ВЕСТИ Хутби 2018 

ЏАЛСА САЛАНА ВО ГЕРМАНИЈА ВО 2018 ГОДИНА

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов Помошник) рече:

Елхамдулиллах, сета благодарност му припаѓа на Аллах џ.ш., денес во Германија започнува Џалса Салана и возвишениот Аллах ни овозможи да учествуваме на уште една Џалса Салана. Што е Џалса Салана? Многу години ова го слушаме; всушност, од самиот почеток, од пред сто дваесет и пет години, есенцијата на Џалса Салана ја објаснил Ветениот Месија а.с. кажувајќи ни дека тоа не е светски настан, ниту е собир за некакво светско искуство, ниту пак настан за покажување на бројот на заедницата, ниту тоа е обид да се влијае на било кого. Всушност, ова е собир организиран само поради Возвишениот Аллах, и не само да ја згасне интелектуална жед, туку тоа е надминување во интелектуалноста и духовноста во знаењето на правата на Божјите суштества и настојувањето истите тие права да се исполнат.

Како и да е, за жал морам да кажам дека поедини луѓе кои доаѓаат на Џалса Салана ништо не добиваат од неа, тие доаѓаат само да се дружат со пријателите и да зборуваат за безначајни работи. Ваквите луѓе знаат и да направат проблеми. Некои од нив стануваат причина поради која многу млади луѓе скршнуваат од правиот пат. Некои од нив прават и многу грди работи мислејќи дека другите не ги гледаат.

Секогаш треба да се сетиме дека Возвишениот Аллах не гледа.

Така, денес прво сакам да кажам дека секој човек треба цврсто да разбере дека Џалса Салана е пред сè духовен собир. Единствената цел за нејзино организирање е напредок во богобојазливоста и воспоставување на врска со Возвишениот Аллах, како и усовршувањето во тоа.

Како и да е, кога гости од надвор ќе дојдат овие грешки се сокриваат и тие се однесуваат токму како треба и Возвишениот Аллах ги покрива грешките кои можат да му наштетат на Џемаатот, и сите непријатни работи кои се случуваат остануваат скриени за гостите.

Но, како што кажав, прва работа за која сакам да зборувам е, всушност, суштината на Џалса Салана. Суштината е, како што ја објаснил Ветениот Месија а.с., развивање на богобојазливоста. Во врска со суштината на Џалса Салана, Ветениот Месија а.с. постојано им зборувал на присутните дека треба да го развијат стравот кон Возвишениот Аллах и дека треба да станат пример за богобојазливост на другите, како и пример за побожност, добро однесување, меко срце, взаемна љубов и братство. Понизноста и искреноста мора да се постигнат.

Понатаму, советувајќи ја својата заедница Ветениот Месија а.с. вели:

„Усвојте ја богобојазливоста бидејќи таа е покрив за сè. Значењето на богобојазливоста е чување и од најмал грев.“

Тој вели дека ако постои и најмал сомнеж дека нешто е грешно, мораме да се отстраниме од тоа. Ако секој се преиспита може да биде во состојба да процени дали дава сè од себе да се држи подалеку од сè што би можело да е грешно. Ако по преиспитувањето на самиот себе човекот заклучи дека сите работи ги извршува согласно на упатството тогаш може да каже дека ја постигнал вистинската цел на Џалса Салана, или дека дал сè од себе да го постигнат тоа.

Во случај само да се слушаат говори и само моментално да се покажува желба кон верата и да се извикуваат слогани, нема никакво значење. Поедини луѓе извикуваат слогани но на нивните лица пишува дека не постојат чувства и дека тие слогани се само попатни. Тоа го гледаме кога камерите ќе ја фатат нивната вистинска состојба. Во прво време овие програми беа прикажувани само на МТА но сега можеме да ги видиме на социјалните мрежи и вистинските емоции на нивните лица се покажуваат.

За друг критериум на внатрешната состојба и богобојазливост, Ветениот Месија а.с. вели:

„Ефектите на богобојазливоста стануваат видливи за богобојазливата личност уште на овој свет. Тој ефект веднаш е видлив, онака како што отровот веднаш покажува негативен ефект врз телото.“

Кога човекот ќе испие отров или пак лек, ефектот веднаш се гледа и понекогаш моментално е видлив, на ист начин ваков ефект има и богобојазливоста.

