ВЕСТИ 

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Нека деновите на светиот месец Рамазан Ви бидат исполнети со мир, благодет и радост. Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите.

Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата. Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле.

Нека празникот Рамазан Бајрам Ви помине со радосни празнични денови во кругот на семејството.

Ахмадија Муслиманска Заедница – Македонија

Поврзани вести