Вести 

НАЦИОНАЛНИОТ МАЈЛИС-Е-АМИЛА И ПОМОШНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАВРИЦИУС ИМАА ЧЕСТ ЗА ONLINE СРЕДБА СО ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА АМЈ

„Секој Ахмади муслиман во Маурициус треба да се покаже како придобивка за нашата заедница, за нивните семејства и за целото општество“. – Хазрети Мирза Масроор Ахмад На 25 октомври 2020 година, Националниот Мајлис-е-Амила на Ахмадија Муслиманската Заедница во Маурициус оддржа виртуелна официјална средба со Светскиот духовен лидер на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад. Присутни беа и Националниот Мејлис-е-Амилас со помошните организации како Мајлис Ансарулах (Здружение на стари лица), Мајлис Худамдам Ахмадија (Младинска асоцијација) и Лајна Имаила (Здружение на жени). Неговата Светост го водеше состанокот…

Read More
Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, ша’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека поради моменталната ситуација и согласно со законите во земјата не било можно да се одржи хутба во џамија. Без оглед на тоа дали се физички присутни или не, стотици илјади луѓе ја слушале оваа хутба, и тоа е важно за одржување на единството. Молете се околностите наскоро да се сменат и нашите џамии повторно да се исполнат. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред две недели зборувал за животот на хазрети…

Read More
Хутби 2020 

Целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека на 23 март, Ветениот Месија а.с. званично земал баи’ат (заклетва на верност) и ја основал Ахмадија муслиманската заедница. Тој рече дека овој ден во Џемаатот се обележува како ’Денот на Ветениот Месија а.с.‘, и поради тоа на тој ден се одржуваат разни собири во Џематите ширум светот. Поради моменталната ситуација на пандемија, можеби овие собири нема да се одржат, и затоа, заедно со сегашната хутба ќе се прикажат и разни други програми…

Read More
Вести 

НАД 60 ЧЛЕНОВИ НА МАЈЛИС АТФАЛ-УЛ-АХМАДИЈА АВСТРАЛИЈА ИМАА МОЖНОСТ ДА СЕ СРЕТНАТ СО НЕГОВАТА СВЕТОСТ, ХАЗРЕТИ МИРЗА МАСРООР АХМАД

„Вистинската љубов кон Светиот пророк Мухамед (с.а.в.с.) бара од нас да ги сакаме сите аспекти на неговото битие и секоја одлика на неговиот благороден карактер“. – Хазрети Мирза Масроор Ахмад На 10 октомври, Светскиот поглавар на Ахмадија Муслиманската Заедница, Петтиот Халифа, Неговата Светост, Хазрети Мирза Масроор Ахмад одржа виртуелен состанок преку Интернет со над 60 членови на Мајлис Атфал-ул-Ахмадија од Австралија на возраст меѓу 12 и 15 години . Неговата Светост го водеше состанокот од неговата канцеларија во Исламабад, Тилфорд, додека членовите на Мајлис Атфал-ул-Ахмадија беа собрани во салата Хилафат…

Read More
Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече: Името на асхабот кој учествувал во битката на Бедр, и за кој денес ќе зборувам е хазрети Талха бин Убаидуллах р.а.. Хазрети Талха р.а. му припаѓал на племето Тајм бин Муррах. Прекарот (титула) на хазрети Талха р.а. бил Абу Мухаммед. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го одредил за гувернер на Бахреин и таму служел сè до смртта. Починал во четиринаесеттата година по Хиџра, во време на Халифатот на хазрети Омер р.а.. Потеклото на хазрети…

Read More
Хутби 2020 

Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече: Ќе продолжам да зборувам за животот на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а.. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се соочил со интензивно противење во своето проповедување на пораката за Божјото Единство во Мека и добивал многу знаци од Бог дека ќе мора да се пресели во место каде растат урми и каде се наоѓаат бунари. Во тоа време се доближувал и годишниот аџилак, а во Мека стасале аџии од сите краишта на Арабија. Чесниот Пратеник…

Read More