Ова е критериум кој Ветениот Месија а.с. го поставил. Затоа, не е можно ефектот на богобојазливоста да не се гледа на човек кој е богобојазлив. Личноста која оди по патот на богобојазливоста не му се дури ниту приближува на злото и неговите мисли се чисти.

Поради ова, сите би требало да се преиспитаат.

Во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Причината поради која ова го повторувам многу пати е и причина поради која Семоќниот Аллах ја оформил оваа заедница, а тоа е вистинското разбирање на Бог кое веќе го нема на овој свет и ги нема  вистинската богобојазливост и чистота, кои исто така не можеме да ги најдеме во светот во ова време, но секако дека повторно ќе бидат воспоставени.“

Вистинското знаење што се однесува до Бог е урнато во овој свет и материјализмот ги преземал сите нешта. Насоката кон Возвишениот Аллах се намалила. Слоганите и заклетвите треба да значат дека предноста ја даваме на верата над световните работи.

Како и да е, гледаме дека многу пати на светските нешта им се дава поголема предност а верата останува во заднина. Која е целта на Џемаатот? Целата е повторно да воспоставиме богобојазливост и чистота кои никаде во светот не можеме да ги најдеме.

Поради тоа, оној кој според волјата на Возвишениот Аллах се труди да воспостави богобојазливост и чистота, ќе биде успешен и кон Ветениот Месија а.с. и вистински Ахмад ќе биде оној кој вистински ја исполнува целта на Џемаатот.

Постојат уште две работи на кои сакам да го привлечам вашето внимание. Тие единствено можат да се исполнат ако имаме страв од Бог и желба да ја исполниме целта на Џалса Салана според упатствата на Ветениот Месија а.с., кои мораме да ги усвоиме кога ќе присуствуваме на Џалса Салана.

Кога имаме вистинско разбирање на Возвишениот Бог тогаш мораме да бидеме со меко срце, нежни и љубезни во срцето кон другите луѓе. Мораме взаемно да се сакаме и братството, хуманоста и скромноста мора да се воспостават на највисок степен.

Две групи се присутни на Џалса Салана, всушност, едната од нив би требало да се нарекува присутна, другата се организаторите на Џалса Салана а третите се посетителите. Во секој случај, ова се две групи на луѓе, и двете би требало да ги развијат своите квалитети. Тие не можат да се издвојуваат. И оние кои се на должност, а и оние кои дошле да присуствуваат на настанот, сите мора да се прилагодат според поставените стандарди, и организаторите и гостите. Ако и двете групи ја прифатат богобојазливоста тогаш квалитетите можат да се развијат.

Затоа, јас сакам да го привлечам вниманието и на двете групи кон нивните должности. Ако и двете групи го сфатат ова сериозно атмосферата на Џалса Салана ќе биде убава и доаѓањето на Џалса Салана ќе биде потполно.

Луѓето кои се на должност можат да помислат дека со тоа што го жртвувале своето слободно време и доброволно работат дека ја исполниле должноста и целта за доаѓање на Џалса Салана, а според тоа дека и Аллах е задоволен со нив. Навистина, Аллах џ.ш. е задоволен со нив но само ако тие се однесуваат според дадените упатства.

Присутните пак можат да кажат дека дошле од далеку и затоа Аллах  џ.ш. е задоволен со нив. Навистина, Аллах џ.ш. ќе биде задоволен со нив ако тие вистински го разберат Семоќниот Бог и ако своето внимание го насочат кон правата на човештвото.

Прво, сакам вниманието на работниците и на организаторите да им го свртам кон усвојување на горенаведеното. Сите тие мора да ги контролираат своите емоции, во секој поглед да се грижат за гостите и благо да зборуваат, онака како што спомнал Ветениот Месија а.с..

Сите кои имаат должност во Џемаатот, работниците и сите останати мора да бидат благи во говорот и да бидат скромни.

