ВЕСТИ 

ЧЕСТИТ РАМАЗАН БАЈРАМ

Утринската Бајрам Намаз молитва го одбележа завршувањето на светиот месец Рамазан и означи крај на едномесечниот пост. Денови кога од храна и пијалоци од зора до зајдисонце се воздржуваа муслиманските верници. Во текот на рамазнаскиот пост верниците се обврзани да даваат милостина на сиромашните. Милостината се дава пред утринскиот Бајрам намаз, а ако не се направи на овој ден обврската мора да се заврши во текот на годината.

По утринската молитва верниците одат на гости, младите одат кај постарите. Празниците се најубави и највесели за децата. Нивниот весел џагор и среќа ги најавуваат гостите кои пристигнуваат. За возрасните овој ден е голем кога семејството и фамилијата ја следат и ја пренесуваат верата и вековно старата традиција. 

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Нека овој месец на Вам и на Вашите најблиски Ви донесе добрина, милост, љубов и простување.

Ахмадија Муслиманска Џемаат – Македонија

Поврзани вести