ВЕСТИ 

25-тата ЏАЛСА САЛАНА ЗАПОЧНА ВО БЕЛГИЈА

Хазрети Мирза Масроор Ахмад ги објасни вистинските цели на Џалса Салана

25-годишната Џасла Салана (Годишна конвенција) на Ахмадија Муслиманската Заедница во Белгија започна во петокот со проповедничката песна одржана од светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Пред Проповедта, Неговата Светост го подигна знамето на Ахмадија Муслиманската Заедница (Liwa-e-Ahmadiyyat) за официјално да го отвори настанот, а подоцна и белгиското национално знаме исто така беше подигнато.

За време на неговата петочна проповед, Неговата Светост зборуваше за Божјите награди и за тоа како вистинските верници секогаш треба да дадат предност на својата вера над сите други работи.

Почнувајќи со своето обраќање, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Со благодатта на Аллах, Џалса Салана на Ахмадија Муслиманската Заедница во Белгија почнува денес. Подолго време ја посетувам Вашата Џалса Салана лично и во исто време можам да забележам дека Ахмадија Муслиманската Заедница овде во Белгија растеше многу со Аллаховата благодат.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

“Гледаме дека Аллах Семоќниот ја благословил Ахмадија Муслиманската Заедница во Белгија на многу начини и затоа сите Ахмади муслимани овде треба да размислуваат за овие благослови. Тие треба да ве мотивираат сите да научите и да постапувате според заповедите на Семоќниот Бог и постојано да го подобрувате моралното и духовно однесување. Секој ден кој поминува и секој чекор што го земаме треба да биде подобар од претходниот ден и претходниот чекор.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече дека секој Ахмади муслиман треба постојано да се оценува за да види дали ги следи вистинските учења на исламот. Тој рече дека од суштинско значење е тие да го исполнат своето ветување да дадат предност на нивната вера над материјалните интереси.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Се разбира, неопходно е да заработите за живот за да можете да го поддржувате вашето семејство и најблиски, но вистинскиот муслиман никогаш не треба да стане целосно ангажиран и зафатен од материјализмот. Вашиот прв приоритет и вистинска цел треба да ја следат вашата вера и да се придржуваат кон вистинските учења на исламот.”

За време на неговото обраќањ, Неговата Светост зборуваше и за вистинските цели на Џалса Салана и ги повика сите што присуствуваа да се стремат да ги исполнат.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Вистинската цел на Џалса Салана е да се изгради постојано поблиски лични односи со Аллах Семоќниот и да се биде меѓу оние кои навистина им даваат предност на нивната вера над сите световни работи. Освен тоа, не треба само да го всадуваме овој дух во самите себе, туку треба да го всадиме и кај нашите деца.”

Завршувајќи го своето обраќање, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Алах Семоќниот може да им овозможи на сите учесници да дејствуваат на она што го учат тука на Џалса Салана и да ги извлечат сите можни благослови и да бидат вистински наследници на молитвите на Ветениот Месија (мир на него). Да бидеме меѓу оние кои ја портретираат вистинската и благородна слика на исламот со остатокот од светот преку нашите зборови и дела.”

Поврзани вести