За гостите морате да се грижите во секој поглед и сите мора благо и убаво да зборуваат. Тука се и посебните врски меѓу работниците, и тие би требало да се однесуваат со љубов, искреност и братство едни помеѓу други, на начин на кој се однесуваат како и со гостите. Ако тие се налутат еден на друг поради некаков коментар, тоа и гостите ќе го почувствуваат, посебно тие кои не се Ахмади муслимани ќе бидат свесни за тоа, а слушнале дека Ахмадиите во текот на Џалса Салана се однесуваат со љубов и почит и дека не постојат било какви недоразбирања помеѓу нив. Ако гостите го видат таквото однесување или наидат на било каков лош пример, дури и двајца меѓу себе  да го кренат гласот, ќе остави погрешен впечаток.

Работниците кои ќе се јават да ги служат гостите на Ветениот Месија а.с. во овие неколку дена треба да покажат највисок степен на гостопримливост и соработка, и нивните соработници не смеат да почувствуваат било каква непријатност. Овој квалитет на контрола на емоции е дел од тренингот кој Џалса Салана им го дава на надзорниците и нивните работници.

Одделението кое се грижи за паркирање на автомобилите, одделението за контрола на сообраќајот, одделението за прехрана, хигиена, како и секое друго одделение треба да покажат одлични морални квалитети во текот на овие денови.

Возвишениот Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:

        „На луѓето ќе им кажувате убави зборови.“

Возвишениот Аллах овој аспект го спомнал за да воспостави највисок морален стандард. Ова е генерално упатство. Верникот секогаш мора да покажува исклучителен морал.

Како и да е, во ситуација кога самите себе сте се дале во служба на гостите на Ветениот Месија а.с. кои се тука да ја подобрат својата интелектуална, практична и морална состојба, тогаш вие треба да се однесувате на најдобар можен начин. Сите работници треба со свој пример да покажат какво треба да биде однесувањето.

Така, според ова вие работниците ќе добиете голема награда. Прво, затоа што му служите на Џемаатот, а второ затоа што преку вашиот убав пример ќе влијаете на другите за да и тие разберат дека секој присутен на Џалса Салана треба убаво и морално да се однесува.

Ако некој дрско разговара или зборува лошо, но сфати дека волонтерот на должност возвраќа културно и смирено и покажува одлично морално однесување, тогаш оној кој е дрзок ќе разбере дека греши и тоа ќе биде поттик да ја поправи грешката.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели:

„Не постои ништо потешко на вагата освен добриот морал.“

Тоа значи, кога на вагата би ги ставиле сите нешта, моралот би бил најтежок, затоа што моралното однесување може да влијае сите проблеми да ги снема во светот. Кога имаме висок морал тогаш ја исполнуваме должноста кон Семоќниот Бог.

Ветениот Месија а.с. рекол дека должноста кон човештвото во некој случај е поважна од должноста кон Бог.

Аллаховиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека мораме да ги контролираме своите емоции за да покажеме трпеливост во својот добар морал. Тие ќе бидат во состојба да одговорат многу смирено некому кој прави лошо. Човекот прави многу гревови но неговиот добар морал станува извор за проштавање на гревовите.

Затоа, првата работа која секој волонтер треба да ја има на ум е дека мора да покажува исклучителен морал. Замислете колку е ова мала цена, кога Возвишениот Аллах ги благословува оние кои остануваат поради Неговото задоволство и кои секогаш имаат насмевка на лицето.

Ако некој каже дека причина за неговото лутење е поради нечие непристојно однесување, сетете се на примерот на нашиот водач, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., во врска со кој Аллах џ.ш. рекол дека тој е совршен модел за нас. Дали било каква болка поминала а тој да не ја почувствувал? Грижите и болките кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги преживеал се полоши од било каква болка која луѓето можат да ја замислат.

