ВЕСТИ 

ЧЕСТИТ КУРБАН БАЈРАМ

Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.

Ахмади услиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам.

Овој ден, како што уште се нарекува Празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Ахмадија Муслиманската Заедница во Македонија на сите верници им го честита празникот и им посакува мир и благосостојба.

Поврзани вести