Хутби 2020 

Целта на доаѓањето на Имам Мехди

Клањањето на Џума на денот на Бајрам

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Бајрам намаз веќе го клањале порано, а денес е Петто клањање и време за џума намаз.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол дека, кога Бајрам ќе се падне во петок, тогаш исто така, постои можност едноставно да се клања Зухр (пладне) намаз, но во други хадис рекол:

„Но ние ќе клањаме џума намаз.“

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека се советувал со претседателот на Џемаатот во Велика Британија да им се овозможи на членовите на Заедницата пладне намаз, или џума намаз, да го клањаат дома, како што тоа и до сега го правеле.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека тој, по примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе клања џума намаз.

Го наведе одговорот на хазрети Муслех Мауд р.а. на луѓето кои зборувале дека едноставно би требало да се клања пладне намаз  кога Бајрам ќе се случи во петок.

Хазрети Муслех Мауд р.а. рече дека е благослов да се добијат две прилики за среќа во ист ден, и зошто тогаш тоа да не се искористи.

Исто така, не треба да се противиме на оние кои не клањаат џума намаз бидејќи им е дадено ова олеснување.

Не е доволно само да се напише ’Печат на Пратениците‘

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека одбрал неколку дела од пишувањата на Ветениот Месија а.с. во кои ја објаснува целта на своето доаѓање, покорување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и прифаќањето дека тој е Печат на Пратениците, и објаснување за доаѓањето на пратениците по него.

Противниците на оваа Заедница поставуваат прашања во врска со ова. Сметаат за голема услуга што донеле закони според кои мора да биде напишано ’Печат на Пратениците‘ по името на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека би било добро кога вистински би се однесувале кон примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Сепак, факт е дека тие се подалеку, и сè подалеку се оддалечуваат од вистинскиот пример на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Ако навистина го сакале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ќе побрзале да го прифатат Ветениот Месија а.с..

Целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. од цитатите на Ветениот Месија а.с. објасни дека постојат две цели за неговото доаѓање.

Првата била да се постигне чистота меѓу муслиманите, а другата да се скрши крстот и повторно да се воспостави Божјото Единство.

Ветениот Месија а.с. прашал дали, ако тој лаже, може ли толку да напредува, цути и да биде успешен, како што бил? Лагите од тие што лажат се доволни да го уништат.

Но, кога самиот Аллах џ.ш. ќе преземе мисија, тој ги праќа мелеките да помогнат и да ја водат.

Ветениот Месија а.с. зборувал дека, ако тој е лажен, неговата Заедница ќе пропадне. Но, ако е вистинит, оваа Заедница ќе цути, без оглед колку е остра опозицијата. Никогаш не се случило личноста, која Аллах џ.ш. ќе ја испрати, да биде прифатена без противење.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека можеме да видиме како луѓе во повеќе од 200 држави го прифатиле Ветениот Месија а.с..

Значи, според зборовите на Ветениот Месија а.с., нашата должност е да се исчистиме.

Љубов и послушност на Ветениот Месија а.с. кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа уште еден цитат од Ветениот Месија а.с., во кој кажува дека тој и неговата Заедница се верници во Еден Бог и Неговиот Пратеник с.а.в.с..

Јасно рече дека единствен начин да се постигне вистинска Божја близина е преку послушноста и љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Сите патишта на богобојазливоста се преку Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Ветениот Месија а.с. изјавил дека Иса а.с. физички не се качил на небото, ниту физички ќе се врати. Рекол дека тоа не може да се прифати бидејќи тоа е против Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој починал. Како може да се каже дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. починал а Иса а.с. се уште живее на небото?

Ако лесно може да се прифати дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. починал, тогаш какви тешкотии имаат муслиманите во прифаќањето дека и  Иса а.с. починал.

По примерно би било Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да останал жив, бидејќи е тој најголем од сите пратеници, човек со возвишен статус од настанокот на светот.

Кога починал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Абу Бакр р.а. го проучил следниот ајет:

        „Мухаммед е само пратеник. Навистина, пред него поминале пратеници.“                                                                  (3:145)

Зошто го проучил овој ајет? Другите ги видел во состојба на шок, неверување и тага. Нив им било тешко да го сфатаат фактот дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. починал.

Но, учејќи го овој ајет тој ги утешил и рекол дека и сите пратеници од минатото исто така починале. Овие асхаби неизмерно го сакале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и не можеле да прифатаат дека нивниот пратеник починал, додека Иса а.с. сè уште е жив.

Потоа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе цитат од Ветениот Месија а.с. во кој тој пишувал за почитуваниот статус и природата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Напишал дека, ако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не дошол на овој свет, не би имале доказ за вистинитоста на ниту еден друг пратеник. Дури, преку него ние сме ја откриле нивната вистина.

Ветениот Месија а.с. се молел:

„Боже! Прифати ги нашите молитви за него, прати мир на него, благослови го и неговото потомство и сите  негови асхаби со Твоите благослови.“

Нашиот пример ќе биде доволен одговор на противниците

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. молеше ние да го препознаеме почитуваниот став на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и да продолжиме да праќаме салавати на него. Ако делуваме по примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тогаш и нашите постапки ќе бидат доволни како одговор на оние кои ни се спротивставуваат.

Поврзани вести

Share via
Copy link
Powered by Social Snap