Како и да е, наспроти на сето тоа неговите асхаби зборувале дека не виделе никој друг да се смее повеќе од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој секогаш имал насмевка на лицето. Ова е пример од нашиот Пратеник, нашиот водач, нашиот Чесен Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол, прекорувајќи не:

„Човекот на кого му недостасува сочувство е човек лишен од доброто.“

Ако некој не покажува љубезност тогаш тој не е во состојба да го постигне доброто. Ова може да се примени на сите волонтери и да се однесува за сите присутни. Постојат многу незадоволни луѓе. Ова мора да го знаете бидејќи таквите луѓе се лишени од доброто. Возвишениот Аллах оваа шанса ви ја дава по една година, така што сите вие волонтери треба да покажете најдобро можно морално однесување и секогаш да имате насмевка на лицето. Секој волонтер треба да го има на ум упатството на Ветениот Месија а.с. дека е неопходно со гостите да се однесува најљубезно.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Срцето на гостите е слично на огледало кое со мал удар може да се разбие.“

Генерално, советувајќи во врска со гостопримството Ветениот Месија а.с. рекол:

„Бидете внимателни! Имаме многу гости овде. Некои од нив ги знаете некои не. Затоа, неопходно е сите да ги сметате за почесни гости и со нив да се однесувате како треба.“

Меѓу гостите не треба да се прави никаква разлика. Не смее да се случи тие што ги познавате подобро да ги услужите за разлика од оние кои организаторите не ги познаваат. Разлика во доброто прифаќање не смее да постои.

Оваа година присуствуваат многу гости од Африка, како и од други земји. Во минатото и луѓе од Источна Европа и од другите делови на Европа не посетуваа. Секој кој овде присуствува би требало да се врати со преубави спомени од Џалса Салана во Германија. Секој волонтер и секој Ахмад кои се присутни на Џалса Салана треба да станат извор од кој ќе потекне пораката на исламот и Ахмадијатот ќе се рашири поради нашата пракса и морално однесување кон преубавото учење на исламот – мислам на гостите кои не се муслимани.

Така, сите вие учествувате во тивкиот Таблигх (ширење на верата). Ова го вклучува секој присутен член на Џемаатот и секој работник. Секој волонтер од било кое одделение треба да има на ум дека неговата должност е апсолутно важна, како што веќе ги спомнав одделенијата за сообраќајна контрола, паркинг, регистрација, кујна, хигиена, дисциплина итн. Секое одделение не само што ги служи гостите туку и тивко ја шири пораката. Добро да ја разберете важноста на вашите должности.

Што се однесува до дисциплината, не треба да имате сериозно лице за да бидете ефективни, посебно жените. Девојките задолжени за дисциплината на Џалса Салана во Велика Британија беа постојано со насмевка.

Некој ми кажуваше:

„Девојката, член на одделението за дисциплина, секогаш ме посрамотуваше кога ми ја покажуваше плакатата ’Внимание не зборувајте‘ и тоа секогаш го правеше со насмевка. Никогаш не изговараше ниту збор.“

Ако луѓето се и малку културни тогаш сигурно ќе замолчат кога ќе им се сврти вниманието на тоа. Можеби некои од нив можат да бидат некултурни дури и да ви се свртат и да ви кажат ’Ние знаеме кога да бидеме тивки‘.

На таквите личности овие млади девојки не треба ништо да им возвратат. Тие треба да им се јават на оние кои се главни за оваа работа и тие ќе преземат мерки. Воопшто не им е должност на овие млади жени да се расправат со такви личности.

Слично на тоа, бидете многу внимателни ако дојде некој во салата каде што се сервира храна и изјави дека е гладен, или дека на детето му треба храна. Ако тоа се случи обидете се да ги услужите што повеќе можете. Ако тоа не е можно обидете се на цивилизиран начин да им ја објасните ситуацијата. Ако некој употреби грди зборови вие останете тивки.

Бидете внимателни во врска со хигиената во тоалетите за мажите и за жените. Вчера кога зборував со волонтерите им го свртев вниманието на ова. Многу е важно да постигнат понизност и благост во срцата, како и љубов кон другите за да своите должности ги исполнуваат според стандардите кои ги поставил Ветениот Месија а.с.. Ако тоа го практикувате тогаш должноста ќе ја извршувате во името на Аллах џ.ш..

Како што кажав на почетокот, целта на вашето доаѓање треба да биде воспоставување на врска со Возвишениот Аллах, постигнување на високи стандарди во врска со тоа и исполнување на правата на Неговите суштества. Гостите кои доаѓаат секогаш треба да имаат на ум дека се на Џалса Салана каде би требало во срцата да ја зголемат својата богобојазливост и да го зголемат знаењето во практична и во духовна смисла. Ако ова постојано го имаме во мислите тогаш не постои начин било кој да се пожали за било што, посебно не во врска со работниците и волонтерите.

