ВЕСТИ 

25-тата ЏАЛСА САЛАНА ВО БЕЛГИЈА 2018 ЗАВРШИ СО ОБРАЌАЊЕ НА ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АМЈ

Должност е на Ахмади муслиманите да го шират исламот во сите агли на светот – Хазрети Мирза Масроор Ахмад

25-тата Џасла Салана (Годишна конвенција) на Ахмадија Муслиманската Заедница во Белгија заврши во неделата со инспиративно обраќање од страна на светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, петтиот Халифа, Неговата светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад.

Повеќе од 3.800 луѓе од 24 земји присуствуваа на Џалса Салана, што се одржа во Брисел Карт Експо центарот.

За време на неговото завршнообраќање, Неговата Светост рече дека Ахмади муслиманите ширум светот се обединети и цврсти во нивната вера поради нивното верување во Ветениот Месија (мир над него).

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Во овој момент, кога светот е распнат од неред и нема вистинска насока или лидерство, и во време кога луѓето се борат и не се осмелуваат на решението кое лежи пред нив, ние, Ахмади муслиманите, навистина имаме среќа да да го прифатиме лицето испратено од Аллах Семоќниот за да нè води на патот на спасението. Го прифативме оној што нѐ научи да воспоставиме љубов со Бога Семоќниот и да ги исполниме правата на Својата Создател.”

Хазрети Мирза Масроор Ахмад продолжи:

“Запомнете дека, ако не го поминеме нашиот живот во согласност со учењата на Ветениот Месија (мир над него), нема вредност во нашето прифаќање од него.”

Неговата Светост понатаму цитираше неколку извадоци од списите и изреките на Ветениот Месија (мир над него), излагајќи ја потребата за човештвото да ја усвои праведноста.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Ние мора да ја разбереме длабоката и искрена болка што Месијата (мир над него) ја чувствува за своите следбеници и неговите надежи за нив. Секако, невозможно е молитвите на Ветениот Месија да бидат прифатени во наша корист додека не ја разбереме неговата желба да достигнеме вистинска побожност и ако не сме подготвени да живееме според неговите учења. Оттука, секој Ахмади муслиман треба засекогаш да размислува за надежите и очекувањата на ветениот Месија (мир над него).”

Неговата Светост изјави дека ветениот Месија (мир над него) поучувал дека целосната доверба во Аллах Семоќниот е услов за постигнување праведност. Неговата Светост, исто така, рече дека во сите работи, вистински муслиман треба да се сврти кон Светиот Куран, за да побара водство.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Не постои проблем со кој Светиот Куран не се занимаваше. Не постои пример што се случува во животот на една личност која паѓа надвор од упатствата дадени од Бога Семоќниот во Светиот Куран.”

Неговата Светост, исто така, зборуваше за континуираните неуспеси на оние муслимански заедници и нации кои се отклониле од вистинските учења на исламот. Тој рече дека вознемирувачката состојба на муслиманскиот свет денес  е резултат на нивниот неуспех да ги почитуваат исламските принципи.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Денес, ние гледаме дека муслиманските влади се поклониле пред немуслиманските влади, со цел да се здобијат со помош и да ја користат таа поддршка за да нанесат суровост кон сопствениот народ. Дали ова беше учењето што го дал Светиот пророк Мухамед (мир и благослови над него) за убиство на невини луѓе? Никогаш! Напротив, тој бил испратен како извор на милост и благонаклоност за целото човештво. Трагично, денешните муслимани директно се во спротивност со сето она за кое учеа. Наместо да го следат примерот на благородниот Пророк на исламот (мир и благослови над него), ги следат барањата на големите сили, кои сакаат да извлечат корист од природните ресурси и богатството на муслиманскиот свет.”

Зборувајќи за потребата Ахмади муслиманите постојано да се стремат да ја достигнат блискоста на Семоќниот Бог, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Ахмади муслиманите треба да настојуваат да донесат духовна и морална промена толку истакната што светот треба да сведочи за нивната морална трансформација. Манифестирањето такви промени се средство за докажување на другите вистински и мирни учења на исламот и придобивките од прифаќањето на ветениот Месија (мир над него). Во модерната ера, постојат безброј заблуди во врска со исламот низ целиот свет, па затоа е должност на Ахмади муслиманите да ги измијат овие лажни дамки кои го обесхрабруваат исламот и да го покажат вистинското лице на исламот во светот.”

Завршувајќи го своето обраќање, Хазрети Мирза Масроор Ахмад рече:

“Ветениот Месија (мир над него) ни даде должност да ја шириме вистината за исламот и неговата мирна порака до секој агол на светот. Така, без разлика дали луѓето го прифаќаат тоа или не, ние никогаш не смееме да ја ослабуваме нашата решеност да осигураме вистинската порака на Исламот да достигне до секој поединец, во секоја земја во светот. Ова е голема задача што ни ја дава Ветениот Месија (мир над него)!”

Џалса Салана Белгија заврши со тивка молитва предводена од Неговата Светост.

Поврзани вести