на гостите се грижат волонтери на Ахмадија Заедницата, а за одбележување е фактот дека изостанува присуство на полицијата. Отсуството на полицијата и мирната и пријателска атмосвера на Конвенцијата укажуваат на врвното ниво на организација на целиот настан.

Неговата Светост, исто така, укажа на вистинските цели на Џалса Салана како што е утврдено од страна на основачот на Ахмадија Муслиманската Заедница.

 

Поврзани вести