Многумина од волонтерите се сè уште деца кои одат на училиште или се студенти на факултетите. Некои од нив имаат и значајни професии. Тие тука се на должност само поради гостите на Ветениот Месија а.с.. Оние кои се овде како гости треба да се воздигнат на степен на кој им се одава почест да се нарекуваат гости на Ветениот Месија а.с.. Вие не сте гости на Ветениот Месија а.с. само бидејќи сте присутни на Џалса Салана. Ако не го пратите учењето на Ветениот Месија а.с., ако не работите според неговите упатства, вие не ја исполнувате суштината на Џалса Салана.

Можете илјадници пати да повторите:

„Присуствував на Џалса Салана како гост на Ветениот Месија а.с.,“

но вие не сте негов гост бидејќи вашето однесување покажува дека не е во ред. Учесниците на Џалса Салана треба да бидат далеку од лошите работи. Морате да го подобрите вашето однесување и да соработувате со работниците. Нема сомневање дека тие се тука вас да ве служат, но морално однесување треба да биде покажано и од ваша страна. Овие млади со голема желба доаѓаат овде за да служат и гостите со нив би требало убаво да се однесуваат за да нивната желба кон служењето остане силна и да се зголеми. Не би требало тие истите, младите за следната Џалса Салана да избегаат од своите должности поради несоодветно однесување од страна на гостите.

Гостите кои доаѓаат од Германија треба да се чувствуваат какао гости но и да не заборават дека се и домаќини. Затоа, секогаш треба да им се најдат при рака на оние кои допатувале од далеку бидејќи сите надвор од Германија се гости, а тие кои живеат во Германија веднаш стануваат домаќини. Затоа, тие би требало да дадат сè од себе да ги угостат гостите од надвор. Бидете подготвени ако треба да им отстапите место, посебно таму каде што се дели храна и бидете подготвени секогаш да им помогнете. Понекогаш, бидејќи не се разбираат гостите бараат помош. Ако им е потребна помош, треба да им помогнете. Ова не е должност само на волонтерите и на работниците ова е должност на секој присутен Ахмад. На тој начин ние покажуваме љубов и братство кои Ветениот Месија а.с. ни ги препорачал.

На секој гост кој не е Ахмад а присуствува на Џалса Салана, секој Ахмад за него треба да биде пример. Единствено преку вас како пример надворешниот свет ќе ја види убавината на исламското дружење во кое секој Ахмад покажува љубов, сочувство и братство. Затоа, и мажите и жените треба да бидат внимателни во врска со ова. Ако се појави недостаток на храна треба да бидете трпеливи. Вистинската храна поради која сте се состанале овде е духовната и интелектуалната, и затоа трудете се тоа да ви биде главна цел.

Исто така, на пазар одете кога тој е отворен. Јас верувам дека одделението за морал пазарот единствено го отвора кога Џалса Салана програма не е во тек. Некогаш луѓето вршат притисок на оние кои работат на пазарот, им зборуваат дека се гладни и бараат да им биде дозволено да влезат.

Јас многу пати кажав дека Мехмаан Наваази (Гостопримство) треба да се грижи за нив. Кога е во прашање женскиот и машкиот пазар сигурноста и атмосферата на Џалса Салана се високо ниво. Не треба атмосферата на Џалса Салана да се одржува само во просториите на Џалса Салана каде седиме. Секое место внатре и надвор, сè што има врска со Џалса Салана треба да се внимава на него и да ја покажуваме чистота на Џалса Салана во секој нејзин дел.

Како што беше спомнато порано (арапски) наредбата која се наоѓа во Чесниот Кур‘ан не важи само за работниците, туку и за секој муслиман, и посебно секој Ахмад тоа треба да го има на ум.

Вчера им се обратив на работниците а и денес ги потсетив да покажат највисоко морално однесување и да не направат ништо што би можело да го расипе редот. Ако некој кој е задолжен за нешто ви побара да направите нешто тогаш ваша должност е да го послушате.

Така, секој оној кој присуствува на Џалса Салана треба да покаже најдобри морално особини според учењето на Чесниот Кур‘ан.

