Занимливости 

ХРАНА КОЈА НА ПРИРОДЕН НАЧИН ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ

Постојат некои намирници кои го зголемуваат нашиот имунолошки систем. За време на оваа пандемија Ковид-19, важно е да се јаде храна што го зајакнува имунитетот. Нашиот имунолошки систем би требало да работи одлично за да се заштити од многу здравствени проблеми. Затоа, важно е да ја подобрите вашата исхрана и начин на живот. Подолу е список на намирници кои помагаат во зајакнување на имунитетниот систем.

БРОКУЛА

Една од најголемите предности на брокулата, пред другите зеленчуци се состои во нејзиниот нутритивен состав. Таа е составена од широк спектар на витамини, минерали, растителни влакна и биоактивни компоненти.

Брокулата може да се консумира свежа или обработена. Двата начина на подготовка се здрави, но обезбедуваат различни хранливи профили. Различните начини да обработка на брокулата, како што се варење, пржење, варење на пареа, подготовка во микробранова печка, го менуваат составот на хранливите материи. Ова особено ја намалува содржината на витаминот C, како и на протеините кои можат да се растворат во вода. Истото важи и за шеќерите. Но, во секој случај, свежата или приготвена брокула, претставува богат извор на витаминот C. Во само 80g варена брокула има 84% од дневниот препорачан внес на витамин C, што е еднаква количина на витаминот С која се содржи во половина поголем портокал.

ЃУМБИР

Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ч 18 грама, протеини ч 2 грама и масти ч 1 грам.

Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

ЛУК

Лукот е најпознат по алицинот, компонента на која се правени бројни истражувања и се утврдени низа на позитивни дејства по здравјето на човекот. Најголеми количества алицин има кога лукот е сосем свеж, а потоа тие постепено опаѓаат, бидејќи алицинот е нестабилна компонента.

Други компоненти исто така сулфурни компоненти со утврдени лековити дејства се: диалил дисулфид и с-алил цистеин.

Ваквите сулфурни компоненти преку дигестијата влегуваат во крвотокот, од каде стигнуваат до различните ткива и клетки и имаат одредени специфични биолошки ефекти.

Лукот има малку калории, но доста микронутриенти, како витамин Ц, витамин Б6, Б5, манган, цинк, фосфор, калциум, калиум, селен. Покрај тоа, во 100 грама лук се содржат 6,5г протеини, 2,1г растителни влакна и сосем мало количество маснотии.

МЕД

Медот има висока калориска вредност како и шеќерот. Сепак, тој содржи некои минерали и моќни антиоксиданти кои ги споменавме, a има и значително помал гликемиски индекс, што го прави идеален засладувач. Гликемискиот индекс е мерка за тоа колку брзо расте нивото на глукоза во крвта, веднаш по внесувањето на било каква храна.

Исто така, студиите покажуваат дека употребата на медот, наместо белиот шеќер може да ги намали триглицеридите во крвта и вкупниот холестерол. На овој начин, медот влијае позитивно и за кардиоваскуларното здравје.

ТЕМНО ЧОКОЛАДО

Какаото е намирница богата со многу важни нутритиенти. Конзумирањето на какао има многу здравствени придобивки и затоа оваа намирница се смета за суперхрана. Сировото какао е  горчливо и ретко кој би можел да го јаде самостојно. Поради тоа најдобро е да го употребувате како додадток во вашите здрави десерти и се разбира во облик на чоколадо. Темното црно чоколадо е најбогат и најздрав извор на какао. За да бидете сигурни дека конзумирате чоколадо кое е здраво, проверете ја концентрацијата на какао во него. Најдобар избор се оние темни чоколади кои содржат над 70% какао. Освен какаото обратете внимание и на другите сосотојки кои влегуваат во состав на чоколадото. Избегнете го шеќерот, млекото и сојата и изберете темно чоколадо направено со природен и здрав засладувач како што е стевиата.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap