ЏИХАД

Според верувањето на Ахмади муслиманите џихад може да биде поделен на три категории:

  • џихад ал-Акбар (поголем џихад) е оној против егото и се однесува на борбата против ниските страсти како што се лутењето, страсната желба и омразата;
  • џихад ал-Кабир (голем џихад) се однесува на мирно ширење на исламот, со посебно нагласување на ширењето на исламската порака преку пишување;
  • џихад ал-Асгхар (помал џихад) е војна на која се прибегнува единствено во самоодбрана во ситуација на тешки религиски прогони кога не постои можност да се следат темелните религиски начела, но и тогаш само по директна наредба на Халифата.

Ахмади муслиманите истакнуваат дека Мирза Гулам Ахмад, според исламското пророштво, џихад во воен облик го прикажал како неприменлив во актуелното доба бидејќи исламот, како религија, не е вооружено нападнат туку тој е нападнат преку книжевноста и медиумите, и затоа и одговорот треба да биде сличен. Тие веруваат дека на омразата треба да се одговори со љубов.

По прашањето за тероризмот четвртиот Халифа на Заедницата во 1989 година напишал дека, кога е во прашање исламот тој категорички го отфрла и го осудува секој облик на тероризам. Не дава никакво покритие или оправдување за било каков чин на насилство, било тој да е направен од поединец, група или влада.