Додека програма е во тек треба да бидете тивки, да седите и да ја слушате програмата. Во секој говор постои нешто што може да го подобри животот на еден Ахмад.

Исто така, додека шетате во текот на Џалса Салана треба да се сеќавате на Аллах џ.ш. учејќи ги Салавати и Истигхфар. Тоа ќе биде корисно за секого како и за целиот Џемаат.

Исто така, молете се муслиманскиот уммет да се подобри.

Денес ако упатувате што повеќе Салавати кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе биде подобро за целиот свет. Единствено во намазите милиони муслимани праќаат Салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Денес во светот духовната и научната состојба на муслиманите е во ужасна состојба. Причина за тоа е што Салав се учи само како церемонија и нивните молитви водат само кон уништување. Како што Возвишениот Аллах рекол, нивните молитви само се фрлени во лице.

Така, во ваква ситуација на нас Ахмади муслиманите ни останува таа должност да учиме Салавати на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да се молиме за напредокот на исламот, не само да покажуваме искреност и лојалност туку и да ја подобриме својата состојба и во срцето да имаме страв од Бога. Кога сте се собрале во толкав број тогаш не трудете се само околу световните работи туку трудете се да ја реформирате својата состојба. Освен тоа, само да учите Салавати треба и на друг начин да се сеќавате на Аллах џ.ш..

Јас се молам Возвишениот Аллах да ни овозможи да ја постигнеме целта на Џалса Салана Салана и да ги собереме нејзините благослови. Овој пат кој го поминавме за оваа чесна цел, треба да ни помогне да продолжиме да добиваме благослови и богобојазливоста да се развие во нашето семејство. Нека нашите деца и идните генерации бидат сочувани од сè што Возвишениот Аллах не го сака. Нека нашиот имот биде благословен и нека нашите идни генерации бидат заштитени од било каква работа која Аллах џ.ш. не ја сака или од било што кое влегува во категоријата на арам. Молете се за своите сопруги, деца и мажи Аллах џ.ш. да ги држи цврсто во верата. Нека Семоќниот Аллах сите нас не сочува од секој вид на искушение кое е опасно за нашата вера. Нека секогаш останеме на правиот пат. За сето ова треба да се молиме во нашите намази и во Зикр. Во текот на деновите на Џалса Салана, а и после неа, мораме да бидеме редовни во извршувањето на петте дневни намази а посебно оние кои се наоѓаат блиску треба да дојдат на Сабах намаз, всушност треба да се разбудат на време и да дојдат на Тахаџуд намаз. Тие кои се на должност ако не можат да клањат намаз во Џемаатот тогаш нека клањаат штом ќе им заврши должноста, или во своите канцеларии пред извршувањето на должноста.

Нека Семоќниот Аллах на сите им овозможи своите животи да ги живеат според задоволството на Аллах џ.ш. и нека им овозможи да го разберат вистинскиот дух дека се дел од Џемаатот на Ветениот Месија а.с. и да ги исполнат своите должности.

Кој е овој дух?

Јас тоа ќе го кажам со зборовите на Ветениот Месија а.с.:

„Додека нашиот Џемаат не ја усвои Таква (богобојазливост) не може да најде спас, ниту Возвишениот Аллах ќе им даде Неговата заштита.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Исполните ги своите домови со спомнувањето на Возвишениот Аллах, давајте садака и чувајте се од гревот, нека Возвишениот Аллах ви ја подари Својата милост.“

Да го живееме својот живот според упатствата на Ветениот Месија а.с. и да ги посакуваме благословите на Џалса Салана, да учествуваме на Џалси и да постигнеме и на оваа Џалса Салана да заработиме за во иднина. Нека Возвишениот Аллах ни помогне да правиме добри дела.

Не спомнав нешто во врска со администрацијата и сега сакам да кажам нешто во врска со тоа. Сите треба да се внимателни, и тие што се присутни на Џалса Салана и тие што се на должност. Соработувајте потполно со обезбедувањето и ако видите било што сомнително веднаш морате да се јавите. Нека Семоќниот Аллах на сите ни подари мир и заштита да не се појави било каква штета.

Поврзани вести