ВЕСТИ Хутби 2018 

ЏАЛСА САЛАНА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 2018 ГОДИНА

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Хаифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Алхамдулиллах со Аллаховата милост, денес ќе присуствуваме на уште една Џалса Салана (годишен собир).

Како што сите знаете, организирањето на Џалса Салана, посебно во тековните денови потполно или барем 90% од тоа, е направено од страна на членовите на Заедницата на сосема доброволна основа. Поради тоа, се појавуваат и одредени недостатоци и слабости. Меѓутоа, сите ние кои учествуваме во тоа мораме да ги исправиме и отстраниме тие недостатоци и слабости. Кога и да работниците побараат помош организаторите треба да пријдат и да помогнат. Ние можеме да бидеме обединети единствено ако обврските ги делиме еден со друг и ако меѓусебно си помагаме кога и да е тоа потребно. Така, оваа суштинска работа на ум треба да ја имаат како гостите така и домаќините.

Денес вниманието ќе го свртам на неколку важни работи.

Прва работа на која работниците треба да обрнат внимание е тоа дека тие се должни да им служат на луѓето кои дошле да присуствуваат на Џалса Салана која ја започнал Ветениот Месија а.с. по наредба на Возвишениот Аллах.

Во секој случај, работниците секогаш треба да имаат на ум дека, без оглед на однесувањето на гостите, мора да водат грижа за нивните чувства и да покажуваат највисок морал.

Дури ѝ, ако гостот покажува погрешен став и понатаму должноста на работникот е своето незадоволство да го држи под контрола и да не одговара на ист начин.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал посебна почит кон своите гости и Возвишениот Аллах токму Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го спомнал како најдобар пример за гостољубивост.

Инаку, Возвишениот Аллах посебно им наредил на гостите да не одат надвор од границите на своите права сè додека се гости.

Што се однесува до човечката слабост, секој од нас ја има. Дури, и ако некој ќе направи мала грешка, не можеме веднаш да го сметаме за неморален или дека има лоши намери. Сето тоа се делови од човечките слабости.

Значи, ѝ, ако се појават овие помали проблеми треба да бидеме толерантни. Така, тие што се на должноста треба да покажат највисок морал таму каде што извршуваат должност, и тоа во секој оддел. Секој мора да има улога во создавањето на пријатна атмосфера за да ја исполни целта поради која сме се собрале овде, а тоа преставува подобрување на нашата морална и духовна состојба.

Понатаму, таквото морално однесување ќе стане средство на информирање на гостите кои не се Ахмади муслимани за да ги почуствуваат високите морални доблести на кои исламот не учи. Ова е тивкиот начин на таблигх (пренесување на вистинската порака на исламот), кој ќе го извршуваат како гостите така и работниците.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. вели дека на вага ништо толку не тежи колку што тежи добриот морал.

Понатаму, тој исто така рекол дека оној кој поседува добар морал има статус како и оној кој редовно извршува намаз и редовно пости. Од едно добро дело произлегуваат многу други добри дела.

Затоа, работниците треба да имаат на ум дека, без оглед на однесувањето на другите, тие секогаш мора да имаат насмевка на лицето. Оваа надворешна состојба исто така има влијание на нивните срца и како резултат на тоа тие ќе немаат грдотија во срцето.

Понатаму, кога тие нема да развијат грдотија во своето срце, тогаш нема ниту да носат погрешни одлуки кои понекогаш се направени во состојба на бес и лутина.

Со Аллаховата милост работниците сите гости ги служат со отворено срце. Тие извршуваат служба на гостите на Ветениот Месија а.с. со голема посветеност. Секој од нив служи со одредена страст.

Така, ако забележите ситни недостатоци и мани, игнорирајте ги и имајте на ум дека единствена цел поради која сме тука е слушање на учењето на Возвишениот Аллах, Неговиот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Неговата вера.

Ако гостите забележат недостатоци во некој оддел, тогаш треба да се обратат на личноста која е задолжена за тој оддел, наместо да се караат со работниците.

Дури, недостатоците и да не бидат отстранети или подобрени веднаш, Џемаатот  тоа ќе го земе во предвид за следната година. Ова е убавината на системот на Џемаатот, што и ако постојат мани и недостатоци се прават напори тоа да се подобри во иднина.

Понатаму, оние кои присуствуваат на Џалса Салана, исто така треба да го имаат на ум фактот дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека една од моралните постапки на кои исламот не подучува е тоа дека верникот треба да се воздржува од непотребни зборови и од губење време. Внимателно треба да ги слушате говорите. Дури, и ако говорниците не се ваш омилен избор, темите сепак се избрани за вие од нив да имате корист. Не напуштајте ги просториите на Џалса (главната сала на Џалса Салана) доколку немате итна потреба. Присуството на сите други програми треба да биде исто како што е сега за децата и младите ја сфатат важноста на Џалса Салана и да им се овозможи да се поврзат со верата и да тежнеат кон тоа.

Исто така, сакам да кажам неколку збора во врска со управата. Тие кои овде доаѓаат со своите автомобили треба да соработуваат со управата и своите автомобили треба да ги паркираат како што ќе им биде кажано. Јас, на волонтерите во недела им кажав да обрнат внимание на тоа, но и гостите и присутните кои своите намази ги извршуваат во Фазл Џамијата исто така треба да имаат на ум своите автомобили да ги паркираат, така што нема да ги блокираат местата на соседите за да не им создаваат тешкотии.

Во неделата на волонтерите им спомнав дека соседите се пожалија дека некои од нас автомобилите ги паркираат пред нивните влезови и ги блокираат, поради што се оневозможени да влезат и да излезат од дома. Некои од нив ја познаваат нашата Заедница бидејќи секоја година се среќаваат со нас и примаат подароци за Бајрам.

Во текот на овие денови на Џалса Салана со поедини од нив и се  сретнавме. Дојде до тоа тие да ни замерат дека, иако толку високо зборуваме за Хилафет и изјавуваме дека сме водени од Хилафет, се случува тоа дека или Халифата не ве советува да ги исполнувате правата на соседите или не ги слушате неговите совети. Таков коментар од некој кој е надвор од Џемаатот е извор на срам за секој од нас.

Во секој случај многу се засрамив, но тоа што го кажа беше точно. Ако ги блокираме влезовите на нашите соседи тогаш една од овие две работи е точна. Затоа, на ова мора да се обрне внимание и секогаш тоа да го имаме на ум.

Што се однесува до управата, треба да знаете дека постојат оддели за хигиена и чистење. Посебно внимание треба да се обрне и на тоа. Постои еден многу важен аспект во тој дел.

Овие денови, поради сушното време тревата стана многу сува и постои опасност од пожар. Затоа, сите превентивни мерки треба да се преземат, и тие што се на должност како и гостите посебно внимание треба да обрнат на тој проблем. Не фрлајте работи кои можат да предизвикаат пожар.

За да се избегнат било какви штетни последици пушачите треба да пушат надвор од просторот на Хатик Тул Махди, што не значи дека јас пушењето го одобрувам или дека мислам како тоа е дозволено. Тоа е лоша навика и секој пушач треба да се обиде да престане со  пушењето. Јас веќе на претходните хутби зборував за тоа.

Ветениот Месија а.с. сметал дека тоа не е забрането, но сепак не го одобрувал. Всушност, неколку пати покажал негодување во врска со тоа и не советувал да се воздржуваме од пушењето. Младите знаат и дрога да додадат во цигара додека се дружат со погрешни луѓе. Таквите работи се погрешни, забранети се и се сметат за грев.

Во поглед на сигурноста навистина треба да обрнете внимание на вашата околина. Било да сте во Џалса Гах или надвор, секој може да предизвика штета и затоа треба да бидете претпазливи. Ако видите било што сомнително, веднаш морате да ги известите најблиските личности кои се на должност.

Исто така, постои жалба од страна на една жена дека во текот на говорот во главниот шатор останатите жени продолжиле меѓусебно да зборуваат и непристојно им се обратиле на другите кои ги предупредиле да не зборуваат. Тоа не е прифатливо.

Нека Аллах џ.ш. ни овозможи да добиеме максимална корист од Џалса Салана и пратете ги упатствата кои јас ви ги дадов, и кои се всушност нагласени во памфлетот на програмата која ви е дадена.

Посебно, молете се со помош на Аллахвата милост оваа Џалса Салана во секој поглед да остане благословена и Он да не сочува од секое зло, и сите да учествуваме во благословите поради кои денес сме се собрале.

Исто така, сакам да ви кажам дека како и секогаш и оваа година ’Преглед на религии‘ има изложба во шаторот број 1 и се прави проекција на слики.

Исто така, ’Оддел за историја‘ има изложба која би требало да се посети и која е извор за зголемување на знаењето.

Овој пат, ’Таблигх оддел‘ постави изложба на Чесниот Кур‘ан за која се надевам дека ќе биде доста информативна за сите и пожелно е да се посети.

Исто така, ќе бидат отворени две веб страници, ’Вистински ислам‘ и ’Рационална религија‘.

’Таблигх оддел‘ исто така одржа онлајн натпревар на тема за животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Значи, ова е нешто ново на Џалса Салана што денес беше претставено. Тоа се дополнителни програми и изложби кои се во програмата во Џалса Гах и се покажуваат денес, и затоа извлечете корист од тоа.

Нека Возвишениот Аллах направи сите учесници да станат приматели на молитвите на Ветениот Месија а.с..

Поврзани вести